Тоа е индивидуално за колку време, кај мене падна прво делче па другиот ден цел чеп испадна, ама кај мене тоа се случи после преглед со рака. Биди по активна и во движење колку можеш, тоа многу помага.
Два дена по ред ми се дешава да осеќам притисок под градите што може да тоа секако утре сум на лекар заради месечни проверки сакав и вас да ве прашам
И јас имав денес првпат преглед со рака и кога стигнав дома приметив на гаќи малку кремасто- кафеникав исцедок, но на бришење немав, нормално ми беше. Прерпоставувам е дел од чепот тоа? Грло инаку високо и затворено, Др препорача пешачење и односи @Milkiway му го рече и на мм ова го најде надвор во ходник пошо ме чекаше после прегледот Ај сеа ќе се омрсам вајда после 8 месеци конечно хахах
Јас и ти во тесна трка сме Само јас не го чекам мм да се одлучи конечно. Сам свој мајстор на два три пати деновиве. е не...
Хахахах опасна докторката Да бе они мислат така ќе поминат. Читав ја и полесен пораѓај си има бенефит запосли го таму А тоа има шанси да ти е чепот ако и те подотворила може сукрвица да ти се појави ти исто како мене затворена. Фаќајте се за работа со @Tsukinory да бидне поскоро
@Tsukinory @Lovebug01 не ги форсирајте,знаат мажите дек последни денови им се каде што цело внимание им го посветувате сакаат да искористат мажите А @Milkiway ја нема многу многу во тема грчеви па ајде ве форсира да ни се придружите во бебе неа и се падна мирно бебе. А јас бе советувам да спиете,спиете,спиете,гледате тв,читате книга... уште некој ден
@Lovebug01 , @Tsukinory леле не сте фер, ами мене кој ќе ме дружи ако се олесните вие. Се зафркавам, само со лесно да е работата, па да си ги гушкате бебчињата, и ајт таму фрлете се на работа во ноќните часови. Мене мојов не ме чепкал до среда,(тогаш ми е контролата) после ќе размислел. Ами што ако ради тоа излезено бебето пред време, кое време не му велам. Така да се раѓање ехеее сите штом влезеа во 9ти ќе родеа. Ме измачи и ме до искушава кога бев со синот бремена, па се заборавив што се вели да родам 41 недела ме фати. Ама сега нема, ете до среда го чекам и ако и тогаш се колеба, ќе го натерам со сила .
Ејјј,нема,немој така Јас затоа си закажав за утре фарбање,фриз...маникир...депилација...до крај уште еднаш два пати можеби,чунки потоа ќе немааа,арно велиш
ПУ ПУ да го серат кокошките Да не ви кажувам како сме спиеле пред некој ден ... Им посакувам ко моето бебе да им се погоди ич во тема грчеви да не влезат
Исто и јас пред пораѓај, се правев. Таква средена ко за на свадба да се спремав. Педикири, па прамени на коса, па маски за лице обавезно. Сега ништо од тоа, чешел на глава некогаш не ставам, косата во репче и почнал денот
Не биди скромна и темно околу очи имаме @Milkiway пупупу само така да остане. Мирко ке го викаме твојот
Леле женски кажувајте лек, се фатив во кичмата. Боли изгор. Неможам поќје, мислам ќе пукнам. А и стомакот денес почна некако тврд да ми се прави повеќе пати во денот ама не ме боли.
Моево бебе абер нема да излези. Ја терам 40та недела ни контракции ни болки,ништо,ќе си пукнам веќе. Активен си е нормално али зошто нејќе да излези не знам. Тежок е 3 и пол кила по последен преглед пред 2 дена. Еве утре на преглед сум ќе ме види пак вагинално и веќе знам што ќе ми каже дека е горе и дека е рано. После вагинален преглед немам кафеав исцедок како што спомна погоре @Lovebug01 значи и чепот не е паднат.
@Tsukinory изгледа тие ќе да се,лажните. Ама и денес малку му ја претерав со пешачење. Морам некои обврски да завршам со синот за во градинка и напред назад се уморив од повеќе. И дури се движев стомакот како баскет тврд ми се правеше(цел, не само некој дел како кога бебе се тегне или притиска). Кога дојдов дома па набрза ручек ова она и толку е душата. Потоа одморив малку легната, па еве немам повеќе лажни контракции а и кичмата помалку ме боли сега. А стомакот тежи ли тежи леле. Контрола за 6 дена од денес. Ти како си мила? Чепот падна или само дел од вчера?
И кај мене не знам што е како е. На бришење имам сосема малку, скоро ич, а на гаќи како исцедок ама не е многу, и не знам ни дали е чепот. Не ми изгледа како на сликите на интернет и затоа не знам. По 7-10км пешачам во денот веќе скоро цела недела уназад, и никакви болки ништо немам. Урми јадам секој ден по 5-6. Магнезиумот го прекинав веќе. Во понеделник сум следно на преглед. 38+3 сум јас денес.