Мешиња како сте? Малава моја вчера може цел час -периодично, ме реметеше со клоци. Не е тоа малку долго? 28 недела ја почнуваме за 2 дена.
@okcenzi значи ние тука сме, јас сум 28+3. И моево навечер се активира и некогаш може и по два часа клоца мава, па има периоди ко ќе се замири и јас одма паничам, па наутро ме буди и сл Допрва доаѓа интересното, ке се гледа и надворешно како се врти, па ќе се познаваат ноџиња, рачиња, ке се напрчи со г'зето некогаш и ќе се измести цела форма на стомакот.... слатки моменти. За првото снимавме се, за второто сликавме само, за третово ако ме сликни ќерка ми по некоја за успомен ќе остане
Ух добро е. Малку се вонемирив дека подолго траеше од предходно, ама па бевме кај кумовите на гости и две парчиња торта изедов, па може да е од благото. Се измори душичка мала. Да прашам уште ова нормално е да ве боли долниот дел од стомакот повремено, како пред добивање?
Јас одма да ти одговорам, и мене така ми е некогаш, ме боли ко надуено ко за добивање, и најчесто тоа се некои гасови кои се пробиваат низ цревата или пред голема нужда така ќе ме стегне таа болка најслична со менструација.... замисли како се стегнати цревата сега
Мешиња 29+3 сум и од вчера почнаа да ме болат градите, да имам температура во нивв и грутки. Не е малку рано за млеко? Да не е нешто друго?
еве и јас да се придружам во групата ,јас сум 33 недела бев на контрола вчера се е во ред со бебушот нормално напредува 1927 грама пораснал,ама имам еден проблем ми се појави некоја алергија на градите,бедрата,рацете бев на сто прегледи и во државна и во две приватни ординации само ми даваат некакви кремчина ама никако да помини секакви испитувања направив,дали има некој сличен случај ко мојот ,гинекологот ми вика да не се секирам не е ништо страшно позз.
idni mamicki da prasam jas nesto ako nekoj imal slicno iskustvo.od vcera sum 36 nedela a od pred eden mesec mi kazaa deka placentata e veke zrela,togas bese vtor stadium,primiv dve dozi na flosteron i odmarav bebcevo si napreduvase super vo 30ta nedela bese 2200 gr vo 34 nedela 2670gr.i sega na kontrolata 36 nedela bebeto e 2530gr i mnogu se zagriziv.zosto celo vreme bese 6dena ponapredno a sega parametrive go pokazuvaat kako pomalecko
Никогаш точно не покажуваат параметрите на лекар , најточно е кога бебчето ќе се роди а компјутер може секако да покаже не се секирај битно бебуш да е жив и здрав и лесно да си се олесниш а за друго многу-многу не му ја мисли
Треба да правам испитување на д-димери во воена болница на трансфузиологија, бидејќи имам закажано во 10:30 часот ме интересира дали можам да јадам пред да ми вадат крв? Инаку правев ехо преглед пред недела дена, малата е супер, свртена со главчето надоле, си одговара за неделата, 2 кила е, инаку сега сум 35 недела. Наредната недела ќе правам микробиолошки брисеви.
јас секогаш сум јадена на тие испитувања, обично попладне ми ги закажуваат, сметам дека нема врска јадењето.
за д-димерите можеш слободно да јадеш. Не смееш да јадеш ако испитуваш протеински статус, електролитен, желео итн.
Абе, мамички да ве прашам имате ли болка во таа коската долу напред што ? Јас само што влегов во трето тромесечие,ама има недела дена како ме долу коската.Како да ми е скршена, боли поготово на станување,на одење и на допир. Ме беа удрија во неа и малку во стомакот во 15-16 недела со велосипед и тогаш ме многу болеше цела недела.Помина тоа, сега пак дури боли полошо. Се мислам дали е нормално,има ли некоја да има вакви болки?
Ич немај гајле и мене ме боли периодично. Најчесто ако подолго постојам на нозе или пак се туширам со потопла вода. Се повеке ке си боли тоа, зошто си се спрема каналот.
И јас имам болки во крстот и во пубичната коска со недели, при спиење само перници меѓу нозе ме спасуваат. Станувањето од кревет ми е најтешко. Последниве дениви имам ситуации каде наеднаш чувствувам жарење во образите, стегање и отежнато дишење во гушата и силни стегања под желудник, на сред стимак, не надолу, крстко ќе потраат и минува, па наеднаш ко препотување и матење пред очи ко за несвестица А пијам и железо и магнезиум и витамини, јадам пијам убаво.. е притисок не мерам постојано дома, само на лекар ко ќе одам, ама низок ми е стално, и се само за сирење и јогурт сум стрвна. И отеков секаде. А за пол уште на почетокот ми рекоа машко, кун 12 недела негде и оттогаш не сум препрашала. Сега ме прашуваат дане било женско зошто ко за ќерка ми сум потекла и кила сум качила, за синко скроз друга сум била. Миже да не изненади
Фала @okcenzi @♡BuBaLe♡ на одговорите. Страв ми е малку дека цела недела ме боли.Некогаш наболува,ама некогаш боли како да е сршена половина.А, бев на доктор во Четвртокот,ама од толку прашања заборавив да го прашам за ова. Инаку Бубале штом кажале машко,тогаш треба да е машко. Со вакви ехо-апарати како што се денешните, не верувам да згрешат.И мене ми рекоа во 13 нед. дека личи на машко,ама не е сигрно.После на скринингот во 19 недела го потврдија само полот.
Уште пред да остансм бремена ќерка ми ми бараше да сум и родела бебе, и да било сестриче дури и како да се вика си кажа, па додека ми рекоа машко цело време си ја викаше така, па кога и кажав братче било преплака, па и кажав тато згрешил по грешка машко бебче ставил и јас се за машко си спремив си исправ си наместив, смс ко шо се напрајв ко за неа потечена а за син ми бев слаба скроз поинаква, сите велат да не испадне сепак желбата на големата. Здра је шо и да е само живо здраво право да се роди. Кај сите така!
Леле, Бубале ама си ме насмеала. Ти штом си се спремала се уживкај.Арно си знаеш,бојата не е важна Само имам забележано дека татковците често грешат на мастраф.Имам една другарка и девојчето сакаше бретче да има,исто име му знаеше и на крај излезе сестречка. Море и јас се мислам да почнам да перам и да спремам.Имам уште три месеци,ама нека си биде се средено да не трчам после.Вчера пазарувавме детска козметика,цуцли и шишенца.Речи кажи се купив,треба да видам уште некои ситници. Туку да те прашам за бебешко газе, таа кремата со цинк за црвенило се мачка на секое преповивање или е по потреба.Мислам се дека е по потреба,ама имам видено мачкат креми на газето на детето по секое преповивање.И сега ја имам таа купено и не знам дали треба да купам и друга за мачкање на интимниот дел.
Кремата е на Пенатен и одозгоре пишува дека е против рани и содржи цинк оксид.Ама сите креми против црвенило и рани содржат цинк оксид. Е, сега читам на неа и вика дека е за секојдневна употреба,ама се мислам да не треба за направам грешка.