Јас во пола час се отворив 5/6цм, со јаки болки кои јас не ги чувствував толку. Јас нон стоп се движев во бременоста, освен од 4дек кога ми се скрати цервиксот и морав да лежам. Мислам дека е тоа генетика што не ги чувствував болките како сите други. Ја прашав мајка ми и она вика јас без болки те родив. Најважно е да не паничиш и да ги слушаш докторите. П.с изгледа ја покана малава да излези откако те виде како чекаш со торбите
Луѓе да прашам значи тие што сте се пораѓале во Германија или Шведска или било каде во западот па и Америка. Ко ќе го надминевте терминот, после тоа имавте контроли на 2 дена нели? По колку време од изминатиот термин ви ставаа провокации? Ќе тагнам за тие што знам дека се со провокации. @Ava.84 , @PurpleMind па еве и тие што биле со провокација во Мк нека кажат. @mssuniquee @minne992
Колку е работава иронична, ќе се плашиш цела бременост да не се породиш пред време на секоја мала болка, а на крај од бременост ќе се надеваш на болки секој момент.
Во Австралија стрина ми се породи, 10 дена над термин најмногу даваат. Беше на контрола на денот кога и беше терминот, преглед, немаше контракции ништо. И рекоа ако после 10 дена не добие болки, ( терминот до 31ви мај и беше) да иде на 10ти јуни спремна да останр во болница. На 10ти ја примија со провокации се породи. Така со двете дечиња 10 дена над термин, повеќе не ги оставаат таму. Без други контроли во меѓувреме.
Јас имам контроли во овие 10 дена секоја контрола ми е со надеж да ме задржат и веќе нека ми стават и провокација, затоа прашувам. Ама мене последната контрола не ми напоменаа ништо да се спремам за да останам таму, така да ќе тераме до 10 дена сигурно.
Пробај опушти се, ќе биде. Убаво му е на бебчето во мешето. Мисли си позитивно кај нас мислам до 2 недели над термин е, каде и да е уште некој ден ако не добиеш болки ќе те примаат во болница, и може најлесен пораѓај ќе имаш .
Се опуштив веќе, прво се напнав многу, сега сум спремна за секаков пораѓај. Може сака бебче born in 2021 да биде. Искрено ќе биде убаво, бар не ќе му се брои цела година.
@BabyD0ll срце да ти кажам јас 21ви ми беше термин, докторката ми рече ако не добиеш болки 23ти идеш и ке те пораѓам со провокација
Да Охрид се пораѓав Па и јас се чудам бебе спремно за излегвење тие природно. Странство така е си чекает се до последен момент
Еми кажав предходно провокативните болки се многу многу појаки од природните Само инфузија ми стаде и ке чекаш ми рече Сабајле во 8 ми стаде дури на вечер во 6 се породив
Ама има и други видови на провокации нели, со апче, чепче, инфузија? Мајка ми била породена со апче провокација ете.