далеку од храбра , ми идеше да избегам низ врата кога ми рече иди да отвориш историја ама што се мора се мора , бебе сака да искача нема бегање
Сега барав кои несакани дејства ги има: 1.низок притисок 2. Температура 3. потешкотии при исфрлање урина Значи парализа никаде не најдов. Можна е главоболка,вртоглавица и гадење.Еве јас имав чешање на стомакот. Немој да се плашиш со некоја мала скоро невозмжна веројатност . Ако беше парализата толку честа немаше да ја користат редовно.Проблемот е што за нејзино вбризување е потребен анестезиолог, а анестезиолозите се ретки кадри во сите болници.Па затоа тешко се доаѓа до самата анестезија и нудат прво други алтернативи. Ти можеш да се движиш кога имаш епидурал, само немаш болки Опушти се и не се плаши,таа помага и побрзу и безболно да се отвориш
Бев попладнево на прв преглед и цтг во 9ти месец. 36+3 сум. Прегледот помина ок, освен што бебка сеуште не е свртена Испадна дека и некои мали контракции имам, па наместо за недела дена, ми рекоа да идам пал во среда за цтг само. Искрено, се испаничив, сеуште сум вознемирена.. Мислев имаме време.. Од прееска само му зборам на меше, го молам да се сврти и издржи уште некоја недела внатре
Добро бе ако имаш мали контракции не значи дека ќе се породиш. Те проверија колку си отворена? Јас со мали контракции со денови сум поминат термин и не можам да се отворам Не секирај се
Не ме гледаа колку сум отворена. Сега цело време си правам список во глава што све имам да завршам по дома почнувајќи од утре, се надевам дневните обврски ќе ме оттргнат од мисливе. Инаку за бодрење други сум прва, али за себе сум голема плашливка и плачливка.
Јас 2 дена бев 3 прсти отворена се измачив чекајќи ни ваму ни таму, на крај со провокација се породив за саат време (саат спремање, антибиотик и клизма). Болките се силни само при крај кога ќе бидеш 8-10 прста. Епидурал не примав, тоа е луксуз на државно. Не дека беше неиздржливо, ама ако имаш можност примај. Иако мислам дека откако ќе се отвориш скроз ја намалуваат за да ги чувствуваш контракциите, за знаеш кога да напнеш. Најважно е правилното дишење. Во момент на контракција не треба да се стегаш туку да дишеш за мускулите да добијат кислород.
И да се породиш не е страшно, веќе си полни 36 недели и бебе е комплет зрело и спремно. Само позитивно
Венска провокација 3 дена.... се издржува само не троши сила на викање.... можеш да побараш и дијазепам ако сакаш да одмориш
Јас го свртев со пилатес топка. Седи на топката кога пиеш кафе, чај, кога гледаш телевизија. Прави од време на време кружни движења... Мене планираа вчера да ме породат царски ради лошата поставеност, но видоа дека се вртело. Сега ќе си чекаме.
Абе @BabyD0ll ни ја нема? @Tacka36 Кај мене сега во 34та недела почнала да зрее, ама докторката кажа не е ниту прв степен сеуште. Од нулти ком прв степен иде Кај пушачи трудници многу рано созревала.
Денес бев да си проверам крвта, 133 ми е, железото од 10-29 кај мене 30.1 е . Е сеа триглецириди и холестерол не важи во брњменоста така? Секако мора да се покачени.
Супер бе,бравос и железо и крв. триглецериди и холестерол колку што јас знам и што ми има кажано док.не важи да.,секако се покачувале.И кај мене се високи.
@BabyD0ll Денес се очекува да се породи Пред малце пишувавме, синоќа ја примиле во болница, почнала природно да се отвара, се опушта во када и го чека нејзиното сонце да се роди
Кој ќе ви дојде ред за пораѓање само пишите ми. Вчера @BabyD0ll му пиша и реков ќе идеш ти вечерва и ете вести дека е веќе во болница. Со лесно нека е само