А да прашам, зошто јас не се отварам како некои тука неколку дена пред време? Читам отворени по 2цм по два дена седат. И со термин надминат и 0 отворена како тоа? Има ли шанси воопшто да не се отворам или не значи тоа ништо?
Секоја жена си е своја приказна Има жени со јаки контракции а не се оствараат ич, има пак жени за сат два три се отвораат скроз
Јас првата вака како тебе ја надносав, постелката беше зрела и докторката ми рече нема потреба да чекаме . Ми стави провокација и така ја родив
Овие се водат по некои правила, 9 дена уште после термин нормално било да се надноси. Па ќе ме фати јануари леле, или ќе биде ко шо рече ти, на нова година. Бар некоја парична награда да ми дадат ако е на нова година.
Супер, ме израдува дека лесно си прошла ЗдРава и жива да е ќеркичката, да си расте голема и радости да делите секој ден
Ништо не значи тоа што не си отворена, во рок од 3 саати можеш да се отвориш комплет 10цм Ништо не се знае се може да се смени во 1 ден така да не се секирај. Еее и јас колку се замарав, само 1 цм отворена 2 недели без никаков напредок, пешачење, качување по скали и што уште не, и се се смена во 1 ден. Немав ни лажни болки, никакви предзнаци дека ќе биде за брзо. Кога си сака бебе тогаш ќе си искача Опушти се скроз, делуваш многу напнато. И не се замарај како ќе биде, дали царски или природно, ќе си биде се во ред тоа е најважно. Последни денови ти се со меше, уживај ги максимално. Мене искрено ми фалат тие последните дена пред да се породам
Ви благодарам на сите за честитките Ми пукна водењакот и јас зедов да си се фарбам Хормони, лудост не знам што беше. Имав болки ама исто си имам така поголем праг на толеранција што и сестрите на ЦТГ се чудеа Беше карлично поставено и така си се роди. Со неколку напони го родив куклето мое и да не речам без болки. Тоа што јас го осеќав беше слаба менструална болка а она веќе излезе Најважно од се, добиваш напон Туркај како за какање брадата залепена на градите и ги слушаш докторите кога што како. На сите им посакувам уште полесен пораѓај од мојот
Јас сум 35 + 1, ама пред 40 не верувам дека ќе се роди, за секој случај од понеделнук ќе си спремам равотите за во болница
Без гајле биди јас се породив порано поради скратен цервикс, што не верувам дека е случај и кај тебе. Само со убаво и со лесно нека биде
Пред се да е жива и здрава, и на тебе лесено опоравување. Колку е тешка и дали е во инкубатор? Јас сум исто 36 гн и денес ми кажаа дека имам созреана постелка и дека може порано да ме породат, затоа прашувам. Се молам да си поседи уште во меше, да си порасне уште малку.
Ти благодарам и ти уште полесен пораѓај да си имаш од мене Се роди 2550кг и 47цм. Не е во инкубатор и не е на никаква терапија. Кај сестрите е само на надгледување во обично креветче. Пред малку ја видов и си спиеше
@Lovebug01 да да еве по релакс сум денес бев на шопинг, утре имам гости и така ќе ми помине времето некако. Ќе земам утре да кувам да се занимавам. Мора секој месец да има тука една што надносува. Прво @PurpleMind после, @Fatalnata сега јас, следеча не знам која е.