Значи ми се плачиТ готово. Знам ќе ми викате има време има време, ама мислам дека никогаш нема да добијам контракции на природен начин, уствари убедена сум, само се мислам за провокациите сега и колку ќе бидат болни. Спојлер
те молам не си создавај стресови , јас со првото така притисок дополнителен само безпотребно , секако прворотка си, те следат на контроли , на сила секако нема да го вадат , кога ќе му биде време тогаш .... незнам дали си договорена за епидурална , ако си тогаш ич не ги ни мисли болките , инаку од мене искуство од провокацииве до сега оваа фоли балончето и чепчето( ова било најбезбеден и природен начин на индуцирање болки и отварање ) дури неосетно со минимални болки ме отворија за екстра брзо време , од можните опции оваа според мене беше најнеинванзивна , безболна и експедитивна , сигурна сум таму ќе разговараш со доктор кој ќе те пораѓа и ќе ти ги даде сите опции , на крај ти си таа која одлучува за своето тело .....
Ништо не знам, утре сабајле сум на контрола кај матичниот па ќе видеме. Епидурална не сакам да ставам, затоа, бар да ме фатат природно контракциите без да бидат вештачко индуцирани, пошто биле поболни. Не знам како ќе спијам вечерва многу ми е мака веќе се исцрпив.
Здраво девојки, ако сакате да споделите искуство која недела почнавте да идете на цтг? Матичната ми рече кога ќе влезам 37ма. Јас планирам во Систина да идам за пораѓај па таму сакам и цтг-ата да ги правам ама чинам они пред 37ма почнуваат со тие прегледи.
Приватните да, порано почнуваат, јас со 35 полни на прво цтг во Ремедика бев. Мислам дека со 36 полни почнуваат секако, а порано ако сметаат дека има потреба.
Со 36та полна за првото почнав кај матичната, со 37ма полна во Систина. Сега 35 и некој ден ќе сум кога ќе одам на контрола во систина и воедно на прво цтг. Не можам еднаш само контрола па после некој ден за цтг да се враќам..
@Evy81 , @Chanell* фала ви за одговорите. Со оглед дека викендов ќе влезам во 36та, уште утре ќе се јавам да си закажам за цтг. Уште едно прашање ако може... на преглед во Систина бев само еднаш, на скрининг кај Димчев во 21ва недела. Сега за цтг можам да одберам друг доктор при самото закажување?
Не се закажува посебно за цтг, само за преглед. Се јавуваш и кажуваш кај кој доктор сакаш преглед на тој ден, штом си 36+ автоматски и на цтг ќе те стават по прегледот Можеш да бираш кај кој доктор,секако
Со првото дете (пред 15 г) со вештачко индицирани болки. Знаеш колку траеше тоа? 2-3мин. Од каде си сигурна дека и кај тебе нема да биде така? А пази моето бебче беше карлично и се породив природно за неколку секунди. Имај малку врева во себе девојко! Еве јас верувам дека ќе биде се во ред, можеш и ти
Па добро вака ко ќе слушнеш дека кај некого било лесно и малце е олеснувачки. Ама сепак прворотка сум и секако имам страв посебно ако е со провокација. Ама од оваа работа сепак нема бегање мора или вака или така..
Значи и јас бев прворотка тогаш и од најлошото сценарио што си го имав замислено, најдобро поминав. Можеби ќе е и кај тебе таков случај. Мисли малку позитивно. Бар сега има анестезии и др средства против болки. Ајде имај малку верба во себе зашто самиот чин на раѓање кратко трае ако си смирена и ги слушаш докторите. Колку посмирено, толку побрзо ќе помини
Кажувам тoа штo ми гo кажале и мене. Незнам какo jа релаксира мускулатурата кoга заради згoлеменo oмелнување на матка пиев пoгoлема дoза. Истo трудниците кoj пoранo се oтвараат заштo им ставаат магнезиум вo инфузиjата да истераaт уште некojа недела (значи jа зацврстува) ?
Jа зацврстува матката ,а дoктoрите вo Чаир нарoднo кажанo викаа "камен" ви jа прави, пoтешкo се oтварате или мoра прoвoкации затoа штo се пие каснo т.с дo 38 вo мojoт случаj и се надминува термин дoдека матката се oслoбoди oд магнезиум.
Вашите бебуши икаат ли? Моето секое сабајле во 5ч. како аларм ми е, некогаш по неколку пати во денот. Црвче, мал ме фаќа.
Јас до сега немам осетено икање, незнам ни како изгледа. Но вчера за прв пат ми се стврдна цел стомак 10/15 минути и беше многу језиво. Знам доста девојки пишуваа за тоа не се исплашив ама беше многу чудно. Инаку 27+6 денес и за сега е многу нежна куклата, ќе видиме до крај како ќе биде.
Баш во моментов ика. Ќе знаеш кога ќе го осетиш, не се удари а сепак мрда стомакот и осеќаш ритмично движење. Интересно е.
И моето исто јас сум 38+4 и тоа имам забележано најчесто кога сум поактивна и кога јадам... Може си праам филм дека најмногу тогаш ика хахаха ама зборот ми е дека често се случува