Јас едвај две недели како лежам ама не можам да се навикнам. По природа не застанував ама ете се за нашите најмили. И мене ми беше многу тешко за купувањето и затоа повеќето работи ми се порачани од интернет. Пред да одам на доктор искористив и влегов во продавница за да докупам што ми треба. Ако ти е толку тешко порачај од интернет. Сепак мама знае што му треба на бебче . Само немој од Чарли бебе Тетово да порачуваш. Пишува душек дормео а ќе ти пуштат најобичен и исто др работи пуштаат други од тие што си ги нарачал. Ајде уште малку ви остана и вас. Господ да не чува и да издржиме да се гушкаме со здрави бебушки
Да за нашите најмили се се издржува иначе јас имам од чарли од тетово земено дирекно од таму и и супер се незнам зашто така мислиш
За директно можеби. Ама да знаеш дека на интернет глупости праќаат. Масичка за пресоблекување ми пратија обична комода и + ногарките беа користени и извалкани Обично душече наместо дормео како што го рекламираат на постовите. И не го имам монтирано креветчето и количката (не смеам да станувам) можно е и тука да фалат работи. Им пишував и не ми одговараат на пораките. А близу 20.000ден платив за се. Немам никаква корист да фалам некој или да се жалам од некој ако нема основа. Пишувам да не зафркнат и некој друг како мене. Ако сакаш покасно кога ќе си дојди сопругот од работа можам да сликам да видиш што пуштија.
И јас од таму имам креветче купено и комодичка,ама директно таму бавме и ок е се,а сега за преку интернет ако порачаш,може праќаат друго,што не е во ред така.
Ете мене друго ми пратија. Не бев во можност да одам лично а и многу далеку ми е и + корона и не сакав да ризикувам. Ако некој си е во можност и сака од таму да си купи нека оди лично а по карго воопшто нека не порачува од кај нив. Имам многу работи порачано од интернет и никогаш вакво нешто не ми се случило. Баш за тоа што имав најмногу мерак .
Можеби не викам дека не можеби кога нарачуваш од интернет не праќаат како што треба се надевам дека барем со количката ќе ти биде во ред.Иначе за дирекнто од таму ако купуваш е ок.
Охх за активна девојка, на кого му кажуваш, не се имало случено повеќе од 3дена да ги одседам дома...ама кога се најдов во ваква состојба работев на психолошки план многу за да се носам без плачки и драмење во ситуацијата. Имав и онлајн сесија со психолог два пати. Сега сеуште работам на тоа за да секој изминат ден го почнам со позитивни мисли и благодарност. Душече имаме од братучедка ми, креветче ќе купиме само. Боденца, шпилхозни, постелнини, капчиња и други ситници се изнагледав по интернет минативе 2-3 недели па ќе порачам од Wenice, tiny baby и ЕНци менци... За комода немаме многу место, имаме наша која е подолга од понудените па ќе ја искористам на неа да ставам подлога за пресоблекување. Од сите теми што ги изначитав тука сфатив дека е од голема помош да не се наведнувам за пресоблекување или бањање на бебето, па решивме дека и кадичката понатака ќе ја ставам на држач. Остани смирена, гледај си уште некоја недела серии и филмчиња, после ќе ни недостига времето за лешкарање
Супер, значи уште малку да издржат бебчињата и сме спремни за нив. Од ова малку мое лежење (за разлика од тебе) сватив дека психички треба да сме јаки. Се тешам дека ни остана уште малку а и го окупирам мозокот со бебешки работи. Преубави бебешки работи има сега. Ако сте во можност обавезно да си земете непропустлив чаршав за душече од Џамбо. Јас го купив за 300ден. Ако ми е како првото дете и ова, богами ќе ми недостига кревет да видам Те поздравувам
Ти благодарам душо на помошта и поддршката. БАш се мислев за тие непропустливи чаршавчиња од каде ама си реков кога ќе оди дечко ми ќе пребара во СТружанка или Венис п.с. ВО која недела ти земаа брисеви?
Утре ќе ми земаат. Иначе 35+ 1 сум денес. Докторот ми напомена дека во 35 недела се земаат брисеви. Не знам дали ќе ми земи микробиолошки или само за стрептокока, зашто последно 12мм ми беше цервиксот.
Леле и јас бев така во првата бременост, спас нема, хормони лудуваат тоа е.....со доењето станува бетер кај некои жени. Јас од 9ти месец некаде,па се до првите 3 месеци бидејќи доев жива вода мокра бев, посебно навечер, по 3 долни мајци менев, и пижами, а и мирисав, што никогаш не сум имала миризлива пот...... ми немаше спас од потењето и миризбата .
Мене ништо не ми помага. Значи буквално нема место на моето тело што не е испотено. Чудо! Коса, врат и општо цело тело како туширана секоја ноќ. И денски потам ама помалку. Во спалната ја исклучив климата и не греам ноќе и џабе се. Ништо не ми остана освен да издржиме уште малку. Благодарам за советот!