Кај мене е така скоро 2 недели. Ама јас си викам рано е за пораѓање убедена сум дека порано нема да се роди. Или во текпт на денот или ноќта ме фаќаат, барем 2/3 пати дневно, ќе одморам и минат. Пред некој ден џогирајки силно ме пресече во срамната коска, ама сеа нема ништо. А и високо си ја осеќам
Од понеделник здравје почнувам со ЦТГ ќе видиме што ќе кажат. Ама некако чуствувам дека и ти и @DELFINA81 ќе се породите пред мене
Да, јас сум 34гн и овие 2 недели повеќе ја осеќам. Баш пред малку фатив некое топче и си го мрткав лево, десно, којзнае што беше
му се чудев и ја на топчето, не ми беше јасно што е, испадна главчето дека било. Сега си барам цело време кај е главчето и таму си галкам и чешкам меше
Добра сум мила ноќеска бев добра немав болки сабајле само така кратко осетив ептен слабо ама ми поминаа одма нека поседи уште малце во стомачето каде се брза
Јас спремав холахопки, боди, комплетче ( хеланки, елеченце и блуска ) калчиња, капче, ракавички за рачињата и ќебенце.
@mssuniquee Дали даваат со скафандерче, нели ги ставаат во болница во транспортер за во кола, па мислам со скафандерот не би се закопчувале каишите.. Јас купив ама се предомислив и утре ќе одам по дебело ќебенце, со него преку транспортер покриена. Многу е слатко комплетчето
Баш гледав по сликите кога ги вадат од болница повеќето беа во вакви плишани скафандерчиња. Затоа и јас земав, имав уште едно ама ова ептен малецко е и не е дебело Прво ќебе плик имав спремено, но немаше да собере во транспортер
Ве гледам се спремате ,со што да ги изнесете бебушите од болница јас уште мислам дека сум прво тромесечие,ама еве влегов во 3то...не ми се верува. Имам уште време ама некако летна времево. Од болки, после пораѓај ако имам лев колк јас ќе бидам најсреќна. Магнезиум,калциум јок,не помага ништо,ако не ме извади дм од када ќе си плачам од што не можам да излезам.
Преслатки се бее Јас мислам ок дека е , не е преголем скафандер , ќе може да се закопчаат појасите .. А ја талент веќе спремав торбицата викендов и неговата и мојта е немож се одлучам што да биде за одење и 3 комбинации спремав плус и хулахопи и ѕивриња ставив , и боди на долги и на куси и вакво плишено скафандарче и ја ставив , абе се акнав ми останаа уште во мојата торбица влошки да земам за мене тие со мрежа и пелени за во болница , влажни и спремна сум за полазак 36+ сум и јас ги имам тие болки ко менструални грчеви ден пред добивање на моменти оваа недела една вечер беа и доста јаки , т.е цел стомак ми беше поцврст подолго време и така некои грчеви , да не ми е второ гарант ќе си тркнеме до болница сеа колку толку отприлика свесна сум како ќе бидат болките и како изгледат за одење . Со првото почнаа вечерта на 20м и не беа мн јаки 1цм отворена ај ме задржаа ден термин ми беше , тек утре сабајлето почнаа вистинските и на бокс водењак ми пукна можев и дома да си преспиам , тек сабајле да одам .. Сега ќе видиме како ќе се одвива се ..
@Poppins Леле исто, колку комплетчиња и спремив и за таму и за искачање, како некоја голема работа да е Би сакала и таму да ја облекуваат во мое.. Со првото ни пола волку не сум била возбудена, мерак голем за девојче И мене како да ми е прво Со синот ни болки ни ништо немав. Во болница и болки добив од провокација и водењак се. Појма немам сега на какви болки треба да реагирам за во болница да одам. Само знам дека од дома сакам болки да добијам, уплав имам од првиот пат..