Оф душичке. Битно си дојде на свет здраво право бумбарче. Се ќе помине. Збирај сили и закрепнувај. Нека ти е живо и здраво бебулето.
И јас да се пријавам со лажни е контракции(се надевам дека се) Веќе 5 дена сум со болки во колковите и препоните, станувам и одам буквално како баба. Пешачам секој вечер. Сабајле пазарев и од кога се вратив почна стврднување на горниот дел од стомакот но и истовремено нешто се дешава и во долниот...не можам да дефинираме дали е болка или притисок. И еве си трае...инаку 34+5 сум денеска.Во петок сум на последно ехо и брисеви кај матичниот. Има простор за паники или станува збор за лажњаци? Фала ви женски однапред.
@firequeenn нека е живо и здраво бебчето а тебе побрзо опоравување ! @Tsukinory @Lovebug01 Како сте вие?Firequeen ви го скрши мразот ајде доста ви е
Кога стигнав во ова тромесечие не ми се верува,туркам 30 та недела, стомакот секој ден ми се чини ми расте, некако нагло последниве две недели,како баскет да сум голтнала. Немам некои посебни болки да не е за подрек,само многу е размрдано бебево,мислам до градиве ме удира. @firequeenn честитки,да е живо и здраво бебчето.
@Milkiway трудно сме како поинаку. Утре сум на закажан вагинален да ме помогне докторка. А за денес добивме наредба да се "почастиме" со мм. Е тоа звучеше убаво во теорија ама скоро невозможно во пракса. Меше смета, доле непипнато толку време боли. Само пуста желба. А мојов малку му фали да се упрпа. Утре сигурно нема да ми прават романтики ама тоа е. На цела мака една едина работа што убаво ме изненади е што прв пат видов како капка колострум од градите. Од друга страна стомак нонстоп стегнат. Бебе е углавено само се тегне. Ќе биде за брзо ама незнам кога...
Утре само опушти се и ништо друго. Не боли тоа помагање мислам минутка работа е ја знаеш дента на преглед вечерта породена Така да ајде да биде и кај тебе. се улежа бебуш му се уарни на топло најадено нашетано LoveBug ни ја нема може па тргнало кај неа
@Milkiway хахахх не бре какво тргнување, до сега ги мерев улициве низ градов, само што се прибирам дома. И кај мене ништо ново. Грло затворено, скратено на 2цм. Контракции има, болки немам Ќе видиме утре сум пак. Денес некако повеќе ми се грчеше стомакот ама без болки. Веќе и домашниве на секое се јавуваат прашуваат, ме напнува тоа и мислам дека за инает не излегува бебе
ооо таа шетала ја викам бидна Леле гаси телефон мене многу ме нервираа посебно свеки на секое па уште се напна она како тоа имам болки а непородена кога ќе се породам. А во овие 40дена еднаш дојде на 10минути... Си се испукав Ајде при крај си како и да е. Знам дека е сега најтешко ама колку потешко толку полесен пораѓај ја дента пукав од нервоза и напнатост и се породив брзо од што веќе не можев така да ќе биде
Од што немам никакви болки се плашам дека на крај ќе ми речат или провокации или царски. А ич не сакам Ти лесно помина цел 9ти со болки беше... Мене ни чеп ми паднал, ништоо ич никаков знак. Единствено позитивно е што се спуштило бебе уште повеќе од пешачењето Немав вчера преглед со рака, само со вагинална сонда, се надевам утре ќе имам и ќе има бар малку напредок од претходниот пат.
Абе кај си ти репорт да дадеш? Добро што пиша те мислев.Ајде последните 10 недели најлесно да ги минеш
Wow, утре сите 3 сме на контрола @Tsukinory @Lovebug01. Кај мене денес напорно,се уморив од пешачење 7-8км лелеј. Се ме боли,кичма најмногу. Имав пак лажни контракции и то саат време. Намерно не земам магнезиум да не ублажувам болки,да бидне работата. Го натерав мм на чистење,пак прифати,да видиме утре дали имало ефект. Искрено се надевам дека барем 1-2 прста сум отворена,оти 3-4 дена како остро ме пресекува доле веќе.
Мораш здраво е, јас станав сабајле во 9 станот го исчистив, ручек направив, се искапив, се средив, после излегов со маж ми по продавници до 4 сатот. Ко се прибрав дома пола сат дремнав, па вечера па пак чистење и еве сега одмарам. Морам многу сакам да се движам иако како патка одам, мислам дека полесно ќе е за породување, ако не ми речат на крај царски мора
Си згрешив јас што ги слушав сите што ми велеа не се напрегај, не се движи, мм не ме оставаше ништо по дома да работам освен ручек и прашина да бришам, он се друго правеше, од страв да не се породам пред време. И еве сега бебе нејќе да излезе
Ко со катанци да ни се затворени. Историја ќе стане ова нашево. Јас мислев дека јарец сум инает ама шкорпиичињава машала си се држат. Изгледа нема да можеме на ништо да го натераме они ако не сакаат.
Ти па кога ќе се сетам дека се молевме до 35та да издржиш Ајде утре нов ден нова надеж. Ќе пишеме рапорт