Во ред се истражувањата, ама во трето тромесечие што ти менува ако немаш уринарна инфекција а имаш вагинална?
Па така и треба детево од улица не ми е донесено мм му е татко..семејство Ама кај нас како што си тераат мекици ко ивкова слава и боље да нема посета. Цимерката 3 дена дома со гости маж и и замисли да ми доаѓаше во соба ќе пукнев од нервоза
Ремедика и доста плаќаат за породување, бар да ги имаше сите услови како во странство. Систина може исто е. Замисли оваа е државна болница тука, во приватните кој знае како е. Ама таму 20k ќе си платиш и повеќе можи.
Ремедика дозволува ама во коронава ставија забрана и за посети и за се Систина само дава посета Да не беше корона мм ќе беше до мене. Т.е. можеше да дојде ама тоа задоволство ќе не кошташе дополнителни 3900 за ковид тест
Да се надоврзам на муабетот. И јас ќе се пораѓам во државна во Љубљана, исто е дозволено мм да е со мене во соба и исто на пораѓај. Така да се надевам дека ќе ми биде полесно сепак него да сум сама. Освен нормално ако не може природно, па да морам царски. Се надевам дека нема да морам царски. Баш деновиве проверував дали ситуацијава е сменето присуството ама не е фала Богу. Баш сакам да види мм како се раѓа. А и за моја поддршка подобро е.
И ти ни фалиш во темиве, ама ајде се надевам дека јас ќе ви се придружам за скоро во - бебе. Кај мене ништо не помага, се е испробано. Абе инет инет инет. Држите палци барем термин да не надминам.
Здраво феминки, читам многу низ форумов, за многу теми, па сакав да прашам нешто што не успеав да најдам, имено, четвртокот сега бев на преглед - цтг и ехо, 37+4 и за една недела ми закажаа повторно цтг+вагинален преглед (да види да не сум отворена и сл.). Контракции немав, бебчето си е супер, уредна бременост без никаков проблем, плодова вода имам, постелката е кало што треба, сѐ ова и на извештајот си стои. Е сега тој вагинален преглед дали и на вас ви го правеле, дека не сретнав вакво искуство до сега... фала ви
Деновиве кога ќе видам пишале во “се породив” одма се сецнувам да не си ти Ама инаетлива мома, не и се искача на ладното
Дали тоа значи дека сака да испровоцира пораѓај? Нели треба да дојде природно тоа (доколку сѐ други е во ред)?
После чепот може и две недели да нема абер за пораѓај.... а ако е високо се подредено нема ни со преглед да испадне чепот.... Јас и со три вагинални немав абер од испаѓање на чеп со првото. Тоа е само мала стимулација. Доколку има потреба од поголема стимулација препорачуваат односи, па наредна фаза е провокации. Се зависи од организам до организам. Сепак не е ништо опасен прегледот
Не може да сака да провоцира пораѓај на 37 недели кога си појдена на рутински преглед. Вагиналниот преглед не провоцира пораѓај. Исто така вагиналниот преглед не го прават за стимулација на чепот да испадне. И да испадне, тоа не значи дека ќе се пораѓаш. Кога прегледуваат вагинално не им е целта на докторите да го стимулираат чепот за да испадне. Вагиналниот преглед може да го убрза пораѓајот само ако е изведен лошо и го пукне водењакот. Тоа е ретко и ако се случи ќе знае докторот одма. Ако се помине во ред, не предизвикува убрзување на пораѓајот. Погоре што спомнавте дека препорачуваат односи, тоа не е поради самиот однос, туку се смета дека смермата има некои ензими кои го омекнуваат грлото на матката, па така да се убрза пораѓајот, а не заради пенетрација. Ако не сакaш, можеш да го одбиеш прегледот.
Оки, фала на инфо. Значи сепак на некој начин е стимулација/убрзување на процес Некако си имав замислено, си пука водењак па од тука си почнува сѐ..
Ќе видиме на следен преглед, ќе прашам која е целта и како ќе се изведе и дали има ризик од стимулација.. Ако спомене нешто убрзување, апсолутно ќе одбијам. Фала ви на одговор.
Не е. Никој доктор кај нормална и здрава бременост не стимулира и не убрзува пораѓање на 37 недели. Буквално сите чекаат да почне процесот природно. Вагиналниот преглед има друга намена. Единствено ако при вагинален преглед пукне водењакот, тогаш можеме да кажеме дека пораѓајот е убрзан заради вагиналниот преглед. Ама тоа е преретко и ако се случело, ќе знаеше.
Ти реков можеш да одбиеш заради тоа што на некои жени им е неудобен прегледот. А не дека убрзува или дека стимулира нешто.
Сеуште не ми е направен тој преглед (во 37 само ехо и цтг), сега за нареден преглед - тогаш ќе бидам 38+4 ми е закажан вагиналниот. Затоа и прашањето и дали има некој со такво искуство во 38ма..
Ама има стимулирање Мене со прегледот ме подотвори вечерта се вратив со болки и се породив Исто и @Lovebug01 како што памтам ја подотворија и се породи одма за некој ден Може да убрза вагинален преглед ако докторпт те подотвори Не знам дали за тоа дискутирате...