Да душо, помина тешкото мислам баш прошлата недела. Дишев на шкрги, сеа сум супер. Ама затоа неподнослива болка во препони имам две недели веќе, многу сум смешна така расчепатена кога одам, ама боли бе пустото Вас ве боли вака?
Исто и плус срамна коска , посебно ако легнам после кран ми треба за да станам и дури раздвижам боле ептен , после опушта , навечер у спање 5мин ми треба да се свртам Првен мислев болката у препони по изразена да не ми е од вирусот , оти и др мускули ме болеа низ тело , ама цк од бременоста е , и со првото имав вака ми текнува ама не беа волку изразени болките и чести , тогаш и поголема бев дури .. Да дочекам следна контрола ќе а замарам докторката обавезно.. Ајде ситно броиме , веќе 9ти ќе го стартуваме
Па треба да биде болки да добиеш Ех живот, колку пати сме се молеле некоја болка да ни помине побрзу кога не сме трудни , а сега се молиме порано да не фатат болките Јас немам болки во препони , ама имам кога лежам или седам десниот кук ме боли, не можам да одам се дури не се размрдам
@Ava.84 Абе кај мене не е само тоа маката, бебево некако ептен малку ми мрда. Утре сум на контрола ама како ќе издржам вечерва. Синоќа станав во 3 со плачење го будев маж ми не мрда бебе и не мрда. Го тресев стомаков и после по 15минути почна по малце да се тегне. Ете вика тој спиеше. И цел ден денес така многу е тивко многу психички се изморив.
Немој со тие мисли, не сега на крај. Отвори си едно чоколадо и лапај си по две коцки на саат Многу бебиња знаат скроз да се успијат на 2-3 дена а секако ништо не им е. Плус што ќе прави твоево будно толку многу, сигурно му е веќе тесничко Не велам да не обрнуваш внимание на движењата, ама не се истоштувај психички. Збори му, пушти му малце музика, каснувај благо по малку и ќе ти јавува од време на време дека е будно
Наместено си е бебче , спуштено за природно , ке чекаме болки ... ми кажа ако не ме фанат до нг после и царски можеби ке биде.. ке видеме на следна контрола..
Душо опушти се малце мн си напната , јас пробувам да не мислам на тоа да ти кажам дури не ми беше верно дека дојдов до 40 та веке ама не мислам воопшто , најди си занимација ете јас денес цел ден по малце зачистувам и си наогам занимации за да не седам и мислам , секој ден си наогам по една обврска и така ми е поарно барем не паничам .. ке биде ке излезат кога тогаш само живи и здрави да сме да мине се добро )))
А веќе се ближи крајот секако дека ќе излезат, ама сепак психички мава јако. Утре сум 40+4 имам контрола со надеж да ме задржат во болница
Како да не му е тесно 3800гр бебе со големка глава. Ајде икаше прееска ги прави последните подготовки за да излезе.
Здраво девојки. Совет од некоја со слично искуство.. Иначе сум 39+1 недела Сабајлево во 7:30 се разбудив за во вц, водена доле ама не премногу, отидов веднаш на болница, со надеж дека ќе раѓам.. Ме прегледаа веднаш кога отидов вагинално со прсти да видат дали сум отворена, ама не сум воопшто,докторов ми рече дека е некој секрет, поседав три саати таму и ме пуштија.. Кога си дојдов дома легнав да спијам.. Кога станав имав исто така како сабајле само помалце.. И од 3 саат до сега толку обилно не ми истекло.. Ама по малце како да сум влажна на гаќичкиве, со некаков бел секрет.. Што мислите вие? Некоја слична ситуација?
Да не имаш ставано некој вагиналетки? Многу е битно пред пороѓај да се исчисти секретот за да нема некоја инфекција бебе
Да прашам нешто, може во туширање да пукне водењакот и да не го приметам? Се туширам по 20минути под вода па затоа ми е страв.
Обично на крај се случува ова, самото тело и самата вагина се спремаат и се чистат за излегување на бебето. Ако претходно брисевите ти биле чисти мислам дека не е страшно.
Не верувам дека нема да го осетиш, тоа е исто како да кажеш нема да осетам кога мочам Мене водењакот ми пукна во болница , 1 ч по добиените болки, легната со цтг и осетив дека нешто почнува да ми тече
Леле и јас пет минути се вртам од една на друга страна,кога ќе се разбудам цела здрвена на едната страна,ми треба цела вечност да се свртам на другата. Инаку и јас понекогаш како да не можам да дишам,едвај воздух земам,а препони знаат на моменти да ме сецнат како струја да ми поминува. Кога бев за брисеви матичната виде дека имам секрет и ми даде вагинални таблетки,вчера ми стигнаа резултатите брисевите се чисти,ама секрет уште имам.Дали има некоја така како белка од јајце,како за време на овулација.?
Да, све е чисто.. Да не е водењакот мислев јас ама ете докторите рекоа не бил, други пак ми викаат ако е високо прснат помалце ќе си течи, и дека не сум била отворена воопшто
Докторите знаат и ќе видат ако е прснат водењакот, чим ти рекле дека не е, значи не е. Водењакот кога пука тече вода без престан, не мора да е обилно истекување, ама цело време ќе тече и ќе осеќаш баш како да мочкаш а не можеш да го запреш. Истиов одговор и за @BabyD0ll
Цело време е така на крај, посебно во девети месец. Дури знае и течен да е исцедокот, тоа е она што се вадат од памет трудниците дека почнал да истекува водењакот. Нон стоп како подмочани Ајде уште малце остана
Да,да баш така ,се будам секоја вечер жива вода меѓу нозе, што од што ми е топло испотена ,па плус и секрет,па ме дрма паника. Ај нека си поседи уште малку не ми се брза,не сум скроз спремна