Da kontrola na nekolku denovi mi rece dok, naredno vo vtornik na prvo ctg, pa peyok mi rece ponatamu ke vidime, se nadevam se ke bide dobro
@Ava.84 Пред некој ден на контрола кога бев, баш ја видов госпоѓицава како е наместена. Главче долу, телото лево, нозете до желудник па преку глава некако и беа Таман кога ќе се расклоца,урнебес ми прави во желудник. Ептен обратно ја имав замислено дека е наместена. Цел ден сум офффф не можам да дишам,оффф .. Еве иде време за легнување и на најјако почнува да мава. Да не ми е закажан царски таман можевме да истемпираме за раѓање. Ќе ти речев стискајјј не пуштај дури не ме фатат и мене болки Ама сакам да ми кажат чист ПАП, нема цин,нема опасност,може природно да раѓаш.. Ама па стрептокока имав на брисевите, пак проблем за природен
девојки еве веќе неколку саати , околу четри саати од 8 неакаде активно бебево мрда се врти се бутка надоле во секое ќоше ја осеќам .... претежно е размрдана вака навечер ама не толку долг интервал без пауза , ќе поспие некој пола саат па пак ќе мрдка 15 - 20 мин , како се бутка надоле си мислам водењак ќе ми пукне , кога седам уште повеќе мрда , задутре сум на контрола ама ме исплаши дали се е во ред , сега легнав малку на десна страна па се смири , ама кога лежам кичмата ме боли нешто денес , изгледа пак до 3 нема да спијам
Опушти се напиј се магнезиум ако ти помогне мене така ми беше вчера и со не многу топла вода се истуширав и се смири
Моето па ги намали движењата, осечам расте доста, овие два дена многу ми порасна стомакот, а и тој ко ќе мрдне со раката се црта цела дури му ја штипкам така помалце со два прсти. Исто ко ќе почнит долу да мрдат, сигурно со рачињата си го фаќат лицето пошо завртено е надолу, на ехо последен пат палецот во уста си го имаше. Утре и јас имам контрола едвај чекам. А јас? Јас сум ко тоа тенковите, едвај се движам.
па баш дека знам дека нема место дека и е тесно и волку многу не мрдаат овој период ме исплаши , со нозете како ми го тргаше стомакот дури болка како модрици да ми остави , со главчето надоле се бутка , притисок дури ми ствараше , легнав околу 2 и некако на лево , на десно се вртев па сум заспала , сабајле јас и гладна и се а жабата мрда со нозе горе со раце доле , левата страна од стомакот на допир почнува да ме боли ..... еве сега 15 мин спие па ќе видам до после како ќе биде може ќе отидам на ЦТГ ако ме држат уште будалите
И мене левата страна до папок ме боли на допир почнав да си правам паники во глава, ќе ѕвонам после на док да идам, вака ме боли од саботата
Се е во ред женска, сега има денови повеќе ќе мрдат, следните повеќе ќе спиет. После има да мислиш што спие што не мрда, јако не зафркаваат ова маливе. Јас пред три дена така навечер бепе до 3 ме искина значи од мрдање не ме остави да спијам. Уживај се си е во ред.
Денес бев на контрола, се е во ред со бебето, бебе нормална големина, никако не сака да ми каже колкаво е бебето точно. Му кажав дека не мрда многу и дека само се тегни, вика нормално е тоа веќе и нема место многу. Спуштена е главата ептен долу, ми прави притисок, зема димензии од главчето, се е нормално. Работава е да се породам нормално, ако не испадне нешто хитно до крај, па да мора царски. Ме праша дали имам контракции, да му викам, праша колку на ден, не знам му викам. На цтг не ме стави, немав вагинален преглед. Сигурно прашвеше за лажни контракции, пошо ми рече на англиски само "contraction" Инфузија за железо примив, црна беше, искрено каков третман добив, секои 5 минути додека ја примав инфузијата ме прашуваа дали е се во ред. Железото ми било 10 нормално било до 30, ама инфузијава добра била за ко ќе се породувам. На крај само мокрача ми зема. Тоа е тоа, следна контрола вторник, веќе тогаш ќе бидам 38 недела, ако не се породам до тогаш.
Не ти даваат сликички од ехо како тука што даваат и се да си пишува Малце глупаво е да не знаеш тежина и пропорции на главче Ама добро да не се замараш бар
Не тука во усб ако сакаш ги земаш. Не знам зошто не ми кажува само вика нормална големина, му викам да не се направи 4кг до крај, а не рече нема шанси нормално си е се. Само за ноџето ко го мереше, му викам што е ова, тоа е вика од карлицата до колено и е 7цм. Само толку инфо имам.
Бев денес на контрола , болки нема на ЦТГ , отворена не сум дополнително , рече докторкава барем 37 + 1 и можело да се пораѓам , пред тоа ги зимале бебињата како прематурче ( ја не сум знаела за ова си мислев влези во 9 ти и може да искача ) , е сега постелка зрела ептен и бебе од мината недела 2900 сега качило само 150 гр , ама ми рече дека е ОК има напредок и плус другите бебиња ми се исто со по 3 кг родени , оставивме за понеделник да се видиме пак како што разбрав на дежурство е тогаш и уште еднаш ми повтори барем 37 ма недела со некој ден и сме биле во безбедна зона , ја и денес со спремна торбица бев во кола ама нека поседи бебче уште малку чим викаат дека може
Јас имам доста лажни контракции денес, како благи периодни болки. И мојата торба е спремна во собата на подот си седит во еден ќош. Само тука мака ми е што не ставаат цтг, ама тоа е што е.
имав во чекална болки слаби , и на ехо баш ме праша ми вика имаш сега контракција и викам да баш во моментов имам , само цтг - беше едното расипано , другото мереше тонови на бебе ама контракции не мереше , ама и овака и онака немам класични па да ме фаќа паника ако дојдат вистински ја одма ќе реагирам и кажав и на докторката
Ова лажниве контракции се ко ќе те болит стомакот како пред да ти дојде период и позади во кичмата те боли исто така блага болка?
Тоа што опиша се и Вистинските болки бар кај мене беа. Разликата ми беше кога ќе се поместам лажните прекинуваа а вистинските не. О цело време се осеќав како да ми се мочка одам во вц ништо. И само појачуваа. Кичма, менструални болки, болки во колкови и колената имав..
Ги снемува некое време, после пак се појавуваат. Вака и во стомакот горе ко да ме фаќа помалце не само долу. Не знам зошто не ме провери дали сум бар отворена долу Бебе си мрда, ама само се тегнит, нема место Дури ме сецка вака долу кај стомакот ниско ко ќе седнам. Јас ко дивјак седнувам, станувам место полека. Не знам, ќе пратам вечерва, не би сакала пред време да се породам искрено. Нека е уште 2 недели во стомакот.
Чим ги снемува лажни се. Мене докторката кога ја прашав кои се вистински болки вака ми кажа: Ако не прекинуваат менструалните болки тие се. Значи да се без прекин и пауза. И така и беше кај мене. Како и да е ако ти е шубе оди во болница. Ја од 36та им висев на Цтг пошто бев цело време со болки Поголем е ризик да седиш отколку да одиш на преглед