девојќи едно прашање , нова контрола денес 35+3 промени во цервикс нема некои големи , ама плацентата е веќе 3 степен и на ЦТГ слаби болки , бебе одговара на 36 + и контрола за една недела ама ми напомна ако има болки или водењак ако пукне да алармирам и да доаѓам под итно во болница , некако како да очекува да добијам болки оваа недела , туку мене плацентава некако ме плаши дали ќе напредува бебево дали ќе биде добро ако ме остави да чекам природни болки , а протоците вика дека се добри ?
I jas denes bev na prvo CTG 36+5 za edna nedela pak za placenta nikoj nisto ne mi spomna plodova voda ima...jas sum so bliznaci ednoto 2500 drugoto 2450....ke sakas li samo da mi go sliknes CTG sisto samo za sporedba...imav pregled so raka grlo si dobro ni otvorena ni omeknato....
Женски јас денес бев на контрола, тука скроз поинаков систем имаат. Бебе е се во ред а може е и 37 недела рече. Големина супер до 3кг рече дека е, не сакаше точно да ми каже колку, главчето било само неколку дена поголемко и нормално главче било, не било 2 недели понапредно. Ме зирна долу со два прсти и одма во моментот направи тест дали имам бактерии, тестот беше супер чист, рече било битно за бебе многу тоа. Крв ми зема за тироиднава, за железо и мокрача исто. На крај ме боцна во рамо рече дека тоа е за мене и за бебето да се бориме против бактерии? Малце јазикот ми преставува проблем па не можам детално да го испитам што како. Ова инекцијата во рамо некој друг да не ја примил исто? Ми рече ако ми пукне водата одма да одам во болницата за породување, денес ќе ме пријавел и тоа е тоа. Немав ЦТГ, следна контрола ми е другата недела. Ах да и бебче рачето т.е прстето си го имаше ставено во устето и си цицкаше.
За тоа што те вакцинирале дали ти дадоа Имфпас(пасош за вакцини)? Или ако имаш мајчина книшка види што имаш залепено напред? Како така те вакцинира без да каже што е?Ептен се изнервирав.Швајцарија има изгледа друг начин за преглед на трудници. @zalosna имаш ли некое вакво искуство со вакцина?
Ма не ми даде ништо, ми објасни пред да ја стави вакцината и после тоа, ама јас некако и со јазикот малце проблем ми е пошто тука се зборува швајцарски-германски и ај разбери го, уште тој и со маска и ништо не го разбрав. Ама викаше нешто за имунитет ако дојде до бактерии да можеме јас и бебето да се бориме против тие бактерии. Тој си запиша во документите каква беше вакцината, а и беше скроз мала доза 5мг може.
Прашувај што ставаат пред да видиш игла нека ти нацрта ако не моеш да разбереш. Така некад нема да се разберете ќе шибне нешто што не треба. Земај со тебе еден речник швајцарско англиски или герм англиски Или уште полесно гугл транслејт и нека ти упише кога нешто не разбираш
Ама сигурно не е ништо опасно, мислам доктор со стаж е, не би ставил нешто погрешно. Се надевам само не беше против корона вакцина хаха се зезам.
Сигурно не е страшно сигурно знаат што прават Ама за себе гледај да ти запишува што ти се става за еве вака да не прашуваш отпосле по форуми Хахахха може кријат швајцарците ка добиле веке вакцината
Па ете го разбрав до некаде, против бактерии, да може ја и бебето да се бориме добро со бактериите. Само прашвев дал и некој друг ја има примано вакцинава и дека подетално не можев да го прашам пошо тешко ми е поради јазикот.
Здраво мамички јас штотуку влезена во третотромесечје но последните 2 дена ептееен ниско го осеќам Имам ризична бременост крварење ниско поставено ама ептеен ниско да го осеќам како сега не Дали е загрижувачки лелеле што ако се породам предвреме утре имам контрола но дотогаш
Не знам мила,ме зачуди со вакцинава Искрено,јас сум презадоволна како бев третирана во бременоста,контроли на 4-5 недели,лабораторија кај д-рот,не се маткав дополнително никаде(општо така функционира).Од 29та Г.Н ми беше скретен цервиксот па секоја недела идев на преглед. Самиот д-р ме пријави во клиниката за раѓање,им ја испрати цела историја,јас само со аусвајз требаше да се појавам.ЦТГ не гледам логика да има предвреме,тек на денот на термин имав прва контрола во клиниката,утрото,а вечерта ми пукна водењак и пак им се нацртав.Брза бев,и кафе со побарав на породилен кревет на крај А да,немав(м) импфаусвајз,не ми ни бараа.
А проверка на цевикс, ддимери зашто досега мене ми немаат проверено? Ни во оваа ни во предходната бременост? Врска немам околу овие работи
T-Dap да не ти ја ставиле?Јас сум во Америка тука се задолжителни за грип и таа јас баш вчера ја примив во 33 недела.Комбинација е некоја.
Скроз исто и јас поминав денес, тука беше лабораторијата, плус аптека мала со лекови одма ти ги даваат тука витамините, од брисот одма резултат, некако на лента го направи тестот одма покажа чисто дека немам бактерии/инфекции, рече ќе ме пријавел денес за породување во болницата и таму и јас само со аусвајс ќе се појавам и тоа е тоа, само кај мене вакцинава што ми ја стави па рече дека е Antikörper нешто. Цтг исто немав. Следна недела пак контрола.
Немој да се грижиш воопшто,бар овде здравствениот систем е повеќе од функционален.Кога ке излегуваш од болница со бебе,на исписниот извештај ке има податоци за се што си примила како мед.третман.Апсолутно се.
Па по тоа што го објасни сигурно е тоа, нека и подобро да не закачам вирус при крај и да се породувам со 0 енергија.
Ете конечно се разреши мистеријата околу вакцината antikörper значи antobody. Истата вакцина сме ја примиле јас и ти.