Добредојде меше офкаме како не, цело трето тромесечие дури мм се зафркава ко со баба да живеел. Само кога се движам немам мака, ама А седнам или легнам ела стани ме Jас само да пишам дека ми прекина тоа кафеавиот исцедок...си се врати нормален, бел, изглеа сепак не беше чепот @Tsukinory денес испешачив 10км вкупно, освен во препони притисок од движењето и во стапалата болки ама буквално ништо не осеќам. Бебе изглеа се успива кога се движам толку и помалку ја осеќам.. Ова нашиве шкорпии инаети ќе бидат затоа вака си играат мајтап. Одвај чекам преглед понеделник да видам дали има резултат ова моево движење, веќе цело Скопје ми се чини пешки го свртев. И не ми се верува дека стигнав да си речам 'ај веќе нека почни нешто да ме боли, макар лажни болки биле' @firequeenn до каде си ти, како е кај тебе?
Не знам колку ми е за тука прашањ ето и колку ми е на место хаха, ама ќе си прашам... Бев на контрола во 31ва недела и термин за породување по последна менст. ми е 01.01.2021, ама бебе е цело време понапредно и под овој термин стои 18.12.2020. Дали има шанси да ми се помести терминот и да се роди порано?
Еее, да ти кажеше некој пред месец дена дека ќе го праиш муабетов За дотерувањето, одмарањето ви кажав одамна да си се потинтрите сега, после нема. За смрткањето, ако смрдите и да пуштите корен во туш кабината исто ви се фаќа. Сега смрткам помалку отколку со синко1. Водењак не чекајте да пукне, таман работа. После чепот може за 2 саати или за 2 недели да се породите, нема правило. Затоа понеделник, вторник на контрола...што си е сигурно сигурно си е. Ако треба и порано
Луѓе 33+2 сум, сакам да прашам дали може бебе од многу движење, наведнување да се повреди? Во последно се ми паѓа од рака и морам да се наведнувам, не ми е проблем мене само ми е страв да ме му штетам на бебето?
Уживај, не можеш во никој случај така да му наштетиш на бебе. Само сети се дека има трудници што цело време вежбаат фитнес, аеробик, дигаат тегови, трчаат...
Мамички Ќе може ли некој да каже што треба и што смее да се спакува за во болница гледам има посебна група за ова ама не е активна па ако знае некој ве молам да пише
Зависи од тоа каде ќе се породиш. Ако планираш во Систина или Ремедика, освен прибор за лична хигиена, друго не ти треба за претстојот во болница. Таму даваат и спаваќи и папучи, влошки, мрежасти гаки и сл. Ако си за на ГАК или во Чаир, ќе ти пишат членките што се имаат таму породено.
За државниве болници ми треба да ми каже некој. Одприлика знам што ама дека со коронава шо знам да не треба нешто плус или нетреба...
Во државна ќе ти треба влошки, влажни, пелени, папучи, крпа/пешкир, средства за лична хигиена/чешел+ластиче за коса, мобилен, полнач, вода 1 шише и чај исто по избор, книшка, крвна слика/група и историја од последните контроли/извештаи. Јас си земав плус чорапи и долен веш. Зависи што ќе правиш. При преглед/визите треба да си без ништо освен влошката на тебе. Спаваќици они даваат. Ама јас си земав една моја оти сум доста крупна па да ми е удобно. Исто си спремив и улошки за гради и пикнав пластичен прибор/палома дека ми е шубе со короната. Земав и крема за газето на бебето ама не ја пријавувам да не ми ја присвојат. Облеката на тебе и обувките ги даваш на маж дента кога те примаат. За излегување ќе му јавиш што да ти донесе тебе и на бебе. Во ГАК се прави прво ковид тест па те примаат на породилно и се што следи. А да и си земав неколку маски за да мењам. Една Н95 и две/три потенки.
Пеницилините воглавно се дозволени во бременост и се безбедни за трудницата. Не заборавај да земеш пробиотик со него. @Tsukinory Кажи таму на маж ти дека треба да се “размрдате” за да искочи бебето побрзо, и тоа почесто размрдување деновиве Таман задоволна ќе отидеш на пораѓај
И мојава шкорпија инаетива е нема излегување изгледа многу му е убаво внатре си има куќа со базент си се капи бистра му е, доволно вода си има и ич да не му чуе. Јас кога бев вчера на преглед рече дека сум отворена 1 прст и кога ќе добијам болки и сама ќе се отворам 3 прста таа ќе ми ставела систем со провокација за полесно да се отворам. При вагиналниот преглед забележа бел исцедок и ми рече вагиналети да земам канестен. Мене чудно ми падна бидејќи ептен сум на крај а и цела бременост ниедна бактерија немав.Сепак ги зедов да сум примела 3. Пробав еднаш да ставам(првпат во животов) и никако неможев да ја ставам накрај ми се јави чешање и ја извадов пола ми се здроби во раце и се откажав.И пишав дека нема да ги ставам друго нешто ако има идеја па ми рече немора штом не можам сосила нема. И неа кај и текнуваат вакви раб во 40та недела и тоа првпат да ги ставам. Во понеделник сум пак на контрола се надевам дотогаш ќе ме фатат болки па да ме задржат. Од домашниве нема бегање, прво прашање кога се вративме дома после преглед беше ,,сега следен пат кога,, па да не си раат мислам пред мене знаат кога ќе се породам. Му реков на мм торбицата во багажник да ја стави денеска за да можиме да одиме без да знаат.
само за вагиналетите да ти предложам да си ги ставиш чим ти препорачале да ги ставаш ... минатиот пораѓај исто така чисти брисеви и никаков проблем , на крај имало инфекција па бебе мораше на антибиотици одма после пораѓај , ми вика докторката што ме породи дека можеле некоја вагиналета да ми дадат да сме го спречиле .... и да е обична кандида пак ќе го боцкаат бебчето ако е вагинален пораѓај ....
Леле уште тоа фали одма на антибиотици бебе. Ама јас немам инфекција брисевите од микробио пред 3 дена ми се чисти. Немам ни чешање ни црврнило. Ќе почекам до понеделник да видам што ќе ми каже.Фала за советот.
јас прв пат оваа бременост дознав дека има инфекција која се провлекува на цервикс горе, спушта исцедок без други симптоми , мене ми ја виде матичната без никакви симптоми бев ама на ехо ми покажа како флекички и ми рече ова е инфекција па ставав полигинакс 12 таблети .....
Дали спуштањето на стомакот е некако индикатор дека се ближи денот за пораѓај? А и веќе осеќам некако нелагодност таму долу,кога мрда бебе некако како да ме пресекува остро на моменти? Немам болки воопшто, а денес немам ни лажни контракции. Чепот не е паднат.
Па сегде пишува и така викаат, дека спуштањето на стомакот е еден од знаците дека се ближи породувањето И јас само тоа се гледам во огледало дали е спуштен, иако докторкава ми вика дека долу ниско е главчето, а јас не осеќам ни некој посебен притисок на бешика ни ништо. Вака како топка ми е горе стомаков. Не е ни многу високо но не е ни баш спуштен. Вчера вечер направив уште една тура пешачење низ град од 6км. Вкупно 16км цел ден. Ноќеска ме болеа колкови, препони, кога станував за во вц ми се плачеше од болка, се напив магнезиум. Ај веќе нека почне процесов, сакам понеделник да ме израдува Др дека има некој напредок
И мене ми е спуштен веќе некое време а а само што влегов во 9ти чепот паднат уште пред една недела а отворена 1 прст од 33 неделА ама како што тргнало се заинати сега изгледа несака да искача а се молам што поскоро да биде неможам веќе..
Мојов стомак два дена кај што е под спуштен, веќе ич не можам да издржам за во вц, на секои 20 мин трчам за 2-3 капки што се вика. Желудникот ми е послободен и веќе многу долу бебкаја осеќам како во малава карлица да брка со рацете, а и "долу" на моменти ме пресекува. Едвај чекам да видам среда што ќе биде на контрола. Искрено и веќе сакам да се олеснам.