Мешиња јас да си се пожалам сабајле се исплашив ме фатија лажни контракции ме болеше долниот дел од стомакот и грбот ме држеа едно два три сати па се напив магнезиум и ми пуштија иначе сум 31+3
И јас имав сабајле тоа,баш истото,само пократко траеше,дали се лажни контракции незнам,прво ми е,па се'ми е непознато.А јас и ти сме исто со неделите
Мене ме фаќаат така болки кога се движам повеќе, или кога ќе се истегнам во спиење. Ама не се плашам знам рано ми е, од среда 33та ќе почнам. Моментално сум фокусирана што да зготвам, по цел ден готвам, чистам, оти постиме со сопрругот и само испробувам нови рецепти . Јас не сакам он да ми ослабне
Мешиња рано е уште, но да си знам како се осеќа дека имате контракции? Со првото ич немав, се породив со поминат термин и провокација, сега како прв пат да сум трудна Само знам дека овој пат дома ќе си чекам болки, кога ќе фатат тогаш правец болница. А како да знам дека е време за болница?Освен пукнат водењак..
Кај мене почна со менструални болки минимални во 3 ноќе, па ги имаше на некој саат. Следната беше појака ,па појака...истовремено имав кафеаво-црвеникав исцедок ,а од претходната вечер ме болеше левиот колк (дотогаш само десниот ме болеше). Ова ти кажувам болки додека бев 3ипол прста отворена. Другиот ден приквечерта отидов во болница и ми кажаа дека ќе ме задржат,па после почнаа посилни болки,ми пукнаа водењак и се породив
Почнуваат како менструални болки, на почетокот на интервал од саат време. Па покасно интервалот меѓу болките се намалува а интензитетот на болките се зголемува. Оние јаки болки се чувствуваат како силен појас да те стега доле под папокот, кај јајниците и се шири во двата правци, кај некои и боли и кичмата долниот дел (мене тоа не ме болеше). Се повеќе и повеќе боли. Може и да имаш паѓање на слузнуот чеп во меѓувреме. Е веќе напоните се чуствуваат како потреба за одење во вц на голема нужда. Кај мене беше ова сценарио исто и во двете бремености. Скроз исто. Плус јас брзо се отварам. За 3-4 сати до 10 прста. Не ни стигнав овој пат да примам аналгезија некаква.
Женски како е најдобро да се припреми човек психички и физички пред породување? Јас некако се мислам на моментот нонстоп, може нормално е ама и претерувам..
Женички денес бев на вагинален преглед и цтг, спремно и спуштено е бебето 1 прст отворена. Докторката ми кажа ќе биде овие денови болки имам секаде и неможам да движам после прегледот ми кажа дека треба чеп да ми падне денес утре. Многу се плашам ама спремна сум мора да се раѓа, се надевам добро ќе поминам..
Денес бев прв пат на ЦТГ, инаку сум 36+3 и отчукувањата на бебе беа на горна граница, докторката спомна да не сум јас возбудена или нешто вознемирена, бев малку уплашена дека прво ама не којзнае колку и тоа малце ме загрижи исто излезе и една контракција во тој пола саат дури бев на цтг. Потоа ме гледаше и на ехо рече дека има доволно плодова вода и постелката е II степен зрела и не очекува дека ќе биде многу брзо породувањето. Некоја со слично искуство...
Јас бев на контрола. Само ехо, го измери бебе, плодова вода ок. Се е во ред, урина и крв ми зема. Следна контрола кај него вторник, а ако не се породам до термин 23 декември, да одам во болницата кај што треба да се пораѓам. Вагинален преглед немав, валда тука не прегледуваат вагинално. ЦТГ не знам како изгледа. Виде на ехо рече главчето му е сеуште горе не е почнато да се спушта. Ќе си седиме уште во стомачето на мама фино ни е Тоа е тоа. Сега ќе одам да се раздвижам да пробам да го спуштам долу хахаха Од утре 38 недела.
движење движење само, има време секако уште , времето ладно надвор внатре им е на бебушки топло, убаво , па што сме запнале за искачање и ние толку неразбрани леле мене лудило веќе ме фаќа , секое ќоше од спратов по три пати го исчистив , испеглав се исправ се што имаше по плакари , мм ме гледа како да сум некоја удрена една секунда се смеам , друга секунда спремна да се карам , топло ми е , па ладно ми е .....леле волку променливо расположение не сум имала никогаш не се трпам сама себе , а не па друг да ме трпи
Запнав зш тешко ми е не можам повеќе да се движам, ко слон сум. Ама тоа е што е, не ќе да е за брзо така му изгледаше на докторот. Тука не ми прави вагинални прегледи и цтг, сигурно не сакаат да индицираат да падне чепот на сила. Се природно чекаат, то ти е. Цтг богами не знам како изгледа, само еднаш мк имав и тоа е тоа. Хаха ти полека успори со темпото. Еве јас си купив урми да си го почнам процесот некако. Не ми се трпит уште две недели може и поќе. Спојлер
најтешки се овие недели , и хормоните и тежината и се кога ќе се насобере , џабе е се .... нема врска прва втора трета и така натака бременост , ама ќе летнат неделите па ќе се гушкаме со бебушки и ја идам утре на шопинг по урми и ананас
Не знам дали ви се случува и на вас 33та недела од утре, се ми смета, се ми оди на нерви, откако сатам додека легнам само правам нешто, преморам се, а место не ме држи. Кога е сопругот на работа осамена сум, кога е дома сама сакам да сум . Никако да ми се погоди било што.