Леле луѓе бебе е 3800гр. како ќе го родам за прворотка, многу ми е страв. А до крај може 4кг да се направи. Цтг имам малце контракции, ама 0 сум отворена. Ем што не се отварам ем бебе големо.
E добро де ќе се отвореш кога ќе дојде време. А и да знаеш дека ехото не може точно до грам да го измере бебето. Ти крупна ли си?
Па нели ти рекпа 3500 ќе било од кај ова сега Инаку тежина нема везе гледаат обем на главче и мерат знаат докторите не се секирај
Сега сум на контроли во болницата кај што ќе се пораѓам. Рече мерките на ехо покажуваат 3800 ама може да е на породување 3500 а може 4кг. Ама рече тоа нема врска треба да се види дали може да излезе од карлицата твоја ако си широка, а тоа на породување ќе виделе. До некаде се разбирам на Германски со нив, маж ми не го примаа на контрола не смеел. Сега ми препорача да се движам многу, ми даде некоја крема да се мачкам и чај да пијам да се испровоцира пораѓај. Јас не сум крупна 1.63 сум, ама маж ми е 1.93, а двајцата сме родени по 4.200 уствари тој 4.500гр. Се е тоа генетски. За три дена пак контрола
@BabyD0ll мерат карлични мерки кога ќе отидеш во болница, не се сеќирај воопшто и не размислувај на тоа уште сега.
Не таа ми рече на породување ќе го видиме тоа. Ако не може бебе да излезе со главата на породување, царски така ми рече. Сега и да си трпам болки и на крај царски да завршам катастрофа.
Епа да, кога ќе отидеш да се пораѓаш ти земат мерки и според нив гледат дали си "тесна" или не,односно дали бебето може да излезе или не
Искрено ќе почнам да се молам за царски сега. Чекам чајот да ми го дадат термин да направам и одам на шопинг со маж ми оти ќе пукнам готово. А вие сите молете се за мене болки да ме фатат секој момент. Фала ви на сите што помагате ве пукнав и јас.