I jasum so oteceno lice nozete taka taka i kicma mnogu me boli a dali ima nekoja oseteno kako da se trese bebe u meseto ili toa e koga se vrti?
Немам ништо пробано. Рексона машки стик користам ( е не може на преглед да мирисам ) Како што кажа претерано потење е. Станувам од спиење жива вода, како да сум се бањала. А немам нешто кој знае колку кг да речеме од тоа да е. Бременоста ја почнав со 54кг а сега имам 65кг и тоа се во мешето е . Можеби се хормоните, друго објаснување немам. Среќа уште две недели треба да издржиме. Вие уште колку имате?
Најверојатно се врти бебето. Кај мене ика и ми го поместува стомакот лево десно. А иначе моето бебче мрдалче е од почетокот
Леле исто, се будам во сред ноќ препотена, жива вода, се ладам, жешко ми е, ми се пие вода, абе што да ти кажувам. Претпоставувам дека се хормони, ама не можам да трпам јас, неевоза ме фаќа, и само се мијам. Имам многу до крај јас, тек 28ма недела сум, ти уште малце имаш, па ќе се гушкате.
Јас не смеам да станувам (12мм цервикс) па со влажни или ако се туширам морам набрзина. Маки. Ајде само да издржиме до н.г. Се надевам ќе се стабилизира кај тебе потењето, барем малку од малку. Брзо ќе ти поминат и тебе неделите ќе видиш. Само со лесно и со убаво да биде
Можам да замислам како ти е, плус што го мислиш сега.. ќе биде се како што треба, веќе си влезена во 9ти, не е страшно, уште малце.
Исто и јас така осеќам како да се тресе.Си мислам да не се нешто плаши, па да се стресуваИкање не е сигурно оти икањето трае подолго и до сега осетив само еднаш и тоа додека спиев
Не верувам дека се плаши зашто тоа зависи од како се чувствува мајката. Јас кога добив контракции во 32 нед од што бев исплашена пулсот на малото беше 200. А кој знае што прават внатре ама мислам дека нема простор за грижи. Претходниот преглед моето бебе ги имаше фатено со рачињата двете стапала и така ги држеше цело време . Секакви акробации прават внатре
Мислам дека тоа тресењето е кога ќе ја потегне папочната врвца, како што памтам дека пишувале други тука, но на сите ете се случува и не е страшно И кај мене беше така, баш како да се штрекнува, како вибрации осеќав
И јас да си се пожалам мојава од вчера само се тегне кој знае што и стана стомакот цело време стегнат иначе сум 33+2
Мене ме распамати така а пред 10минс станав со болки во стомак и нагло потреба за по голема нужда и ги бројам и не ми личат за лажни
Се извинувам што се мешам, да споделам и јас искуство/маки Со машки рол-он се заштитувам и јас да не мирисам или со кристал, многу се потам исто ама од овие немам замирисано, сите други се бадијала. НА Спиење исто, веќе 2месеци утоп, сосе гаќи. Хормоните се дефинитивно.. За маица лежечки менувам, на наткасната до кревет резервна си оставам за да избегнам станување.
Кај мене две недели е вака со потење и не можам да издржам, а не можам да замислам како ти си поминуваш И јас исто така се преслекувам а и сопругот ме пресоблекува кога ќе е дома. Само ме нервира што не можам да станам да си се истуширам како што треба туку морам со влажни марамици Ајде уште малку ќе издржиме. Која недела си ти?