Добро утро, луѓе, да ве прашам. Дали кога бевте бремени носевте еден број поголем на обувки? Јас носев сњкогаш 37 број, а сега некако ме стегаат, дали ќе ми се врати ногата во нормала после породување?
Расте ногата во бременоста ,ама за жал не се враќа назад.Исто и јас носев 37 и после пораѓајот се чудев како сум си купила помали салонкиБез да ми текне дека ногата ми пораснала
Не се враќа? Лелеее готово со обувките значи. Сите да си ги фрлам. Бтв луѓе мене денес нешто ме боли долу, вчера ептен се движев, да не е од тоа или па е некој знак? 36+3 сум.
Аааа значиии има надеж. Инаку ќе треба цел плакар со мои обувки да се фрле Баш ќе ми биде криво ако е така
Не се случува кај сите трудници да порасне ногата, јас што прочитав тука очекував да порасне и кај мене ама фала богу не се деси.
Јас пак" одозгора на тога" како што некој рекол, и сега купував некои обувки..се надевам ќе ми бидат точни и понатаму
Луѓе мене уште ме боли долу во вагината 36+3 сум, не знам што е работата. Вака ко ќе стегнам со мускулот уште повеќе боли. Земав магнезиум ама не помага. Некој да не имал слично искуство?
Одамна ме нема во темава, дојдов само да ви дадам еден добронамерен совет. Дур сте бремени и имате време исчитајте ги темите за грчеви кај бебињата и доење, многу ке ви помогнат да бидете спремни веднаш после раѓањето на бебето. Јас не читав и мака видов, бебе плаче јас неискусна не знам што да правам. Од кога ги исчитав ги погодив капките за грчеви, доењето го подобривме и немаше веќе плачење. Поздрав и со лесно
Цело време те боли од утрово или има паузи? Каква ти е точно болката? Те влече ли надолу?Од 36 недела матката го истиснува бебето кон родилниот канал т.е го мести за положба на раѓање и се нормални обично тие болки.Може да ги имаш некој ден па пауза , па пак и така. Преска праша може ли од одење да ти е? Од одењето е моментално требаше да ти се смири. Пробај да дишеш како што треба да дишеш за пораѓај може ќе те отпушти. На крај можеш да тркнеш до болница да те видат.
кажував веќе тука , ако се мести бебето во позиција и е малку спуштено ќе имаш вакви болки , главчето притиска надоле и јас веќе се навикнав на болките па легнувам малку и перница меѓу нозе , вдиши издиши и ќе се намали , ама пак кога ќе станеш пак ќе се појави болката ..... ако правиме муабет за истото не е страшно , вака се спрема карлицата и сега интензивно се шири , можеш да отидеш да видат да не си се подотворила за секој случај..... кај мене веќе нема место што не ме боли , нозе колкови цела карлица , на станување на седнување , во движење , додека лежам и стварно многу лошо се осеќам , само туш ме опушта малку и по 7 пати почнав да се туширам во ден
Ме боли цело време, ама понекогаш се занесувам и не приметувам. И карличната коска ме боли исто. Кај да одам, матичниот до понеделник не работи. Ај ќе видам до утре ако не помине ќе морам да одам некаде. Сигурно се ширам, и да стомакот веќе ми е доста долу, како јајце ми е ја смени формата, ми се чини и дека не расте поќе него како да шири. Бебче си мрда исто.
Во болницата кај ќе се пораѓаш одиш пишува Kreißsaal и има ѕвонче .Ѕвониш и кажуваш дека имаш болки и незнаеш дали се породилни.Ќе те внесат и ќе те стават на цтг.Најважно ќе те смиратАма мислам дека не се породилни
Маж ми уште прееска викаше да ме однесе таму кај што ќе се пораѓам, ама му реков ако не се смират и ако постанат интензивни тогаш ќе одиме, зедов магнезиум ама тука 3 пати по 60мг се зема, уште една таблета ми остана да ја земам, па ќе видам преку ноќ како ќе е, ако се зајача болката и ако не помине до утре ќе морам да одам.
Женски јас се породив конечно многу лесно поминав за разлика од првото на сите ви посакувам брзо и лесно да се олесните