Исто се соочувам со несоница, контракции незнам како изгледаат сега овие денови треба да одам на цтг чувствувам понекогаш болки во стомак и нелагодност, јас имам проблем со запек со денови не одам во тоалет тоа ме уништува
Апдејт да направам јас. Во 4 утрово ми падна чепот и пукна водењакот. Не наеднаш ама си течеше вода пополека. Имало се уште вода.Болки немам засега. Еве ме на болница ме задржаа.
Чепoт е нo мoже и пoдoлгo да паѓа. Вo мojoт случаj 40+3 падна и дo вечера се пoрoдив. Имав кoнтракции не менструални бoлки. Сo леснo
Уеаа,со лесно среќо. Ајде за скоро израдувајте со убавина. И повлечи не една по една со ред. Нека се раѓаат мали шкорпивчиња.
Може може како не, јас за синот цело време без болки и грло на матка камен стегнато 3_4 вагинални обиди за отварање ништо бе ништо ни сукрвица немав а не пак чеп да ми падни. На 40+ 5 г.н. добив болки и пак вагинален преглед пак не отворена, контракции до плафон, ме примија во предродилна и ете природа за 6 саати 8 прсти се отворив. Само ми го пукнаа водењакот и почнаа најјаките напони така да синот за нецели 7-8 саати го родив. Без претходно никакви знаци дека ќе се породам.
29 та недела сум. Од сабајле имам ко некој бледо жолт лигав густ исцедок. Можно ли да е чепот? На последниот преглед пред 10 дена грлото на матката почнало да се крати 27 мм беше, мирувам и зимам утрогестан. Исплашена сум, утре сум на преглед се надевам не е тоа.
Јас имав во 27ма недела така, од измрзнато ми било, од 3 користења на канастен кремата ми се избистри, бело е сеа
Женски што мислите дали да продолжам со пиење на магнезиум 200 мг на ден, или веќе е време да се прекине? Искрено немам некоја голема потреба да го конзумирам,37 + 3 од утре.
Ова и мене ми се случува. Се слушаат некои чудни звуци кога ќе мрдне некогаш. Како крцкање најблиска споредба. Прво ми се чинеше дека јас сум го направила ама веќе видов дека од кај бебуш иде. И спомнав на докторката се зачуде, вика ќе видам сега на ултразвук. Ама ништо невообичаено не виде. Јас сум 37 + 3.