Искрено мислам јас следна ќе сум . Моето инает до 28 недела за полот беше. Не знаевме машко ли е, женско ли е. Не се сомневам дека и раѓање ќе е така
@BabyD0ll Иначе нека не те чуди болките во половината да се тие болки. И јас само во половината имав, а очекував нели во стомак или нез менструални Знам перници им барав од што ме болеше половината не можев да лежам, и за кратко се породив. За чајот и јас знам дека мн помага за отварање и побрзо породување, ќе го набавам и јас
На два дена после термин одев и контролите ми беа во болница оти јас така сакав и неможев да патувам по 1.5час во сред лето со јавен без клима.Во првата бременост почнав со цтг мислам во 27 недела.А од 32 одев на две недели имав цтг и плус ехо.Сага уште не сум пријавена во болница од мрза А инаку со првото се пријав .Прво се јавив закажав термин.Отидов таму, ми земаа мајчина книшка и прашаа околу болести. Ако болницата е презафатена може така да ти кажале ,па ако има место ќе те примат ако не ќе мораш да одиш во друга. Сега како е за царски не знам ќе ја тагнам @Kaetana ако види да ти каже совет, таа се породи лани со царски после прв царски.
Офф тешко мене почна паника да ме фаќа сега, па сега и со коронава плус, може и ради тоа не пуштаат предвреме да се пријавам а во другата нема слободен термин пред февруари и само тие две се. Цтг почнаа да ми прават од 32 недела исто тогаш и беше последното ехо е кога ја прашав докторката дали смеам природно да се породам ми кажа тоа ќе ти кажат во болница кај што ќе се пораѓаш а кога ќе ми кажат кога ќе ме фатат болки ли , а нај искрено не ни знам како изгледаат тие болки @Ava.84 фала ти на одговорот
Да ви се убацам во муабет и кај мене второто се роди со помало од првото, јас и двете ги родив на термин со провокации, сами не им текнуваше да излезат моравме да ги поттурнеме малце
@no name5 Женска исто сме биле, јас денес 40+3 абер нема. Јас не сум Мк, тука прават контроли на секои два дена. Немаш денес контрола да ти каже матичниот? Треба да одиш на контрола на денот од терминот.
Во систина со двете и со првото и со второто прво ми ставија вагиналета за омекнување на грлото на матката па после вински провокации, со првото процесот на отварање со провокации одеше многу споро цел ден скоро, со второто одеше побрзо цел процес со двете се породив природно.
Јас бев некаде околу 35 недела на Vorstellung во клиниката. Матичната ми даде Überweisungsschein демек да ме видат на доплер, ама целта всушност беше да се претставам, демек ако ти имаат отворено историја полесно би те примиле кога ќе почне работата. Оти знаеш како е - кај нас нема гаранција дури и да се пораѓаш дали ќе те примат ако нема место. Јас сум со првото царски, па сакав да се породам природно VBAC, и затоа плус бев на муабет. Пример ми кажаа дека ако сакам, би ме поддржале, секако доколку има услови за природно породување. Ме советуваа дека за такво породување не смее да се почне со провокации, бидејќи синтетички окситоцин е најголем ризик фактор за руптура на матката. И тогаш се договоривме до 37-38 недела да чекам да видам како ќе оди, и да се јавам да видиме што понатаму. Понатаму бев уште еднаш на муабет, и на крај завршивме сосем поинаку. Ама мој совет е да постапиш како мене - да видиш со матичната да ти даде упат. Убаво е да имаш барем еден разговор и да знаеш да се договориш со клиниката што и како, во зависност од тоа како е свртено бебето и каква ти е ситуацијата општо, особено што имаш прв царски.
@Chanell* како си дишењето ти потпомина ли малку? Јас бев добра некоја недела сега пак едвај дишам , навечер земам воздух и мислам дека ми фали.Многу глупо чувство. Ти баш се жалеше во 33 недела, па да видам до кога треба да издржам
@Ava.84 Женска по колку чаши на ден да пијам од чајов? Заборавив да ја прашам бабицата. Да не се предозирам? По 200мл ми е чашата иначе.