@BabyD0ll И јас примав венска провокација. Тогаш прво примив мислам "стрес" или пробна провокација, но не успеа. После за два дена пак пробаа тогаш се отворив Значи до крај не се знаеше дали идам царски или ќе се отворам.. Сега најмногу би сакала да добијам болки сама. Иако викаат со провокација болките се поголеми, еве сега зборам со мајка ми која машала 4 деца родила, ми кажа со провокација само се убрзува пораѓајот и отворањето. Болките се тие
То значи дека секоја жена си е своја приказна. Јас кога одев на пораѓај со вторава немав никакви болки Сестрите се чудеа со мене како е можно нема глас од тебе јас им викам па немам болки . Ми стави провокација на крај само за да добијам контракции и да родам Пола сат се на се беше
Абе секој сака сам да добие болки еве и јас сум во таква ситуација моментално. Ти посакувам да си добиеш и ти овој пораѓај сама болки. Иначе ете ги има некои што викаат појаки се некои викаат исти се, зависи до жената. Ете ти ако добиеш следниот месец сама болки ќе ни кажеш дали беше полесно без провокации.
Како и да е, битно да си се олесниш со лесно, сега нормално е прворотка, и провокација и надминат термин.. Со друго велат полесно е Баш ќе видиме
Е друго богами ќе зависи од пораѓајот каков ќе биде. Ако не е лесен ќе раѓам по некои 5 години. Гледам големи бебиња прам и јас тоа е генетски и не е воопшто лесно да ги носиш толкави во стомакот.
Леле и мене првото 4.360 а сега изгледа палчица ќе биде 2500 во 36 та е Манекенка на мама Не мора да значи ако првото е големо и второто дека ќе е . И на другарка сега породена првото 4100 второто 3100
Денеска влегов во 9ти месец. Бебево нема фајде да се сврти со глава надоле. Периодов правев некои вежби за да и помогнам ама ја немаше да мрдне. Сега читам за прворотки ако не се сврти до 36та, тешко дека ќе се сврти воопшто. Прочитав за некоја метода кај што лекарот надворешно му прави притисок на стомакот со цел да се сврти бебе - ЕCV метода ама не знам дали го прават ова кај нас. Не знам дали има некоја надеж сега за природно породување
Леле, ти си доказ женска, дека што и да пиеме и јадеме, фајде нема бебе, кога сака тоа, тогаш. Се надевам за скоро ќе се олесниш, сигурно ти е претешко и да се движиш и се..
@Milkiway @BabyD0ll мене природно ме фатија болки, а кога ме примија во болница после некое време ми уклучија провокација во инфузија, некоја минимална доза претпоставувам за побрзо да се доотворам... Не препрашав зошто и како, докторката така си одлучи, па после на 2 пати ми ја зголемуваа дозата. Ама тогаш веќе бев со епидурал и не осеќав големи болки.
Мене ми рекоа до две недели плус чекаме.На 2 дена имав контрола, и веќе на 3та контрола видоа дека протоците не се добри и ми закажаа термин за провокација. Терминот беше за два дена, точно 41+0 недела.Провокацијата овде е со таблети, прво добваш една па по 4ч две.Па ако немаш болки прават пауза навечер за да можеш да спиеш. Ми дадоа таблета за омекнување на грото и веќе со двете табтки добив болки.Исто и јас не бев ич отворна, се отворив брзу од 21 до 00 бев 10 прста, значи за 3 часа. Не е страшно со провокација, брзу се одвива целиот процес .Нема потрба да се плашиш, многу си напната.Чај можеш до 4 шојли , наполни си када и релаксирај се со чај и не мисли на болки на пораѓај.Ние сме создадени да ги истрпиме истите ќе видиш кога ќе се породиш, какво чудо на природата сме
леле две недели мене да ми речеа јас ќе побудалев, хахаха. Значи секоја контрола има шанси да ме задржат, пошо вака се надевам ко за инат нема да ме задржат. Добро мене 9 дена ми рекоа Се ближи крајот сестро кај и да е.
Абе ти у декември ќе полудееш,а замисли ме мене у сред јули.Од жешко едвај дишев.Не можам никаде сама да одам ми се слошуваше од жешко , а гиникологот 1 и пол саат од дома Термин ми беше 15ти јули , се надевав до 7 јули да се породам , на крај на 23 се породив А со ова бебече па ми корегираа термин дека покасно зачнато па на место 17.02 термин ми е 21.01 ако биде како дада и , во март ќе ја родам Мила само се да заврши убаво и брзу, та ден два не е проблем си издржала толку ќе издржеш уште некој ден
Женски за во Германија што ќе се пораѓате или што сте се породиле од кога почнавте на два дена да одите на контрола , дали контролите се кај матичната или во болницата кај што ќе се пораѓате? И дали ве гледаат на ехо после 33 недела ? И уште нешто како се пријавувате во болница за пораѓај, мене не сакаа ни да ме пуштат за термин да направам, се јавивме телефонски рекоа кога ќе почнам да се пораѓам тогаш да одам, ама од кај да знам дали смеам природно да се породам со првото сум царски а матичната ми вика тоа ќе ти кажат таму кај што ќе се пораѓаш дали смееш или не. И сега да седам и да си чекам или има некоја друга опција ?
Мора да има по една ваква секој месец, следеча не знам која е. Многу е лошо психички ептен. Да чекаш некој да дојде а да касни, не со саати, него со денови