Ах ние веќе сме активни 2 недели ко ќе ни текне. Видовме дека првиот пат се е ок и се опуштивме, мене ми беше страв од инфекции ама одма мочкам после тоа и се е ок сега за сега.
Ако има бактерија и услови за множење, ке дојде до инфекција. И не е само уринарна инфекција, поголем проблем пред пораѓај се бактерии во родниот канал, затоа што бебето во матката е, не во мочен меур.
A zosto jas cela bremenost na sekoja kontrola sto odev trebase da odnesam urino kultura....toa mi bese zadolzitelno ispituvanje po naredba na doktorot sto mi pravese IVF..
Оваа апликација е многу добра. Понекогаш е како баба ванѓа. Мене ми се зголеми исцедокот, ама не можам да не се истуширам...
Вчера ја дознавме крвната група на бебла, ја наследила мојата. Па ми текна дека додека бев трудна ги дискутиравме опциите со трудничките од моја генерација, па ги побарав муабетите. Леле леле спомени @ocicka2014 ние исто бевме А со 0, дознавте ли вие беблакот чија група наследил? Одамна не ја следам темава, а убави спомени ми буди. Со лесно до крај на сите труднички.
Здраво девојки, како сте? Имам едно прашање, повремено кога одам или ако сум седела и кога ќе станам осеќам болка во срамната коска, не е нешто страшна и јака ама постои. 34+3 сум, со близнаци, нормална е таа болка или нешто загрижувачки? Ви благодарам однапред на сите
Јас сум 29+2 и тие болки 10 дена уназад ги имам. Притискаат големите бебуши веќе, се ќе боли башка па ти со две, па па Со лесно,вие ситно броите веќе, уште 10тина дена и сте во безбедна зона за надвор од мешето на мама Мене има денови ми се смирува со калциум,има денови и од под не можам да станам, мислам ќе излезе бебево А поголемото ќерче сака да си играме стално на под, па ко баба некоја сум во задно време. Или као она ме држи а јас стегам заби и станувам,или за ѕид или кревет се држам пошо не можам да станам сама. Неделава на преглед, осеќам џивџанот бајаги ќе е потпораснат
Ми фали групава, и оваа и Труднички, па решив да навратам да ве поздравам сите мешиња што се дружевме изминативе месеци и што ќе се дружиме во Бебе-темите наскоро За сексот во 3то тромесечје сте ме изнасмеале Ние таман после 9 месеци се омрсивме и утредента се породив Така да, кај мене многу помогна пешачење (буквално значи нозе ми паднаа последните 2 недели), урми, ананас, качување по скали и секс ама со финиш внатре
Едвај чекам да ти кажам, кога си при крај ич не ти поминуваат деновите ајде ќе биде уште малце. Јас обично мирувам, лежам ама на моменти осеќам болка таква. Фала ти на одговор и секое добро
Кога ќе влезеш во 9ти вртоглаво брзо ќе ти минуваат се чудам секој ден како може волку брзо да поминуваат а јас неспремна
Да јас ја знам уште кога се породив, бидејќи мораа да направат тест да се види дали треба да примам инекција за антитела бидејќи сум негатив. Иста крвна група е како сопругот кај мене
И јас се мислам дека се нешто ми фали, дека не сум спремна, прво ми е и паника ме фаќа, многу се мислам на денот ко ќе се породувам, за среќа маж ми може да е во собата, тоа малце ми олеснува.
Супер е што ќе биде со тебе во соба Леле мене колку ми фалеше мм да е тука се допишувавме слушавме гледаме на камера ама не беше тоа тоа Фалеше блискост ама нашиве во МК тоа нема да го разберат и овозможат за жал... Инаку за фалењето секогаш нешто ќе фали и секако ќе купувате не може се да имате не се оптоварувајте
Јас не се надевав дека маж ми ќе може, кога прочитав многу се израдував, ако не променат до тогаш нешто. Иначе само мм може посета, други никој.