И моето знае да ме затресе така,од памет ме вади,еднаш помислив да не има земјотрес. Од денес влегувам во 9-ти, ништо не сум спремна,ми треба да докупам уште нешто,абер немам ,не ми се шета по продавници,се настинав сега на крај и нигде не одам. Туку многу тешко ми станува,едвај се вртам од една страна на друга во кревет.Насабајле кога станувам кичма здрвена и како менструални болки имам.Леле се сум заборавила од првото,вака ли ми беше на крај???
Ден пред да се породам бев 1.5цм отворена а наредниот дем 4,5 цм кога ме фатија болките, така да не е тоа толку меродавно мерката од вчера со лесно!
Јас конечно ги најдов најмалите алишта од пред две години од ќерка ми, сум заборавила колку многу имам! Среќа што ги најдов,само да ги преперам и испеглам,наредам и спремни сме за бебе комплет. Таман овој месец што преостанува со тоа ќе се занимавам. Уште облека за од болница и козметика и пелени да натокмам,и ќе здивнам. Баш не ми се ака по продавници и не ми се трошат пари, супер што се баш ко нови и зачувани стварите
Јас вчера купував за од болница алишта за мочката моја. Иначе женска е . Сопругот вика уште поубаво што двете ни се девојчиња, е сега јас малку тајно посакував да е машко ама кога ми кажаа вчера дека е женско ми се направи кеиф да кажам . Преубава е. И купив плик кебенце, алишта за од болница комплет со панда мече, шведска пелена и тетра и патики . Транспортер, количка, креветче, душече, и нешто што требаше да биди масичка за пресоблекување испадна комода дека е . Ум за друг пат да не порачувам од интернет. Еден куп пари им оставаш а тие уште ја користат ситуацијата и наместо тоа што рекламираат ти пуштаат нешто друго. А да, ќе заборавев, купив и водоотпорен чаршаф за на душечето од јумбо.
Ај и јас да се пријавам денес 38+1 бев на цтг, има некои слаби контракции, бебе е на горна граница од 140-160 отчукувања. Ми рекоа дека е спуштено надоле, дека е позиционирано и спремно веќе хахха само да одмарам и да чекаме... Јас уште верувам дека е рано, дека имам време, стварите ми се купени, ама не се сместени во торбица хахах
Исто и јас си ги спремив,право нови,убави,сакам уште з од болница да докупам,театри,бањарка,една постелнина и козметика. И јас ќе имам две девојчиња. Од каде го зема плик ќебето?
Не знам дали имам прашамо претходно, нема врска пак ќе прашам. Го осеќате ли бебето за време на контракции или после контракција?
Јас го осеќав и тоа многу. Е сега дали дека предвреме беа контракциите или нема врска, не знам. Знам дека премногу мрдаше за време на контракциите. Барем кај мене беше таков случај.
Два пати бев со цтг денес прв пат ме врати пошто не бев јадена сабајлево не ми се јадеше Па ми рече врати се за саат време па пак ми беше мирно цтг и ми рече ако не осеќам бебе утре или понеделник да се вратам и многу ми е страв некако
Извини вака ама може да одиш на друго место за ЦТГ? Кај матичен или во др болница не знам. Можеби е до апаратот нешто. Дали го осеќаш бебето да мрда? Ако не пробај јади благо и кока кола пијај. Јас примив инекции за зреење на белите дробови и тие денови полудев дека не го осеќав и буквално се прејадував благо и кока кола само да го осетам малку од малку кај што мрда. Немој да се нервираш само смирено
контракции од почеток до искачање бебе внатре беше ПРЕАКТИВНО , мислам дека најактивно за последните месец дена , не престана да мрда , дури ми се заврти со грбчето на десно а требало на лево да биде па на бокс ме тераа цело време на лева страна да лежам со десната нога качена на лева страна на бокс , цела извртена лежев а бебе шутира со нозе во желудник и во ребра ( од среќа дека ќе искача )
Го осеќаш ли бебето? Дај пробај боцни така нежно со прстот или нишни го стомакот. Јас така правам ако не го осетам 2 сати и мрда, веќе сега се формирани бебчиња мора да ти мрдне. Цел грб му го осеќам со рацете иначе.
Па нормално е да се губи, му сметаш Бегај мама вика остави ме раат да спијам, да си се потоплам во стомачето. Не плаши се ако бебче ти мрда уживај си и чекај си го денот. Следен пат ко ќе си загрижена пак така направи нишни го стомакот или боцни со прстот малце. Верувам дека и ти го осеќаш грбот на бебче со рацете.
Јас по термин одев на 2 дена на прегледи.Ми правеа ехо ,а со тоа и доплер.Така оди си во понеделник и нека видат протоци , постелка, плодова вода и што знам што.Ако се е во ред можеш до 2 недели по термин да чекаш Како тргнаа декемвриските бебиња брзу,ама овие вашиве со на бејби инаетливи испаднаа Едит: Имаш уште цела недела до термин така да рано ти е
Јас знам дека ќе надминам термин, го познав докторот многу добро, богами и ми кажа сам 38ма недела дека бебето не е почнато да се спушта и ќе си остане во стомакот уште. После рече кај мене имаш контрола 39та недела, па после на 22ри декември ќе одиш во болницата кај што ќе се пораѓаш. Кога бев на контрола 39та недела, ми вика кај мене ќе дојдеш уште еднаш па после ќе видиме. Одма приметив дека нема да се породам до вторник. И не ме прегледа вагинално рече нема смисла бебче уште е горе со главчето. Ама па нормално нема што да ти прави и тој, рече може и да се породиш неделава не се знае. Ама секоја му чест јак доктор и добро ми објасни за се. Не знам што ме чека после контролта Вторник, пошо термин ми е Среда.
Nie sme so glavceto nadole I ne sum otvorena za da me zadrzi od so se ispaniciv denes za se preeska mi se svrte za sekunda I na meesko padnav srekja ne e seriozno poso na krevet bese a sepak ne se malku 5dena do termin cuda moze da se desat do togas
Јас искрено после повеќе од 3месеци вака веќе на се се навикнав. Биди позитивна,уште некоја недела имаме среќа што и од партнерите имаме помош. САмо најтешко ми падна денеска што нема да можам да излезам да му купам на бебчето нешто од облека, прво бебче ми е Јас сум 32 од утре.