Мене термин ми е 01.01 го осеќам често меѓутоа не се толку јаки и импулсивни движењата како претходно, исто се случува на 2-3 дена да ика, па и тоа се осеќа
Кај мене знае да биде рингишпил некад поише дури мислам дека нс моменти се тресе како пингвин внатре во стомакот
Знам дека исцедокот е нормален, ама мене ми е количински некако многу. Два дена само менувам веш - станувам мокра скоро после секое седење. Не мириса на урина, прво помислив да не пуштам Петок сум на брисеви, да чекам или да барам преглед ? :/ Ич несакам да замарам доктори во коронава
Јас вчера бев на брисеви, инаку секој ден користам дневни веќе со месеци заради исцедокот. Ако од купатело до спална дојдам без дневна, мене ми се влажни гаките.
38+6 Луѓе и вие ли имавте пред породување константни лажни болки или braxton hicks. Веќе почнаа и да ми одат на нерви. По малце така си боли нонстоп, не е болно ама досадно е. Цело време како да ми доаѓа период.
Јас сум 33 + 6, ми земаа 2 бриса, 1 од вагина, еден окплу анус. Мислам дека 4 се испитувања се, не сум сигурна.
Прашувам и јас и матичната и во ремедика кога одам,се што не ми е јасно,ама ете за ова не сум.ама затоа се тука друшките од фемина .
Tоа е ехо, се гледаат протоци, плодова вода, постелка, мерки на бебе. Мене од 31 недела па до крај сите прегледи такви ми беа.
Па тие основни работи, и сега ми ги кажува на преглед матичната, се мислам дали негде приватно да одам, некои го водат како трет скрининг, не знам, а и Димчев на вториот скрининг, ми рече како демек се гледаме таму 31ва недела, па затоа и се мислам.