Јас како тебе во понеделникот болки имав чепот одамна паднат отидов на лекар цтг мирно еден прст отворена ме пратија дома лажни биле болките и сега си чекам да ме фатат појаки а у меѓу време буцка моја од вчера помалку е активна ми падна чудно зошто ептен беше активна стомакот ми го поместуваше. Изгледа веќе теснои е па затоа не мрда толку или се спрема за искачање
А зошто кога почнете да се отварате по малку не ви стават провокација. Или мора да се чека? Што ве читам сите ве враќаат дома, нема ли да биде побрз процесот со провокација и полесен. Јас имам уште 11 недели до пораѓај и кога мислам на тоа малце ми е страшно.
Незнам лично за мене провокација у последен момент би сакала кога би ми поминал термин или ако неможам да се отворам а сега е рано имам уште време ако тргне природно нека искача спремна сум со првото си се породив природно без провокација без ништо сакам и со ова така.
И кај мене е многу помирна. Одвај ја осеќам дури некогаш. И нема удари, само се тегне, ика и се изместува, ама кај мене па беше многу мирно бебе цела бременост. Јас успеав да отспијам 3 саати, немам сега болки. Ќе чекам...
индукцијата или провокација зависи во која форма е супстанца која да ги зголемува болките и го убрзува процесот на пораѓај ама ги намалува тоновите и има ризик за бебето , за интравенозна тука со сигурност ви кажувам , се пушта капка по капка и треба да е родилката со постојан надзор на ЦТГ, од боцкање до бокс со двете бебиња со индукција сум била со ЦТГ и надзор , со првото 18 саати бев со каишите на мене ..... ова се користи како алтернатива за убрзување на процесот и тоа само доколку има индикации и ризик за бебето доколку одтане во матката ( заматена вода , презреана плацента , недостаток на вода , пукнат водењак ) .... некои доктори се држат до оваа регулатива , некои го користат тоа на друг начин , ама ако се работи за соодветна проценка за ризик врз здравјето на родилката и бебето , ако е се во ред си се чека природен процес зашто сепак е ПРИРОДЕН
Не знаев дека има ризик за бебето, затоа прашав. Немам многу читано околу пораѓајот, оти сакам барем уште некое време мирна да бидам на таа тема. Нека ви е со лесно на сите што сте со болки сеа, и се надевам брзо ќе ви помине пораѓајот, и ќе си гушкаѕе, живи, здрави бебчиња.
Мамички здраво. 30+1 сум, а на вчерашниот преглед од 4Д главчето одговараше на 29+5. Останатото беше се добро.. ве молам за мислење дали да одам на друг доктор.., а исто чуствувам огромен притисок и болка во препони, кога легам кога се движам, а кога легам и ми се укочува десниот колк дури после и кривам одредено време.. Ве молам за совет или дали некој имал слична ситуација ?
За болките,мислам веќе сите ги имаме во овие недели. Иста сум. И со првата бременост бев иста во овие недели, болат и препони и колкови и задник и се, мислам со саати од точак не сум симнала. Магнезиум 350мг и тоа е. Боли, веќе се над едно кило бебињата, нормално е да ни тежат. Дека и со дете од 2год сум, ем сум стално во движење,ем пешачам по минимум 2км дневно,па уште толку боли. Уште 2 месеца ќе издржиме
Мислам дека немаш потреба од грижа, не е некоја голема разлика 2-3 дена. Мене на почеток ми кажаа дека е помал плодот исто за малце денови се испаничив за џабе после па цело време е плус во грамажа
Женички кај мене испадна неуспешна индукцијата. Додуша докторката реши да не ме мачи со системи и разни провокации. Добив една вагиналета и откако не успеа се договоривме утре наутро за царски. Не и се ризикуваше заради постелката. А и бебе се качи високо. Мака мачам со киселините и дишењето. Утрото не може да дојде доволно брзо... спремна сум.
Ништо не е тоа така измерил Мене 7 дена ми го намалија па после испадна така фатил докторот ова твоево не е воопшто разлика или заостанување
На последните два прегледи, стомачето му го измери др. за неколку дена помало и добив објаснување дека не е страшно, сепак е живо суштество, а не компјутер.
Ајде ќе биде за скоро. Само со убаво лепото. Те чекаме се убави вести. @Lovebug01 те снема некако и тебе срцка? Да не бидна работата?
Мoетo бебе беше за две недели пoранo па немаше прoстoр за паника. Дo пoследнo ми велеа дека ќе се рoди 2000 кг а се рoди 3100. Така да немаш пoтреба за грижа