мамички да ве прашам за витамините премама 39 нед ме водат , дали е проблем ако не ги пијам или некочку дена сло прескокнам ? од кога сум остснста ги пијам па сега шубе ми е сакам мислење ...
А зошто би ги прекинала? Ја пиев до крај а и после пораѓај си продолжив нема штета пиј си посебно во пандемијава Ама ако сакаш да прекинеш можеш секако ама пиј си вит ц магнезиум ...внесувај витамини преку храна, цеди сокови...
Во трето тромесечие хормоните се дуплираат, телото се спрема за пораѓај. Се повеќе и повеќе ќе си нервозна, јас имаше моменти си плачев за ништо. Не знам за таму, ама мене тука докторот ми рече да пијам и после породување поради млекото.
И мене ме фаќа нервоза,ми се плаче, некако се ми е насобрано. Ми станува тешко веќе,не можам да си најдам позиција никако ни за седење,ниту за спиење. А и не знам зошто овој пат повеќе ме фаќа страв и паника,за првото бев порелаксирана и позитивна. Кое меше од тука со мене во јануари ќе се тешиме?
Јас би ти рекла да се исплачеш, ќе си олесниш. Само не претерувај бебе те осеќа Хормони се тоа. Јас денес толку се исплашив да не треба со провокации да се породувам, ама тоа е што е нема бегање. Мора некако да излезе бебе од внатре.
Јас дента 40+2 купив урми демек ќе ги јадам да убрзам процес,рано сабајлето 40+3 почнаа болките. Ене ги урмите стојат така,дојди земи ги.
Хахаха одма, ќе се предозирам со урмиве. Демек нешто помага ова, бабини деветтини. Него што стори ти со чајот за доење го пиеш ли? Има ли ефект?
За урмите само сум слушнала и прочитала дека имале ефект. Ама не ги пробав воопшто. Само ги купив и останаа не отворени. Дента кога се вратив од болница ги видов и се поднасмеав. Сепак без ваша помош се породив си помислив. Да да го пијам чајот, како што е напишано на кутијата го дозирам и топ. Јас имам млеко. Пијам и вода и сок од јаболко бистар. Еве активно дојам цела недела. Бебе наспано, среќно, мирничко. Пелени полни без проблем. Денес дома беше патронажна сестра, го пофали бебчето дека супер напредува. И така да продолжиме. Јас горда на себе и на бебенцето.
Е супер, и јас го имам истиот чај од Хипп, мило ми е да е се во ред. Прцла нека расте голема,здрава и жива
Оф,си плачам јас цела бременост и онака сум емотивка,сега плус и хормони. @Fatalnata ,каде се породи ти?Второ ти беше така?
Јас сум прва половина на јануари, ама дека прво, повеќе сум возбудена, за чудо не ме фаќа паника, а дури сега почнав со спремање на се, па со тоа се занимавам после работа. Спиење лево десно па пак исто, мислам дека цела ноќ се превртувам.
јас и ти сме ден-два разлика во термин мислам. јас па така лошо се загрцнав од сопствената плунка пред саат време и се испокашлав и подмочнав уз кашлањето, влегов да се истуширам и за прв пат забележав жолта капка (колострум) од едната града. сега лежам и бебево неуморно се превртува, како да не може да си најде позиција и почнаа триста грижи да ми се мотаат низ глава (се надевам непотребни). па и некои слаби менструални болки ко да имам. скоро полна 35та иначе.
Си плачам и јас од време на време, ми олесни и течност вишка пд организмот ифрлам Ако нема со кој да се скарам за да плачам ( кај мојте идам само за занерка да си најдам ) па си пушатм филм, емисии некој за да си се исплачам поубаво. 27ми јануар ми е терминот, ти до кога си?
мислев една ден дека не бев во можност да купам денеска па ме фаќа паника за една ден дали има проблем
Хаха те гледам чудна, јас три дена немав пиено. Ми се потрошија од Мк и додека појдов на контрола три дена не пиев. Опушти се за еден ден воопшто не се осеќа.
Јас си јадев последните 2 недели секој ден по 5-6 урми. Не знам дали имаше ефект ама ајде, се што слушнав/знаев пробував, не за да убрзам процес туку за да почне да омекнува грлото, бебе да се спушти... И само што ги изедов последните 5, следниот ден се породив дали е коинциденција не знам, ама има и други фактори кои сигурно ми помогнаа: многу пешачење секој ден, качување скали и секс
Ќе морам и јас скали да почнам да накачувам, ама баш ми е тешко ми тежи стомакот. За секс не знам, не ми е пријатно со оволкав стомак. До пред две недели ај немав проблем, ама сега откако ми се дуплира стомаков не можам.