Девојки конечно стигнавме до 36та недела.. Последниве денови и недели многу споро минуваат.. Попладне сме на контрола(ги бројам саатите) да видиме колкави сме, дали сме спремни за вадење Осеќам доле веќе притисок и болка, се си мислам отворена сум, па ќе видиме што ќе каже докторката. Едвај чекам
Јас се мислев меѓу Санте и Систина. Ама, Санте со дозволенине придружби од +12 души со пациентката ми се одмили. Одвратно. Во Чаир бев два пати неделава нит придружба нит гужва нит ништо. Можат да контролираат за разлика од Санте.
Ни јас не знам за какви гужви збори кога ми потенцираа нема посети, само може маж но со нег. тест ..?
Да исто и мене баш сакав децата да дојдеа барем да се израдуваа ама што е тоа е.. Од 14 влегувам 36 недела па ке видиме како што се договаравме со док нова год ке ја дочекаме таму
А бараат ли од нас родилките негативен тест? И кој доктор го избравте? Јас за 3 недели треба да почнам таму со контроли па ќе видиме
Денес бев на контрола, ме болеше половината и стомакот, така било оти бебето се наместило со главата надоле. Побарав боледување барем една недела, цела бременост одам на работа, тешко ми стана сега. Матичниот не ми даде. Ми рече дека сум ослободена секако од работа, ми даде потврда. А кај нас не ја признаваат. Треба сега да се заканувам дека ќе ги пријавам, а уште еден месец и отварам породилно. Многу се изнервирав, ептен. А и плус докторот ми кажа дека срцето на бебето му изгледало поголемо, многу ме исплаши. Утре одам на второ мислење. Се надевам дека е се добро. Дали имала некоја вакво искуство?
Не бараат за нас тест. Јас Елма ја одбрав мн позитивни коментари слушнав за неа. И ја запознав вистина така е. Па ке видиме како ке поминеме со порагајот.
Несоници на ниво А денес прв пат и тргни застани бев по пат и ко баба движев Многу терет ми беше , се уморував ко да сум одела 1час а ја само 10мин у движење и почна тешко , плус загушлив воздух и маскава , и си видов клупа и си подседнав па си продолжив ко полжав да движам .. денес прв пат и мене ептен ме удри психа за малата , бев и јас за брисеви и др обврски малце се подзадржав , абе коа се вратив не се одлепи од мене пола сат , така милна кротка гушкање , ептен сум и зафалила ами 4-5 дена како ќе сме леле , па и поеќе од времето дури сум болница со баба и ќе биде ни татко и нема да е дома многу , цела се наежив
37+1 нормално ли е бебе само полека да се тегни? Ги нема веќе тие константни удари. И синоќа на десната страна на ребрата ми притискаше, се тегнеше, баш беше болно. Сигурно нема место веќе.
Да, кај мене исто цела бременост мрдање претање, парче правеше, некогаш си мислев да не направи нешто сам да не се повреди од толку мрдање веќе од кај 36 недела се смири, само кога се врти некогаш или некое ситно мрдање ќе го почувствувам, но далеку е од тоа што беше да игра фудбал внатре што викаат нема местенце веќе тесно му е за да има мрдање како претходно
и кај мене денес мирна , икаше прееска инаку само се тегне , а синоќа правеше журка пред спиење .... претежно после 21 ч се активира ќе видиме како ќе биде до после
Јас се напив лименка кока кола и така на брзински ја испив, ко се размрда, после ми беше жал што го разбудив. Абе ни вака ни така сум. Ќе си бидам јас паничарка мајка. Кај мене исто ика или еднаш или по два пати на ден.
и јас сум слично 11 со 8 год , од симптоми и од периодот бременост скоро како да ми е комплетно ново искуство , ама пораѓај не сум заборавила само оваа бременост сум невиден хаос и во паника голема од прв момент
Девојки здраво.. Јас влегов денес во 36 недела, вчера на два пати имав болки како за добивање, еве и сега исто.. Средата бев на контрола,бебуш 2.600 според мерките, постелка зрела III степен, плодова вода доволно. Термин ми е 01.01.. Од што може да се болкиве?
Од 36 недела почнуваат болките за спуштање на бебе во карлица.Матката прави контракции и го мести бебето за пораѓај.Нормани предпородилни болки