Тука уште ги моткаат ко лебчиња ама ич немож се одлучам и 3 ставив и сите различен број се 52 , 56 , 0-3м јас се минав , не беше тежок пораѓај , ако од вечерта си бев , неќев дома и си спиев таму , ама коа почна се брзо се одвиваше , искусив и провокација венска и почетни болки и финалните , шиење немав мака , ревизија ми беше најјезива мораше да ме дочистат од постелката не беше целосна , у сет пораѓај тоа ми беше нај језиво и болно ако беше 3мин
Синоќа цела вечер маки, препони ме болат доле, половина ме боли, сега дали јајници се шо знам, аи катастрофа сум од вчера.. освен магнезиум што др смеам?
37 + 3 сум.. Да ептен дури еве два дена од кревет не станувам од страв Второво ми наплати за раатот што го имав со син ми
И мене сабајлево многу ме болеше кичмава и јајници,препони не.Па дури станав и мекици да пржам ,после легнав и се смири болката.Туку денес и послабо ја чувствувам беба,не ми е ич активна,а изедов чоколада, дури утре сум на преглед па ќе видиме до кај сме. @Poppins алал да ти е ти дури и торба си спремила,јас не уште.Денес и мене ми стигнаа шпихозните што ги нарачав за излегување и сега не можам да се одлучам кои да бидат, многу ми се нежни и двете. Плик ќебе нигде нема кај прашав,се мислам тоа од големава да го искористам како ново е,не го искористивме многу,а скафандер имам еден ваков сличен како погоре тој па ќе видам.
Спремав ја се уште ситници да докупам , а бебево може и да изненаде може па и ќе тера кој знае Цтг денес покажа болки , ја имам осеќам така малце на препони и ниско кај јајници ама па не се од сеа
Кога сме кај болките и јас се јавувам со болки Мене ми е рано ама што знамНавечер особено ме фаќаат контракции и стврднување на стомакот, па дишам како на пораѓајПоима немам што се нормални болки и само гледам на саатСе си мислам за ова бебе ќе отидам во болница на лажни контракции или ќе се породам во кола или дома чекајќи да ме фанат Инаку болки во карлицата, без сила само да лежам сакам, а кога се вртам морам да се исправам инаку не можамВака не ми беше со првото, ова ми наплати за првто.Ама да гледа да спие цела вечер и да не плака како сестра му #новогодишнижелби
Леле и јас морам да се исправам ,како укочена сум целата,едвај станувам навечер за во тоалет и само тогаш залегната имам такви болки и наутро кога станувам.
Исто само кога лежам, штом ќе се раздвижам поминува Инаку јас само купувам за бебе и се си викам малку му еИмаме и ние скефандерче ама кај нас е малку поладно, во Мк е потопло.Повеќето работи ми се 62 па си викам големи ќе му бидат да купам 56 Денес бев со малата да купам памперс и други работи, па кога се вратив сфатив дека ми фали уште работи, од чај за доилки , крем за брадавици , капки за грчевиАма така ми е кога одам без список За мене во болница ништо немам ама може ќе ми текне да купам
Ах па и јас немам се ,тоа за бебе капки и Др ствари ќе го пратам мм кога ќе си дојдам од болница со список,една комшика ми даде ланолин ,ќеси за смрзнување млеко и такви ствари за доење,а за бебе уште влажни за во болница,пумпата ќе ја измијам во машина па нека чека дома спремна.А и постелнина една ми фали ,леле се во 5 до 12
Јас сум константно со болки,веќе не би била интересна да кажувам. Ова со болката во препони,карлица, што и да е, не се поднесува. Болки во стомак,во срамна коска,во колкови,сегде. Едвај станувам од седење/лежење, за во сон па ... ужас. Мкнам вреќи со алишта од од утре конечно со перење и пеглање почнувам,тоа е планина од алишта бре. Ко будала некоја сум купувала,за еднаш-двапати облекување.. 50-56 видов неам многу, повеќе се 62-68, ама ќе докупам онлајн. Никаде не ми се мрда, оти после пешачење не можам нозете да си го соберам,ме боли ужасно.. Да средам алиштата па белким ќе имам време некој ден само за лежење
Јас сум во периодот само со лежење цел ден лежам и многу ми е убаво . Средив алиштенца, се, уште 2/3 работи за во болница ми фалат. И здравје планирам да раскитам елката накј недела, понеделник и после само ќе чекам посилни болки. Сеа само ми се стврднува стомакот и менструални болки имам, во стомакот и половината, ама подносливи.
Да се пријавам со болките, 36+3, бебе е две недели понапред со мерки. Вакви болки не сум имала, како со нож да ми врте внатре некој околу јајници, а ми се стврднува цел стомак. Исто како за пролив ме претиска и половината страшно ме боли. Се повторува сето на околу 35-40мин. Утре ќе одам на прво ЦТГ па ќе видиме.
За болките да прашате доктор ако ви даде дозвола, дали можете да правите вежби, да вежбате јога, има конкретни вежби за тие регии можат да ви ги олеснат болките.
Отидов вечерва на редовна контрола кај докторот што го одбрав. На преглед се беше ок. ЦТГ не покажа ништо. Си викнав такси за дома, таман дојде колата, почна нешто да тече доле. Му се извинив на таксистот, се вратив назад во болница. Им кажав не знам дали е водењак или успеав да се помочам... Докторот мој веќе заминат, последен пациент бев за денот, ме прими дежурната, ме прегледа, стварно пукнат водењак И сеа ќе си чекам кога ќе одлучи докторот да ме оперира, се надевам утре порано во денот. Нема да издржам да седам подолго време во исчекување