Ние може бетер ќе викаме. Сопругот се плаши да не избегам од боксот. Вика ти само да ти се пререче нешто ќе си фатиш патот накај дома. Викам нема да можам и да сакам, само ќе гледам да се роди.
Е па сега имам многу за пишување. Цтг имав малку контракции до 125 одеа ама не се доволни. Ехо се супер бебче уште со иста големина при крај не ставале на килажа многу, вода имам се перфектно ехо, бебче перфектно наместено. Е сега следува следново. Вака ми рече, пошо 4 дена поминати после термин не се многу, а не се ни малку ми предложија неколку опции. Ако сакаш рече денес ќе го почнеме процесот, да се напиеш масло не знам какво го ставале во коктел и да чекам вечерва да ме фатат болки, ама на цтг да се вратам вечерва пак да видат како е бебе. Ако не ме фателе болки утре ќе виделе што понатаму, ама рече сигурно ќе ти дадеме таблета за провокација. Ќе видиме дали и тоа ќе делова, ако не ќе гледаме што понатаму. Друга опција да чекаме сеуште затоа што имаме време уште 5 дена и ако сакам со прсти да ми индуцира долу, па за два дена контрола. Се мислев и се одлучив со прсти да буричка и реков би сакала најмногу природно да ме фатат болки. Така малве избуричка со прстите и ми рече може ќе крвариш вечерва. Рече дека сум отворена 1цм ама не знам како објаснуваше внатрешниот дел не е отворен воопшто, него само предниот?? Како и да е. Јас кога се вратив дома сега имав лигав исцедок како крвав малце, ама скроз малку беше. Чекаме сега
Аиии види ја, чекај срц не сум тргнала на пораѓај. Чекам природни болки оти ми е страв од вештачки. Може ќе се напиев од маслото ама женската што вриштеше малце ме исплаши.
Дојдов на темава за тебе Е ај со лесно Тоа што го пиша погоре мене во 38ма ми направија и вечерта болки ме фатија Исто 1прст бев па после неколку саати видењак ми пукна
Менструални болки сукрвица почна, колковите ме болеа и на крај коските во колената Болките појачуваа цело време
Чајот не го спомна, поќе викаше да го масирам стомаков со тоа маслото Спојлер , и тоа јако да притискам пошо самиов утерус бил мускул и да му дадам пуш на природен начин. Јас си го пијам и чајчето.
Ништо ќе помогне сестро, одиме на провокации Вторник. Или да спомнам царски или со епидурал главата ми е чорба
@BabyD0ll и јас идам заради тебе на темава исто како и @Milkiway од кога ме подотвори со рака (иста докторка не пораѓаше) имав сукрвица и следниот ден сабајле почнаа болките и вечерта се породив. Така да, блиску си ајде со лесно
Абе знам дека сум центар на внимание моментално Се знаеше ова уште 38ма недела ко ми кажа матичниот уште две недели имаш време. Утре одам да се движам максимално и веќе тоа е тоа.
Не сум само јас со надминат термин и @no name5 е 40+3 само што е многу тивка секоја и чест. Со ден два и бегам.
И јас денес ради тебе отварам почесто , да видам до кај е бебуш. Ова твоето инат ко на @Fatalnata излезе. Рекло не и не