Како сте вие мешиња? @Lovebug01 @firequeenn @Fatalnata Изгледа на нашиве бебиња им студи за да излегуваат...
Исто нема промена Никакви лажни болки, ништо. Ќе видиме утре, ма да искрено не верувам дека ќе биде за брзо. Уште чучневи немам направено... Ќе ми помине важноста на тестот за корона, ќе треба пак да правам
Тестот до кога ти е? А проба ли по скали да се качуваш? Дојди на гости ја сум на 9ти спрат (Не го пробав со скаливе ова ама да не се породев вечерта во план ни беше со мм пешки да одиме )
Хм, пополека се спушта стомакот секој ден се повеќе и повеќе. 2 дена немам лажни контракции. Ама некако се осеќам како презреана диња веќе. Ми се чини ќе експлодирам кај и да е. Нема промени никакви друго. Ни чеп е паднат ни ништо. Јас за мене си типувам од 20-28 таа недела. Евентуално ако сум нешто малку отворена можда 1цм оти осеќам болки остри долу како бебе се поместува. Како да ме боде нешто остро на моменти. Ама тоа ќе видиме во среда. Тогаш и прво ЦТГ.
Тестот ми е до 18ти, мене 16ти ми е термин Кај мене 4 ката се јас сум на втор. Ќе ти дојдам да знаеш од понеделник ако нема напредок
Ако може и јас да типувам. Хехе јас мислам 14-15.11 ќе биде. Хехе. @Tsukinory типувам на 16-19.11 дека ќе биде. @firequeenn по мое 11.11. За мене веќе се изјаснав. Ете ги моите претпоставки. Хехе.
Здраво женски, веќе 3 дена на бришење имам вака. 33+2 сум,премногу загрижена сум. На клиника бев завчера, немам контракции болки, со бебето све во ред, пробуваа вагинален преглед да видат дали сум отворена но не издрзав до крај, и таа рече изгледа не си отворена. А пред 3 дена кога ми падна во шоља тоа мислам дека беше чепот. Ве молам за мислења,искуства, што да правам. Како ли ќе издржам барем до 36та.
Јас мислам дека е чепот мене со првото вака слично ми беше ама само еден ден имав. Ако е тоа не се секирај мене веќе скоро 2 недели ми е паднат еве уште терам ама оди си сепак на уште едно мислење
Терминот е на 23 ноември.... Ама мене ми се темни веќе. Неможам да спијам. Несоница имам секоја ноќ. Крајот е најтежок. Во вторник имам термин во болница, за мерење на бебето. Да се направи план за пород. Дали ќе одиме на царски поради голем плод или ќе пробаме нормално
@Fatalnata @Milkiway колку сакамм да е како што типувате ама јас некако мислам дека ќе го поминам терминот Бебево ептен слабо мрда деновиве, само се тегне одвреме навреме, дури почнав и да се загрижувам Одвај го чекам секој нареден преглед...
Леле мојава салата ме направи, аууу. Стомакот ми го затегнува дури боли, а нозете кога си ги тегне на десна слабина цело стапало се оцртува, дури еднаш успеав и да и го подштипнам стапалцето. Ептен е силна сеуште и активна е доста, така да и кај мене не ќе да биде за скоро.
Со лесно мамички. Јас сум 36+3 недела и 1 прст отворена. Докторот ми рече да мирувам барем уште една недела да чекат бебето, ама имам менструални болки од 35та недела. Краен термин 4 декември ама не веруваме на тоа, бебуш едвај чека да ни дојде. Прашање имам за крвна слика, железо ми беше 9.6 а докторот не ми препиша ништо. Дали некоја имала ваков случај
Јас официјално од вчера почнав да осеќам поголем замор, отежнато дишење, цела како надувана сум, бебе активно, ми се спушти мешето, ми отекуваат прстите на рацете и на нозете дали е тоа нормално??? 35 недела сум и би сакала 36 да се породам пошо ќе си пукнам више
Од вчера вечер имам болки менструални и стврднување на стомак а и веќе некое време осеќам остра болка доле како у секој момент ќе искочи некоја рака нога. Знам дека се лажни болки зошто не стануваат појаки и не се на ист временски интервал 36 н сум и отворена 1прст сум уште од 33 незнам дали да одам одма на лекар или да си почекам до утре. А и неколку пати ме тераше да идам по голема нужда два пати бев после само нагони имав... Еве веќе некое време нема ништо
Во иста ситуација сум и јас, а нормално е. 36+3 сум и докторот рече во секое време можиш да се породиш бидејќи имам и контракции. Дали ти имаш контракции или други тегоби? 9ти е најтежок месец по мое, се некако надуено, несоница и др работи има. Со лесно само, уште малку ни остана
Баш со мм зборувавме на темава и јас му реков дека во среда 11ти ќе се породам, а тој вели во петок 13ти Ај баш ќе видиме. Утре преглед имам да видам дали има промена од минатиот пат,вака по мене како се осеќам-нема.