Веќе имам споделено дека сум презадоволна од детската козметика на веледа.Ја користам од старт и никогаш не сме имале проблем. Во темата за детска козметика го споделив и линкот на @Biodevojka кој е многу поучен за сите нас.
За градите мора да ја има и таму Бепантен кремата, таа е од Bayer производство, многу ми ја пофалија 2-3 пријателки кои ги користеле пред доењето и за време на доењето. еве ти линк: http://www.healthexpress.co.nz/bepanthen_ointment_30g.html#.VlTH3W6Np4s или: http://apotekaonline.rs/bepathen-mast
Фала за советот,кога ќе излезам викендов да си ја купам право.Да си имам таква крема за секој случај.
Јас ги имам и двете колекции од веледа. Во двете креми на сликава има цинк оксид. Првава крема е купена пред да се роди бебуш. Значи ја користам скоро 5 месеци и гледаш колку малку е само користена. Втората ми е како резерва, но бидејќи кога пределот си е без иритации не користам ништо, првава уште трае. Плус сме од старт со влажни марамици(памперс сенситив). За градите ја користев оваа. Многу беше ефективна. После само неколку користења ми помогна и остана за среќа неискористена. Од дм ја зедов. Има одлични критики од сите.
Мешиња се вратив пред 5 мин и одма да ви пишам. Малава се сврте со главчето надоле баш за време на ехото и си бараше позиција. До денес знчи си беше со главчето горе и поради мрдањето јаки ми беа и болките. Докторката се изнарадува пошто ретко го гледале тоа на ехо. Интересно и мене ми беше, ама може цели 20 мин гледавме како малава се врти. Циркузи дете ме извади од памет. Рече дека вака ке приболува и ке останувам без здив се додека си најде соодветна позиција. Рече дека имам многу плодова вода истото ми го кажува и матичната секогаш кога одам на 4д. Воглавно тоа е. Рече може магнезиум да пијам и 2 пати дневно, а ако имам јаки болки да се напијам спазмекс. Ама утре после д-димерите ке одам кај матичната на контрола. Уф ми падна терет од градиве. Да додадам и ова исто кажа и оваа а и специјалистот пред тоа дека имам многу јака мускулатура, па потешко се шири. Добро бар тоа ни е генетски добро што немам ни стрии ни една цртка. Кожата ми е супер. Добро е што нема да троошам на креми
Спојлер: Трето тромесечие Третото тромесечие од бременоста трае од 29-тата до 40-тата седмица. Ова тромесечие го означува и крајот на бременоста. Некои од непријатностите од второто тромесечие ќе продолжат, но ќе се јават и нови. Најчесто во третото тромесечие се јавуваат потешкотии во дишењето, заради притисокот на матката врз белите дробови. Немојте да се грижите, ништо од ова не е опасно ниту за вас, ниту за вашето бебе. Исто така зачестува и потребата од мокрење. Сето ова ќе исчезне откако бебето ќе се роди. Во третото тромесечие може да се јави отекување на глуждовите, проблеми со спиењето, болки во стомакот и лажни (но понекогаш и вистински) контракции. Задолжително запознајте се со знаците на прееклампсија и предвремено породување. Во двата случаја навременото реагирање е од животна важност и за мајката и за бебето. Како ќе се приближувате до крајот на бременоста, вратот на матката ќе станува поистенчен, помек и ќе почне да се отвара. Тоа може да предизвика уште посилен вагинален исцедок. Ова значи дека наскоро бебето ќе стигне на свет. Вашата бременост, секако завршува со породувањето. Иако како должина на траењето на бременоста се земаат 40 седмици, не мал број на бремености продолжуваат до 42-тата седмица. Ова е случај особено ако се работи за прва бременост. Немојте да се грижите. Она што е многу важно се вашите редовни контроли кај вашиот лекар. Доколку има некаков проблем вашиот лекар ќе го забележи тоа. Имајте на ум дека описот којшто го наведовме е само ориентационен и приближен. Односно може да има разлика кај различни жени, бремени со различни бебиња. Запомнете дека секоја жена е посебна и дека нема две исти бремености, ниту кај една иста жена. Спојлер: Триесетта седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Старите симптоми продолжуваат: чешање на кожата, киселини, проблеми со варењето на храната, подуеност, гасови, отеченост, болки во грбот, стомакот, грчеви во нозете, проширени вени, хемороиди... Но, наградата ќе биде незамисливо поголема од сето тоа. Совет: Внимавајте на знаците на прееклампсија. Ако почувствувате нагло отекување, главоболка, гадење и повраќање, ВЕДНАШ реагирајте и одете на лекар. Благовременото реагирање е од исклучителна важност. Во третото тромесечие е честа појавата на хемороиди. Пред да почнете да употребувате било какви лекарства, посоветувајте се со вашиот лекар. Некои од нив можат да му наштетат на бебето. Не се откажувајте од Вашите редовни прошетки. Тие ќе ви помогнат да го одржите телото во кондиција за денот на породувањето. Сепак во никој случај не треба да се преоптоварувате и секогаш обидете се да си го дозволите потребниот одмор. Имајте в предвид дека најудобна положба за спиење во текот на брменоста е кога сте свртени на лева страна. Тогаш аортата е најслободна за да овозможи нормален доток на крв во вашето тело. Бебето: Нежните влакненца, кои го покриваат вашето бебе полека почнуваат да исчезнуваат. Кога е будно, бебето ги држи очите отворени и е свесно за она што се случува околу него. Тоа разгледува наоколу, иако заради тесниот простор глетката му е ограничена. Матката не е секогаш темно место. Светлината на околината во која се наоѓате може да продре во неа и да му го овозможи разгледувањето. Оваа недела бебето е сконцентрирано на растот на мозокот. Просечната должина на бебето сега е околу 39.9 см, а просечната тежина околу 1320 грама. Таткото: Продолжете со подршката на мајката. Вашите масажи сеуште се добродојдени. Охрабрете ја на заеднички прошетки. Имајте на ум, дека со тоа што земате активно учество во бременоста, Вие вложувате во среќата на Вашето семејство. Мешиња ке морам неколку постови, пошто во еден не собира. Да имаме за читкање за секоја недела посебно.
Спојлер: Триесет и прва седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Бебето расте, а со тоа и вашите болки во ребрата и колковите. Си остануваат грчевите во нозете, киселините, подуеноста, хемороидите, болките во грбот... Иако многу ретко, сепак некои жени и овој дел од бременоста го помнуваат без проблеми и неугодности. Ако сте една од нив, сметајте се за екстремно среќна. Како што вашето тело се подготува за чинот на породување, така може да се зачестат и Брекстон-Хиксовите контракции. При овие контракции можете да почувствувате како матката наеднаш се стега. Обично не се болни и се само припрема на телото за вистинските породилни контракции. Најчесто стануваат поприметливи околу осмиот месец и може да продолжат до самото породување. Совет: Внимавајте да внесувате доволно калциум. Вашите потреби од калциум се зголемуваат со растењето и зацврстувањето на коските на бебето. Јадете млеко и млечни производи. Продолжете со вашите редовни прошетки. Болките може да си ги олесните со топла бања, која пак не смее да биде прежешка. Не се плашете дека заради вашето плитко дишење бебето ќе нема доволно кислород. Тоа прима сосема доволно кислород преку плацентата. Бебето: Сега веќе сите 5 сетила на бебето се развиени. Она што има потреба од најмногу развој се белите дробови. Со таложењето на сало кај бебето, неговата кожа се измазнува и станува розова. Музиката што сега ја слуша, вашето бебе ќе ја запамети и после породувањето. Бидејки јасно го разликува Вашиот и гласот на таткото, препорачливо е да му зборувате и пеете. Испитувањата покажале дека срцето на бебето чука забрзано кога го слуша гласот на неговите родители. Просечната должина на бебето сега е околу 41 см, а просечната тежина околу 1500 грама. Таткото: Ова е тежок период за мајката, па обидете да и помогнете колку можете повеќе. Слушајте ги со целосно внимание нејзините поплаки. Обидете се да бидете што поприсутен во нејзиниот живот. Тоа е вашето зачекорување во родителството, иако бебето се уште не е дојдено. Приуштете и масажа на грбот и стопалата. Тоа може во голема мера да и ги намали болките и да и помогне да се опушти. Бебе во 31-ва седмица на бременост
Спојлер: Триесет и втора седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Од оваа недела вашите редовни контроли кај гинекологот веројатно ќе зачестат. Врвот на вашата матка е околу 15 см над Вашиот папок, па притисокот врз белите дробови, ребрата и другите органи е доста голем. Тоа значи се уште: киселини, подуеност, плитко дишење, зачестено мокрење, отеченост ит.н. Појачаното бело прање или така наречено леукореја е присутно и нормално во текот на целата бременост. Сепак како што се приближува денот на породувањето, уште повеќе се појачува и вагиналниот секрет. Брекстон-Хиксовите контракции исто така може да стануваат се посилни. Совет: Обидете се што повеќе да си ги олесните неугодносите. Пијте доста вода, шетајте. За ублажување на болките може многу да помогне топла бања. Сепак внимавајте водата да не биде прежешка. Распрашајте го вашиот лекар за се што Ве интересира во врска со породувањето. Внимавајте на знаците на преeклампсија. Отоците на нозете, глуждовите и дланките се нормална појава во текот на бременоста, но доколку се појави нагло отекување (особено на лицето), силна главоболка, гадење или повраќање.. време е под итно да заминете на лекар. Бебето: Вашето бебе интезивно качува на тежина. Веројатно во следните 8 недели неговата тежина ќе се дуплира. Тоа сега е многу активно. Мрда, клоца, гледа наоколу, трепка, слуша се што се случува во околината, прави гримаси и го вежба дишењето (иако тоа го прави со плодовата вода, а не со воздух). Просечната должина на бебето сега е околу 42,5 см, а просечната тежина околу 1700 грама. Таткото: Седнете и размислте за сите работи што се уште не сте ги направиле, а треба да се направат пред да се роди бебето. Времето е кратко. Ќе помине побрзо отколку што очекувате. Разговарајте со мајката за се што треба да се подготви и организира за неговото доаѓање. Вашите масажи сеуште се од непроценлива вредност за мајката. Обидете се да ја утешите и да и помогнете да се опушти. Бебе во 32-та седмица на бременост Спојлер: Триесет и трета седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Веројатно од оваа недела ќе почнете да качувате по околу 0,5 кг неделно. Не се грижете, тоа е последица на забрзаниот раст на вашето бебе. Клоцањето на бебето ќе почне да се намалува, затоа што му се стеснува просторот. Вие сепак веројатно можете да разликувате кога добивате удар со лактот, а кога со коленото. Притисокот на вашата бешика е постојан, тоа значи и многу чести посети на тоалетот. Совет: Информирајте се колку можете повеќе околу породувањето, доењето и одгледувањето на вашето бебе. Како што се ближи породувањето, веројатно растат и вашите грижи околу тоа. Сепак обидете се да се смирите. Како што кажавме, компликациите се исклучок, а не правило. Што се однесува до болките при породувањето, околу 10% од жените велат дека е екстремно болно, околу 10% не искусуваат некоја посебна болка, а останатите се некаде помеѓу. Во секој случај штом ќе го прегрнете вашето бебе, се ќе биде заборавено. Бебето: Бебето продолжува да расте. Во овој период во матката има најголемо количество на плодова вода. Таа количина ќе се одржува се до породувањето. Мозокот забрзано расте. Салото исто така продолжува да се акумулира. Тоа на бебето му дава помазен изглед. Развојот на белите дробови е исто така интензивен, па тие се речиси целосно развиени. Алвеолите оваа недела добиваат нов слој клетки, кој ќе им овозможи нормално дишење. Коските на главата на бебето не се целосно сраснати. Тоа ќе му овозможи полесно да помине низ родилниот канал во текот на породувањето. Ако се уште не се свртило со главата надоле, оваа недела веројатно ќе се случи тоа. Просечната должина на бебето сега е околу 43,7 см, а просечната тежина околу 1920 грама. Таткото: Само продолжете да бидете околу мајката и обидете се да и помогнете онаму каде што можете. Разговарајте за промените кои ќе се случат со даѓањето на вашето бебе. Моментот е многу близу. Никако не ги заборавајте масажите на стапалата. Бебе во 33-та седмица на бременост
Спојлер: Триесет и четврта седмица од бременоста ШТО СЕ СЛУЧУВА? Мајката: Вашето тело се повеќе и повеќе се подготвува за породувањето. Можете да приметите како контракциите се засилуваат. Сепак овие контракции најчесто не се ритмички како породилните и се безболни. Тоа ни од далеку не значи дека другите болки што ги чувствувате, ќе исчезнат до крајот на бременоста. Совет: Многу скоро ќе пристигне новиот член на вашето семејство. Кога тоа ќе се случи вашиот живот целосно ќе се измени и се ќе се врти околу вашето бебе. Искористете го времето до тогаш за да бидете сами, сами со партнерот или со пријателите. Верувајте наскоро оваа можност ќе ја снема. Запознајте се со техниките на доење. Тоа може да ви заштеди многу маки откако бебето ке се роди. Правилното доење е важно и за бебето и за вас. Бебето: Вашето бебе спие со затворени очи, а ги држи отворени кога е будно. Ноктите се веке целосно пораснати. Влакненцата кои го покриваа цело тело, сега се речиси целосно исчезнати. Белата сиреста материја (вермикс), која го штитеше од плодовата вода, исто така почнува да исчезнува. Имунолошкиот систем продолжува да се развива. Бебето е веќе способно само да се штити од некои поблаги инфекции. Досега сите антитела ги добиваше од вас преку плацентата. Коските продолжуваат да растат и да се зацврстнуваат. Тоа значи дека ќе биде потребно да внесувате и повеќе калциум. Просечната должина на бебето сега е околу 45 см, а просечната тежина околу 2140 грама. Таткото: Мајката може да се чувствува ранливо или нерасположено. Ставете и до знаење дека е прекрасна и дека ќе биде прекрасна мајка. Поминувајте што повеќе време заедно. Потребна и е вашата утеха и подршка. Бебе во 34-та седмица на бременост Спојлер: Триесет и петта седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Несоницата во овој дел од бременоста е придружник на поголемиот број жени. Несоницата ја создаваат не само физичките неугодности, како честото мокрење и болките, туку и вашите грижи околу сето она што ве очекува. Досега сите органи во вашето торзо беа притискани и гмечени. Сега и вашето срце ќе биде поместено малку нагоре и налево. Голем дел од вашата крв циркулира низ стомакот, па тоа е причина и за вртоглавиците кои можеби ги чувствувате. Од градите можете да приметите како ви тече прозирна или белкасто – жолтеникава тчност. Тоа е колострумот, кој ќе биде незамненлива храна за вашето бебе во првите неколку дена од животот надвор. Имајте на ум дека вашите труднички неприлики многу скоро ќе бидат завршено минато. Совет:Стравот од породувањето е најнормална работа. Сепак имајте на ум дека тоа е само еден дел од нормалниот животен процес. Многу жени претходно поминале низ тоа. Наместо да се сконцентрирате на болките, мислете на времето кога ќе го држите бебето во раце. Обидете се да дознаете што повеќе. Дознајте кога треба да тргнете во болница. Ако стасате прмногу рано можеби ќе бидете вратени дома или ќе поминете повеќе време во болница. Бебето: Како што расте, вашето бебе има се помалку место за движење. Оваа недела забрзано се акумулира сало по рацете и нозете на бебето. Сите органи се одамна присутни. Просечната должина на бебето сега е околу 46 см, а просечната тежина околу 2380 грама. Таткото: Ако мајката е нерасполжена, не го сфаќајте тоа лично. Ако во овој период не е располжена за секс, обидете се да ја разберете. Многу работи се случуваат во нејзиното тело и ум. Држете се за рака, прегрнувајте ја, тешете ја, измасирајте ја. Таа веќе одамна не си ги видела стапалата, па можете да и помогнете околу средувањето на ноктите. Направете да се чувствува посебна, каква и што е. Бебе во 35-та седмица на бременост
Спојлер: Триесет и шеста седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Имате уште само еден месец, плус или минус неколку дена. Всушност многу мал број породувања се случуваат точно на одредениот термин. Повеќето ќе се случат неколку дена порано или покасно. Вашето бебе е поголемо, па неговите клоцања стануваат се понепријатни за вашите бели дробови и станатите органи во торзото. Сепак во ова време веројатно бебето ќе се спушти пониско. Тоа е знак дека во наредните неколку недели ќе се случи породувањето. Притисокот на вашите бели дробови ќе се намали, па вашето дишење ќе биде полесно. За сметка на тоа, притисокот што го прави главата на бебето врз вашата бешика ќе се зголеми. Тоа во пракса значи дека проблемите со честото мокрење ќе станат уште понепријатни. Но утешно е што се ќе се заврши многу скоро. Совет: Имајте подготвено и испрано се што ќе ви биде потребно за бебето. Подгответе ја вашата торба што ќе ја носите во болница. Размислете за се што ќе ви биде потребно за вас и за бебето во тие денови. Научете ги симптомите на започнување на раѓањето. Тоа сепак може да ви се случи побрзо отколку што очекувате. Топлата бања може да помогне за значително олеснување на вашите труднички неугодности. Бебето: Башето бебе е речиси подготвено за живот во надворешниот свет. Оваа недела продолжува да се складира сало на колената, глуждовите, над лактовите, вратот. Слојот од сало ќе му помогне на бебето во регулирањето на неговата телесна температура откако ќе се роди. Непцата се многу тврди, иако забите ќе се појават дури неколку месеци откако ќе се роди. При појава на светлина или звук, ја врти главата на таа страна од каде што доаѓа изворот. Исто така како што ќе прави кога ќе биде новороденче. Просечната должина на бебето сега е околу 47,5 см, а просечната тежина околу 2620 грама. Таткото: Привикнете се на мислата дека вашето бебе наскоро ќе пристигне. Од почетокот можеби нема да се чувствувате удобно додека го држите, но не се откажувајте. Многу татковци имаат страв дека ќе ги повредат бебињата. Не се се плашете, тоа нема да се случи. Формирањето на блиска врска во вашето дете уште од почетокот, е многу важно за неговиот развој, а и за вашиот однос со мајката. Бидете активно вклучен родител. Бебе во 36-та седмица на бременост Спојлер: Триесет и седма седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Како што се приближува денот на породувањето, вагиналниот исцедок може да стане уште пообилен. Тоа може да се случи и затоа што пред почетокот на породувањето почнува да се раствара мукозниот чеп. Мукозниот чеп всушност е тој, кој што ја чуваше матката запечатена и ја штитеше од инфекции за време на целата бременост. Ако вашето бебе се роди кон крајот на неделава, тоа нема да се смета за предвремено раѓање. Многу жени во последните неколку недели од бременоста се чувствуваат полни со енергија и почнуваат со интезивно чистење и уредување на домот. Тоа е начин да се подготви местото за доаѓањето на бебето. Од друга страна веројатно ви е тешко да се движите и спиете. Киселините, подуеноста, проблемите со варењето на храната остануваат до крај. Понекогаш лекарот може да советува да се индуцира породувањето пред време. Тоа може да го направи во случај ако: Нешто го загрозува развојот на вашето бебе н.пр. заради недоволно примање хранливи материи преку плацентата. Некои состојби во бременоста, кои го загрозуваат вашето здравје нпр. труднички дијабетис или преклампсија. Кога вашето здравје е загрозено, тоа се одразува и на вашето бебе. На пример при преeклампсијата, ако се повиши крвниот притисок кај мајката, тоа автоматски предизвикува да нема доволно доток на крв за бебето. Ако се надноси бебето. Ако породувањето е почнато, но не напредува како што треба, Совет: Иако се чувствувате полни со енергија, дозволете му на телото да го добие потребниот одмор. Искористете го ова кратко време што Ви останува за да се опуштите и колку можете повеќе да уживате во него. Колку и да ви изгледа неверојатно, еден ден ќе ви недостасуваат тие клоцања што ги чувствувате во вашето тело. Бебето: Вашето бебе сега е целосно развиено. Сите системи и органи функционират совршено. Од оваа недела неговиот раст и качување на тежината нагло ќе опадне. Бебето до крајот на бременоста, само ќе вежба за животот надвор. Заради тоа што вежбањето на дишењето го прави со течност, наместо со воздух, можеби често ќе го чувствувате неговото икање. Неговите коски се уште не се целосно отврднати. Тоа ќе го олесни чинот на раѓањето. Целосното стврднување на коските ќе се случи дури по породувањето. Просечната должина на бебето сега е околу 48.5 см, а просечната тежина околу 2850 грама. Таткото: Помогнете и на мајката во средувањето на куќата и подготовките за доаѓањето на бебето. Ако се уште не сте го монтирале автоседиштето за бебето, направете го тоа сега. Бидете подготвени, бебето може да стаса во секој моментет. Бебе во 37-та седмица на бременост Спојлер: Триесет и осма седмица од бременоста Што се случува оваа недела од бременоста? Мајката: Мукозниот чеп, кој што ја затвора матката може да се растопи постепено или да падне одеднаш. Неговото паѓање сепак не значи дека породувањето ќе почне веднаш. Но е добар знак дека треба да бидете во исчекување, за да ги препознаете вистинските болки кога ќе се јават. Како што се ближи породувањето, грлото на матката се истанчува, па може да приметите и мало крварење или розикава течност измешана со белиот исцедок. Лажните болки можат да бидат и многу болни, но не се јавуваат во редовни временски интервали. Можат да се јават во различни делови од телото: долниот стомак, карлицата, грбот... Карактеристично за нив е што кога ќе легнете или ќе ја смените положбата исчезнуваат. Вистинските болки се разликуваат по тоа што почнуваат од најгорниот дел на матката и се движат надолу по целата матка, преку долниот дел од грбот до карлицата. Се јавуваат во редовни временски интервали. Вистинските болки стануваат се поболни и не се ублажуваат и ако ја смените положбата. Совет: Внимавајте на реакциите на вашето тело и бидете во очекување да ги почувствувате и препознаете вистинските контракции. Ако не сте сигурни, сепак е побезбедно да отидете во болница и пак да се вратите, отколку да го родите бебето пред да стасате таму. Торбата нека биде спремна. Бебето: Иако вашето бебе е целосно развиено и подготвено, продолжува да се развива мозокот и нервниот систем. Тие секако ќе продолжат да се развиваат и по неговото раѓање. Просечната должина на бебето сега е околу 50 см, а просечната тежина околу 3100 грама. Таткото: Продолжете да и се наоѓате при рака на мајката и помагајте и секаде каде што можете. Бидете на штрек, многу скоро ќе треба да ја водите во болница.
Спојлер: Триесет и деветта седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Како што поминува времето, веројатно сте се понестрпливи. Не се грижете, бебето ќе излезе кога тоа ќе биде спремно. Совет: Научете што повеќе околу правилната техника на доење и она што ќе ве очекува во првите денови од пристигнувањето на бебето. Иако ова се денови на исчекување, сепак обидете се да се опуштите и да не мислите цело време на тоа. Сигурно го замислувате денот и моментот кога ќе го видите вашето бебе. Мало предупредување, веројатно нема да личи на бебињата од рекаламите. Породувањето е напорно за вас, но и за него. Кога ќе излезе од тесниот родилен канал може да биде со отечено лице. Бидејки коските на главата се уште нема да бидат залепени, тоа ќе му овозможи полесно да помине низ родилниот канал, но главата уште неколку дена можеби ќе има конусовидна форма. На кожата се уште може да има мали остатоци од белата материја - верникс, која го штитеше од течноста во која се наоѓаше. Некои од влакненцата кои го покриваа, се уште можеби ќе останат на рамењата, вратот или челото. Сепак тоа не значи дека за Вас нема да биде најубавото бебе кое сте го виделе. Бебето: Вашето бебе целосно подготвено го очекува денот кога ќе се роди. Неговата кожа од розова или розово-црвена стана белa или белo-розикава. Тоа е заради акумулираното поткожно сало. Бебето прима од вашите антитела преку плацентата, па тоа ќе му даде извесна заштита од некои инфекции одкако ќе се роди. Тоа не значи дека работите околу него нема да треба да ги држите стерилни. Просечната должина на бебето сега е околу 50.7 см, а просечната тежина околу 3290 грама. Таткото: Уживајте со мајката во последните моменти од бременоста. Ова беше тежок период за неа, но и за Вас. Не се грижете, ќе бидете одличен татко. Спојлер: Четириесетта седмица од бременоста Што се случува во оваа недела од бременоста? Мајката: Честитки. Го поминавте целиот труднички пат во оваа бременост. Оваа недела веројатно ви изгледа премногу долга , но имајте на ум дека терминот кој ви беше одреден за раѓање на бебето е само проценка, а не нешто базирано врз точни научни вредности. Многу мал број жени ги раѓаат децата точно на денот на терминот. Огромниот дел жени ќе ги родат своите бебиња 2 недели порано или покасно од терминот. Не се грижете ако помине терминот. Бебето е на сигурно и удобно место. Тоа најдобро си го знае времето. Бебињата не се сметаат за надносени се до две недели после терминот. Особено ако ова ви е прво бебе има големи шанси да го родите во 42-та недела од бременоста. Совет: Повторете си го сето она што го научивте околу пораѓањето, доењето и другите работи околу бебето. Ако се уште не сте си купиле, можете да размислите за купување специјален градник, кој ќе ви го олесни доењето. Внимавајте ма големината на градникот што ќе го купите. Кога вашите гради ќе се наполнат со млеко, ќе станат поголеми. Тоа значи дека градникот треба да биде 1 или 2 броја поголем од најголемиот што го носевте во текот на бременоста. Ако Ви предложат индуцирано породување добро размислете и извагајте ги аргументите за и против. Индуцираното породување обично е потешко и за бебето и за мајката. Бебето: Вашето бебе е потполно развиено и се уште удобно сместено. Просечната должина на бебето сега е околу 51.2 см, а просечната тежина околу 3460 грама. Таткото: Обидете се овие денови да се наспиете, за многу кратко време веќе ќе го немате луксузот на непрекинуван сон. Бидете заедно со мајката. Последните денови може да изгледаат како цела вечност, но многу брзо ќе завршат. Честитки на одличната нега што и ја пруживте на мајката. Заедно ќе бидете одлични родители. Новороденче
Фала Дани за советите,јас сега одив да проверам од кои памперс влажни марамици сум земала.За среќа биле на Памперс сензитив. Се надевам дека на бебчето нема да му се иритира често кожичката и нема да го користам често кремот. Инаку јас ја зедов жолтата колекција на Веледа,освен кремот за газето е на Пенетан,оти баш во тој Дм маркет немаше и мислев дека нема таква крема од истата колекција.
Dobro utro mamicki Gledam Ste ja aktivirale I Ovaa tema bas mi e milo, jas imam uste 3 dena do polna 36 nedela, no maticnata mi rece Ovaa nedela da odmaram da ne se premnogu dvizam bidejki me boli dole niskoto I polovinata, kiselini me otepAa isto I nagon za povrakanje imam, bebco mrda mi go podmestuva stomakot inaku vi zemaa li bris od vagina doktorkata mi rece vo polna 37 nedela ke mi go zema ne e malku kasno? Ve guskam I imajte ubav den
Ситно броиме мешиња. 37 недела сум, во сабота имам закажано прво цтг, инаку јас брисевите ги направив минатата недела значи 36-та. Денес ќе треба да поминам во аптека да купам крема, ланолин и слично. Облеката ни е спремна, количкта исто, уште бирам комплет за изнесување од болница. Ајде потсетете ме што ми е неопходно за бебенцето во прво време
Јас мислам дека требало порано ...Мене брисеви и папа тест во 21 недела ми испитаа . Ама што знам можеби треба повеќе пати во текот на бременоста
Едни брисеви се прават напочеток, во 16-та недела ги правев првите; и вторите јас колку што знам се прават во 36-та недела.