Да бе она тенко крцкање, два пати ми е случено и тоа кога ќе мрда бебче. Коските валда не си ги крши тоа самото внатре? Ама па коски не би звучеле така кига би се кршеле.. Појма немам што може да биде.
Јас го прекинав иако докторката ми рече да го пијам до крај. Веќе 2 недели не пијам. Чудно сите овие денови пешачам по 7-10км и само еднаш имав потреба да се напијам, кога ме болеа колковите од пешачење. Јас рапорт не дадов, бев денес на преглед, има контракции регуларни до 60 одат. Ама ни Б од болки. Бебе спуштено и наместено. Со вагинална сонда ме гледаше, грло скратено на 2цм ама уште затворено. За 2 дена сум пак на преглед..
Devojki bolkite vo polovina treba li na odredeno vreme da bidat pred poragaj.Jas osekam slabi bolki eve cela nok 34+5 g.n so bliznaci...treba li nesto da znaci a osekam i slabi bolki napret vo matkata...
За првoтo пиев дo 38, за oва не плснирам пoише oд 36. Вo Чаир дoктoрите кажуваа дека е грешка тoлку штo гo пиеме демек камен jа правелo матката.
Јас сум 34 недела утре и прекинав да пијам, болките во половината мислам дека ми поминаа од многу пешачење/движење, нозете ако ме болат маж ми ме масира и тоа е тоа. Аха и да кажам дека оваа недела стангирам, не се здебелив ни килце, а јадам исто.
@Lovebug01 @Larahappy @BabyD0ll фала ви женски на одговорот. Ќе го прекинам официјално, иако скоро 2 дена не бев напиена ама се двоумев дали да го прекинам. Сега готово , bye bye магнезиум. И јас се фрлив на малку повеќе пешачење од прошлата недела и малку се поправи и одењето. Не подкуцувам. И болките во кичмата подпоминаа. Уште имам некои обврски кои морам да ги дозавршам така да до крај ќе бидам активна,неделава. Така да не го пијам веќе.
Мораш да пешачиш, јас бев така со куцање, ама се напнав иако болеше што повеќе, за два дена попушти и сега не планирам да му ја налегнам повеќе. Иако ми тежи стомакот, воздух немам брзо се уморувам, ама 10 мин одмор и пак станувам да правам нешто.
@BabyD0ll ,кога сме кај килажата. Сабајле се мерев, ко ќе видам пола кило ослабена. Си велам или јас сум нешто не во ред или вагата. Малку се зачудив, како така бе 37 +3 јас да слабеам, ама изгледа мојот вишок за прошлата и оваа недела е биден тој пола кило.
Јас веќе три дена сум со лажни болки ама убаво ме заболува. Ама престануваат и по два три саати немам па пак бев на лекар цтг мирно уште еден прст отворена веќе досадни стануваат болкиве или нека фаќаат како што треба или нека ги снема 36+2 бебе одговара на 37+5
Девојки, ми се стврднува стомаков од вчера вечер ама горниот дел над папок, не ме боли туку само како надуен го осеќам. Не приметувам кога пушта ама ме држи сигурно по неколку минути. И тоа ли се лажни контракции?
да тоа се , јас нежно со прстите ја допирам матката и се чуствува додека трае контракцијата е тврда и стомачето се прави како топче , кога ќе пушти болката повторно пипкам и се осеќа мускулот по лабав и помек, и јас ги осеќам повеќе во долен дел .....
Јас така ги чувствувам ама по цел стомак(како баскет за кошарка ми се прави мене), додуше кај мене не се редовни и секојдневни. Еднаш до 2 пати неделно и имам забележано ако сум повеќе активна ми се случува тоа. Еве веќе 3 дена немам контракции лажни.
Ај еден мал апдејт и од мене. Нема промена... Постелката е веќе 3 степен и со калцификати. Шетањето минимално го симнало бебето надолу. Утре сум на вагинален преглед. По тежина останало бебе исто горе доле. Мислам ако нема ќар внатре веќе па и време му е. Одговара на 39 со 6 дена. Само да биде природно не би сакала да е со провокации. Ме фаќа претпородилно лудило се ме иритира. Па се смеам. Па ми се плаче. Ќе скренам изгледа вака?
Женски јас се породив вчера во 11 ноќта и си родив едно бумбарче со дебело вратче и бутчиња тешко 4100 гр. Очи исти ко моите има Црвено во обравчињата права крофничка е. Се намачивме цел ден ама се исплатеше на крајот. Сепак со царски бев,ќе пишам во породилни приказни деновиве малце да ми спадни болката ептен ме боли.Успеав да станам на 2 минути и пак легнав немам сили дека се измачив претходниот ден цел ден се мачев. Ми даваат системи овде со аналгетик. Ќе биде поарно се тешам.
Zivi I zdravo da e bebeto, na tebe poskoro oporavuvanje,za Edna nedela ke bides Kako nova,sekoe stanuvanje ke e se polesno I polesno
Живо и здраво да е буцето,брзо опоравување и мнооогуууу гушкања. На секое прочитано породување се расплакувам,кој знае како ќе биде на моето.