Кога ика, сопругот се нервира, се мисли што му е . И само ми покрива мешето и го гали, да не измрзне случајно .
Може и икала ама не сум препознала дека е тоа. Искрејно кога сум на работа по цел ден и во движење и дека е ептен нежна може и цел ден да помине а да ја осетам еднаш до два пати само. Навечер кога ќе си легнам е најактивна ама си викам тоа е бидејќи седам мирувам и ја чувствувам, односно концентрацијата ми е таму а преку ден не баш. Да не е стомаков што расте ќе заборавам и дека сум трудна. Се надевам нема да биде она мирна во стомак а надвор да лудува.
Ова бебче прв пат пред некоја вечер го осетив како икаМе разбуди и знаев дека е икање Првото многу често ми икаше скоро секој ден, особено ако легнев.Многу ми беше тешко дека ика и само станував и го галев, менував положба, мислев се мачи
Ова со икањето, јас тек сега осетив, и тоа тука што сум читала од вас, зависи каде е наместено, сега некако многу е доле наместено изгледа, и мислам цел дел ми пулсира доле, кога ика. Како пулсирање се осеќа на едно место, како да вибрира од внатре на едно место, малце е непријатно не знам, едвај чекам да престане, 5 мин. трае, среќа. Ова моево, мрда и ика во исто време, не знам што праи, или е многу активен, или нигде го нема, па го закачкам да се појави, да го осетам, некогаш.
да тоа е тоа. Моето е доста немирно и цело време мрда. Освен кога сопругот ќе ја стави раката да го допри, одма престанува којзнае што прави што толку мрда. Еве и сега како фудбал да игра внатре
39 та до пред 2 дена беше мн активно , сега мн е смирено дали е тоа нормално веке ... 2 дена исто се осекам како пред добивање мислам дека веке тоа е тоа .. нека е со лесно само на сите ...
Сеуште немам болки , само се осекам така како пред добивање... веке 2 дена , ми е мачно посебно насабајле .. баш како што се осекам пред добивање на циклус неколку дена ...
За 2 дена имам преглед незнам дали да чекам или да одам порано..ке селедам ситауација може и ке идам порано
Ако добиеш болки мери на колку мин ти се. Кога ќе бидат на 5мин обично тогаш се оди в болница. Кај секој е различно. Ти си го знаеш твоето тело. Само без паника и ќе видиш се ќе биде во ред. Со лесно
Го зедов и последниот брис за стрептокока. На обичен кревет без употреба на "железото". Не го ни осетив докторот. Со чепкалка помина околу само. Значи ништо страшно. Иначе сум 35+ 4 Уште 9дена до н.г да издржиме. Ме праша само дали се сврти бебушка, карлично е. Изгледа ќе биде царски ова бебе. Сестра и беше помала во тежина и се роди природно карлично, ама ова бебче тешко ако не се сврти. Сестрата ми зема податоци за брисот и вика што брис беше ова, и и викам за стрептокока и таа леле извини не видов дека си бремена Јас мислам секој момент ќе пукнам од што сум огромна а она не ме видела Барем ме насмеа малку
Девојки ајде и тука да пишам вие што пиете утрогестан дали сте пиеле 3×1? и на колку време? се напив сабајле и осекам мала втроглавица и поспаност,нормално е? 33та недела сум вчера на цтг покажа контракции (не е малку рано за цтг?) и докторот ми рече стого мирување,а не осекам никакви болки,бебка си е нормално активна стандардно,ама ке пикнам само да лежам по цел ден не дека нешто се убивав од работа или шетање ама бар ручече да напраам
И јас добив контракции во 32 недела и тогаш на ЦТГ покажа вистински болки. И мене ми дадоа утрогестан ама само 1 денот и едни други апчиња да ми ги смират контракциите само јас ги ставам како вагиналети зашто имам проблем од порано со желудникот. Поспаност и нервоза од нив мислам имам, а можно е и потењето да ми е од нив
Здраво Мешиња, Само што дојдов од контрола и си направив уплата во Санте, др Елма ме прими и сум презадоволна од нејзиниот пристап. Ептен е фина љубезна многу Бебето е 2.550 гр и рече дека е покасно зачнато, така да ми продолжи термин до 30.01 Ме бодреше за епидурал, рековме ќе видиме кога ќе дојде време ако има потреба ќе земам. И така Следна контрола на 31.12 па ќе видиме до тогаш како напредува принцезава