Ме примате во друштвово? Примале или не, јас си дојдов. 28 полни денес Некако ми спласна еуфоријата, сега сакам само да ми е добар и не ме интересира ни купување, ни спремање, ништо. Едвај чекам да се вратам во таа фаза на позитива, ми фали. Душето е добро, релативно мирничко ама ваљда ќе станат ударите посилни како што ојакнува. Само да се држиме до безбедни недели.
@LivingGlam welcome и со лесно, за мене е тешко поради големиот стомак. Се мислам дали и на тие со помало стомаче им е вака исто тешко или има разлика? Иначе јас бев добра со киселините, ама од денес нешто ми почнаа. цел ден пробува на природна база да ги смирам, ама ништо.
Тука сме со термините. Матичниот ме води 1 март, во приватната клиника 26 февруари, бебево е напред една недела засега, па ќе видиме кога ќе биде.
Јас да и тоа не можев да се препознаам дека сум се претворила во личност на која и се јаде на секои 15 мин., особено благо.
33+2 пак огромна болка во препони особено кога сум во движење преку ден, кичма навечер хаос неможам подолго од 40мин да легам, а сега на моменти имам болки и во долниот дел од стомакот, неможам да функционирам пак матичниот вика се е нормално.. Освен магнезиум како да си помогнам на друг начин и дали е ова случај и кај некоја друга мислам рано ми е да почнало бебе да се спушта..
Нормално е, само мг пиј и зависи колку доза земаш јас од 400 пијам. Истите симтоми ги имам и јас 38+5, едвај чекам да се породам моево бебуле нема абер да излезе
Ќе ставаш епидурал? Прво ли ти е? Еден куп прашања, ама ме интересира пошо ми се ближи времето и мене.
Прво ми е со епидурал да. Јас бев исто со дилеми како тебе и многу голем паничар сум у принцип и само прашував што и како за пораѓај искуства секакви се изнаслушав и овде на фемина изначитав. Но и ти исто како мене не му ја мисли многу и опушти се максимално како сите така и ние ќе си се породиме
И јас сум 36 та исто имам такви болки одвреме на време , и стврднување мислам дека веке се спушта и е нормално кај мене и е мн активно по цел ден бута и мрда .. си велам ова мое бебе кога спие хаха...
Исто и моево, дури ми се чини ќе излезе и ги собираам нозеве Нека си поседат барем уште две недели.. ќе издржиме, па да се гушкаме
А кај тебе од која недела се појавија..? Мене веќе се ми е тешко не се препознавам не можам до дуќан да одам нонстоп седната или легната, а кога ќе станам одвај станувам буквално одвај одам со голем напор
35 недела веќе тешко ми беше од аспект вагинално воспалена се осеќам уште од тој период и болки во кичма сега интензитираат посилно и јас тешко одам ама па ја контра болкава за инает брзо одам нонстоп шетам и дома само си чистам буквално како стара баба се осеќам ама не дозволувам да ме совлада болката и масажа секој ден мм ме масира пред спиење
37+3 денес многу пешачев и сега главата од бебето скроз ја осеќам спуштена. Тежината цела ми е долу над мочниот меур. Ама ова бебле ќе нема абер да излезе следниве недели изгледа. Баш ленливо ко црногорче
Девојки да ви се приклучам и јас тука и мене исти такви ми се болките дури страв ме фаќа мрда страшно, а долу кај препоните болки дури нозете ми се укочват!