Ги снемува и кога ќе станам и кога ќе променам позиција. Секако ќе следам ќе видиме. Кога почна да се отвараш ти?
Дури демта откога ми пукна впдењак во болница пред тоа ижав болки ама 1цм птворена отидов кога ме фатија вистинските
едвај чекам да почнам со цтг. само уште брисевите наредна недела да бидат во ред. каде ги носевте на испитување државно? дали во центар за јавно здравје и дали од таму враќаат резултати брзо (за 2 дена макс.)?
мене лажните ми се многу слични на вистинските само се 100 пати по благи и секако се нередовни , јас имам како менструална болка напред доле и во половината и стомакот ми се стега и може после саат време да имам друга или после 3 саати , слични се вистинските само тие кога ќе те стегнат па пуштаат и за кратко време пак стегаат и така во круг , нема шанси да се утнат зашто имаат редовни интервали ...
Женска паника ме фати сега, јас да не се породам дома Не знам од каде ми идат мисливе, ама ете болките не се јаки ама си ги имам цел ден како пред са добијам.
Kај мене беа така, почнаа како слаби менструални ама и како за запек. Поминуваа па пак се јавуваа ама не на исти интервали. Ама не ми поминуваа при промена на положба или при размрдување. Тие биле болки за отварање ми рече докторката. Јас прво мислев дека имам запек, па кога видов дека не е тоа, сигурна бев дека се лажни контракции, а кога стигнав во болница бев веќе 4,5цм отворена. Исто главче на бебе многу ниско му беше последните 2 недели на прегледите. Немав ич болки во половина и не ни осетив такви.
ох леле и јас така бев , ако сум поминала низ ова се веќе два пати , а бе психа е најлошо нешто , а на пример знам дека тоа не иде така лесно , знам дека треба и време да помине и да се отвориш и чеп да падне и водењак да пукне , ама пусти памет се ме завејува на таа страна .... денес нешто нервозна сум леле леле ни спиење не ми помога ни филм ни ништо , мислам дека ќе убијам некој
Епа и јас од денес почнав да осеќам менструални болки дури толку ми е непријатно што се затворам во тоалет и сакам сама да сум. Дури ми доаѓа да се напијам бруфен за болка. И да одам сега во Ремедика претпоставувам ќе ме вратат. А реално чудно ми е што 3 недели откако влегов 36 недела не сум прегледана вагинално последно беше за брисеви 35 недела, а баш и овде пишав дека се осеќам ко воспалена доле веќе со денови, мм вика дај да бутнам прсти да видам хаха е не сега ќе играме пациент и гинеколог боже боже
Абе тоа најмногу ми направи паника, што не ме прегледа дали сум отворена. Ми се чини отворена сум, со слаби болки па си седам така дома и дека секој момент ќе се породам. Будала сум еј Може и немаше потреба сепак доктор е знае тој. Жими се прееска сакав да прашам дали може маж ми да провери хахахаха
А јас имам едно може глупаво прашање, ќе ми се смеете хаха.. Дали треба да пукне водењакот за да почне со отварање или нема врска?
Ништо не е глупо, да си прашаш се што те интересира тука има доста искусни што знаат. И мене ме интересира ова.
Хелоу ја сум 36+4Бебушка 2663 грама цтг мирно без вагинален преглед наредна контрола за две недели таман ќе бидам 38г.н пак ехо ќе гледа и движење на плодова вода
видете ја сум со скратено грло и подотворена 2,5 см , така сум веќе 4 недели и од што се умислувам денес викам ќе ме прегледа ќе рече 5 см и дури и спомнав ама немало промена ( значи си се умислувам) , плус не сум прворотка , од искуство Ви кажувам не би требало така лесно да иде отварањето ...... мускули се и притисок јас мислам главчето и го осеќам доле како ѕирка ама далеку е од искачање
Со првото ми пукна водењакот дома во 10 вечер и тоа филмски како кофа со вода да де истура, во болница едвај сантим отворена а се породив наредното сабајле во 8ипол. Сега со второто на бокс ме однесоа фул отворена 10, и тогаш ми го пукнаа. На целото отварање не ми пукна сам од себе
И како е подобро? Мислам дека втората ситуација е подобра, ама ај да не се плашиме тие што сме на прво.
А дали отварањето може да се случи да речеме преку ноќ? Пред една недела на преглед бев затворена, дали во меѓувреме, еве да речеме после една недела почнало отварањето?