Тебе не те пипкаат никако долу, добра си. Иначе да нека е маж ти, нека види како се раѓаат деца, дека не е така лесно. Малиот кај ќе го оставиш? Иначе маж ми денес прашвеше, какви биле тие болки се информираше што како, ми се спрема мажето изгледа.
вака , значи има вагинален преглед и има вагинална стимулација , не збориме за во 37 ма недела ама во термин и надминат термин со првото дете мене и матичната ми отвараше грло на матка со вагинален преглед и неколку доктори во чаир ми го правеа истото во периодот од 8 дена додека чекавме да добијам болки , не со намера да пукнат водењак туку со муабетот да го убрзаме процесот малку да се подотвори грлото на матката ( буквално со тие зборови ) тоа е болен процес најискрено и мислам покрај матичната се на се 4 прегледи имав такви во првата бременост од различни лекари ....
Затоа и го поставив прашањето, дека нешто и докторот го спомнуваше зборот “убрзување, можеме да убрзаме, ќе видиме како ќе иде..”. Верувам во нивната стручност и сѐ, но ако нема било какви индикации дека треба нештото да се убрзува, нема да дозволам вагинален преглед (секако ќе го прашам и него зашто, што, како, со сите останати прашања што ги имам).. иначе, во која недела беше тоа?
"Мојава заштитена е со закон." Малиот ќе го чува свекрвата,ако не биде тоа време во градинка. Мојов знае какви се болките,за синот на штоперица меревме на колку мин ме фаќаат и колку траеа. Плус во предродилна кога ме примија на тел. ме трпеше, ме тешеше. Ама во живо и на пораѓај е друго, е сега пошо има можност ќе биде до мене.
@Mantub @Milkiway и кај мене така испадна, како да се стимулира. Средата отидов со 1 прст отворена, ми рече Др ќе имаш сукрвица после прегледов, имав, па падна и чепот валда пошто имав некој таков исцедок измешан со крв. Цел ден имав болка долу мислев од прегледот е, кога наредниот ден отидов пак на преглед пошо почнав да имам менструални болки, испадна 5 прсти отворена. Не знам дали имаше врска прегледот со рака ама и кај мене испадна така
Секако дека доколку има простор, стимулира прегледот отворање. Доколку нема простор - тврдо, долго грло - тогаш нема да стимулира. Многу жени после прегледот им испаѓа чепот и самите доктори нагласуваат
Ве читам што пишувате и не можам да сфатам...минатиот четврток си добив преглед со рака (33+2г.н бев тогаш) поради контракции на цтг а јас болки не осекам. Сум имала омекнато грло но не сум отворена. Дали тоа значи дека може да се породам порано Примав и прогестерон депо и флостерон Ми рекоа да лежам цело време за да издржам барем до 36 недела па после ќе закажеме царски (со близнаци сум со ивф)
Douching не е туширање, внатрешно измивање на вагината е... таман работа да се избегнува туширање. Инаку фала за апликацијата, уште таа не сум ја инсталирала. На три паралелно се следам.
не не , значи има различни видови на вагинален преглед , напишав и погоре се додека не си до термин не би добила таков преглед , до термин може да се направи регуларно опипување на грло на матка и проценка на отвореност на цервикс ( мене од 25 та недела навака вагинално ме проверуваат баш од иста причина меко грло наматка , скратено и отворен цервикс ) , тој што го прават за подотварање е поинванзивен и по болен со што намерата е да се предизвика одвојување на мембрана која се наоѓа измеѓу грлото на матката и цервиксот .... https://kidshealth.org/en/parents/inductions.html убаво е објаснето тука и пак напоменувам ова е на термин или после термин
Хаха сите сакаат што побрзо да се породат во 9ти, ти сакаш да оддолжиш. Мене прв вагинален преглед со рака ми беше во 38ма недела по што чепот ми падна одма, а се породив 40+2, така да не се плаши нема одма се породиш.
Баш така некако му доаѓа хахахаха Повеќе ми е дека сакам да си тече сè природно како што треба да си иде, кога ќе реши бебуш да излезе, тука сум го чекам со срце уште утре нека дојде..едноставно цела бременост внимавав на сѐ, на исхрана, се немам потечено, немам стрии се мачкав цело време, општо гледав сѐ да биде како што трeба, да се движам во секоја прилика, никогаш не преферирам апчиња, најмногу апчиња односно витамини што имам испиено во живот се сега за време на бременост, редовно идење контроли, сѐ by the book што се вика и докторов прво идење на контрола да убрзаме вика ќе видиме наредна контрола..оп вагинален преглед.. си го препрочитав уште еднаш извештајот од него, апсолутно нема ништо за што би требало или би иницирало да се убрзува и слично се јавив и до матична, ми кажа дека не е баш така лесно да се предизвика со вагинален преглед породувањето (тогаш сите што се 40+ би се отварале одма со вагинален преглед).. во секој случај, фала ви на сите што споделивте искуство, ќе видам на наредна контрола како ќе биде, секако ќе имам многу прашања за докторот
Denes sum 36+4, bebe e mnogu aktivno denovive ne zastanuva (a neli rasti i nema mesto) a jas sum so bolka na levata strana dolniot del od stomakot i preponite? Dali e normalno bidejki me faka panika deka ima uste malku vreme do poraganje ili ova e najava?
Мене ме турка со главата и малку да имам за мочкање ми изглда многу и морам вц, ноќе станувам некогаш на два сати некогаш на 3. Добро се истренирав за бебче ко ќе плаче. Иначе сум 35 + 6.
Мајки,бебче кога се мести во меше како што треба(ако се намести),на последиот преглед не беше,со ножињата надоле беше.бев 28недела....нареден ми е кога ќе бидам 32недела. Прашањето ми е дали може да се намести и таму 38..39..недела?