Првата ситуација беше што се само си се одвиваше природно, а со второто бев со провокација и додека ме провери докторот јас веќе сум се отворила цела. Али искрено и двата пати поминав брзо и лесно, со тоа што болките со провокација ми беа посилни него што памтам од првиот пат. Али без гајле се се издржува, и после ќе си гушкате најубаво и најнежно човечуле на светот (Вака кога се присеќам, ми доаѓа на трето да почнам да работам )
Ах сигурно и тоа може да се случи, и од тука имам читано повеќе членки како од преглед на преглед имало разлика, или па дури и на пораѓај ги задржале а самите дома имале само како менструални болки или сл. Кога ќе си посака бебче да излегува ќе си каже и почне самото, ич да не се плашите.
Здраво, Од утре ќе бидам 38 недела па сакав да ве прашам дали имавте болки во препони и под стомакот?
Патронажната сестра ми кажа дека кај првородки вообичаено од прва болка до пораѓај поминуваат околу 24 часа. И точно беше кај мене,ноќта околу 3,4 осетив минимални болки, другата ноќ во 2:40 се породив Отидов отворена 3-4 прста, на 6-7 ми го пукнаа водењакот и после 1 саат од пукање водењак се породив. Така да без страв,не оди толку брзо процесот
Кај мене така се случи Ден пред да се породам бев одвај 1цм отворена, грло тврдо и високо, па докторката малку ме подотвори..после прегледот имав сукрвица и испадна чепот, следниот ден веќе бев 4,5цм кога се вратив на болница и се породив Водењакот таму ми го пукнаа, така да додека не пукне, нема врска колку цм сте отворени за пораѓај. Кај некого со денови оди отварањето, кај некој со саати. Кај некого пука на 1цм отворено грло, кај некого на 9-10 нема правило.
Во препони и колкови да.. Дури и од сон се будев некогаш. Нормално е тоа како се ближи крајот, се спушта бебе ниско во карлица.
Прво бев на цтг таа сестрата ми заспа па ја будев па ја чекав докторката некако ме гледаше на ехо ми ми кажа тежина на бебушка потоа имав преглед со рака малку докторката беше груба не се ни обиде да ме опушти па да почне со преглед и ми рече дека не сум била ич отворена и дека ми е рано се ова било лажно и за недела дена кај нив претпладне на контрола
Женски да ве прашам деновиве знае на препони како струја нешто да ми помене,не знам како да објаснам,како одненадеж болка да ме штрецне како со нож да ми брцнал некој на препони,33+4 сум. Нормално е за оваа недела? Или да не ме плаши бебо порано да излегува.
Штета телефон што ми беше во јакна и неможев да снимам па со оглед на тоа дека беше скоро 4 сабајле кога отидов
Мене ми беше пукнат високо и не се осети дека е пукнат,не се отварав одма, на болница ми го допукнаа, а можеш и да се отвараш, а да ме ти е ич пукнат.
Аха е па добро ако не е нешто опасно, добра си. Добро им текнало неделно да ти прават контроли. Заспала е се приспило не била спиена, касно беше, боже свашта.
Секако, на 10ти бев на преглед ми рекоја не си спремна, на 12ти вечерта бев на преглед, пак не си спремна, на 13ти вечерта ми почна пораѓајот. Отварањето може да се случи после саат време. Во 23ч ми падна слузниот чеп, во 00:30 веќе почнаа болките.
Значи може секој момент да дојде, не мора да има симптоми некои. Пошо јас ни сукрвица, ниту мукозен чеп ништо немам. Само тие лажни контракции што ги имам од време на време и тоа ти е.