Ќе земам обавезно нешто за железото и јас. Воопшто немаше да ми текне за него, добро е што пишав и фала за советот. Се надевам ќе се среди барем уште некоја недела да се поспие убаво.
@jarec6 и @CareTee од несоницата си добив и паничен напад.Кога кажав на гиникологот ми даде упат за психотерапевт.Се молев секој ден да издржам уште една недела.Тука термини за психотеапевт се добиваат ретко, едвај најдов кај една за еден месец.Сите беа со листи за мај.Ама јас ако чекав да отидам на психотерапевт со таа несоница мислам ќе добиев срцев удар од вознемореност.На крај психотерапевтот само ме ислуша и рече супер се си направила правилно продолжи со железото. Од тој паничен напад сфатив колку е тешко да имаш психичка болест борба со сам себе затоа давам подршка на секој што му треба за да се избори и да се победи самиот себе.А не сум имала никогаш проблеми со ништо. Затоа девојки да не дојдете толку длабоко како мене пијте железо
Дали знаете која недела се прават брисевите во трето тромесечие и дали се задолжителни? Јас правев во прво тромесечие, 13 или 14 недела, се беше чисто. Сега сум 28 недела, матичниот не ми спомнал ништо за втори брисеви, а слушам дека некои ги прават.
Ова како јас да се читам, одење во тоалет на пола саат, цел ден, во рок од 5 минути ако не отидам, мислам ќе се помочам, како грч во мускулите доле кај листовите, исто, ме фаќа во сред спиење, трае кратко, и мислам дека ќе почнам да плачам од болка, мм станува ме масира со еден гел магнезан, ми ја тресе ногата, ама џабе, после цел ден ме боли листот. За спиење, мене многу ми се спие периодов, ненаспана сум и после 9 саати спиење, многу се осеќам уморно, и ме болат стапалата на нозете, без разлика на физичка активност. Плус бебето е многу активно, сега веќе се осеќа и се гледа, цел стомак со турбуленции, и бранови, по саат време не се смирува ако почне. Ете и јас да се пожалам, да не останам "покуса". П.С. тука сме со неделите, јас сум 31ва.
2 бриса беа кај мене. Еден за стрептокока, еден за нешто друго што го испитував и во прво тромесечие ама сега не ми текнува што точно...
Женски се потите ли? Јас многу се потам и постојано ми е жешко. Дома климата е на најмногу 22 степени вклучена и на таа температура ми е супер, не ми е жешко, а сепак се потам. Ако отидеме на друго место кај што е потопло мислам дека ќе цркнам, не можам да поднесам.
Иста сум скроз и јас и со болките и со мочање и спиење.Многу често имам болки во нозете и грчеви,дури се плашам на породување пак да не ме фати некој грч како првиот пат. @forumce ,не да се потам,жива вода се будам секое утро , помеѓу гради,нозе утоп сум,на моменти мислам дека водењак ми пукнал. Ама кај нас дома е многу топло со парното,не знам како ќе седиме со бебе,прозорот ни е цело време отворен,по куси сме сите дома.
@thelittle17 ептен сме блиску со термините ние, спиј си додека можеш јас последниве 10 дена по 3/4 саати спијам само, уште се чудам како функционирам океј во текот на денот. Чекам момент кога ќе ме стигне ненаспаноста. Кај мене девојкава е пренежна, уште од почеток си беше таква се мислев како расте ќе станува посилна. Баш удар удар немам осетено, повеќе е како тегнење, и знае да се истрти со некој дел и се осеќа ептен тврдо на тоа место па ќе ја снема и така. Доста ниско ја носам сите тоа ми го викаат и само доле тук некде по некој ептен нежен удар да има... Мене ептен ме копка каква ќе биде, на кој ќе личи, колку кг ќе се роди. Јас сум скрос црна мм скрос бел со плави очи. Едвај чекам да се запознаеме иако ми фуфка од пораѓајот.
Првен се контролни околу 32 -33 стандарт уреоплазма , кламидија , тие таквите од прво тромесечје , после 35-36 е стрептокока и таа само со стапчето за брис а зима нежно и толку , евентуално и некој др ако не ти земала во 32 33н да ти земе ( зависи од док) ама стрептокока е задња најкасно 36н.. @forumce @azelea со потењево иста и кај нас е парно а е над 21° скревам , и по куси и боса сум цело време . Леле а овоа со потењето меѓу гради , мислев нешто чудно се случува со мене , а за доле ехее се мисл подмочана сум Грчеви трпки фул пакет е кај мене , кога бев на док како легнав де ехо де цтг дур заврше се , после и викам на сестр дај рака ја неможам да се исправам , многу се укочувам последната недела и дури раздвижам , оф - ох - леле сум
Хехе,Еурокрем комбинација сте биле вие,имам едни пријатели мажот црн ќумур а она бела,бела,децава им се мешани,едното поцрни другото бело
И на мене цело време ми е топло, и ме нервираат сите, и се ми е тажно. Плачам за џабе . Во еден момент многу го сакам сопргуот, веќе за секунда сакам очите да му ги извадам и така уште 20 дена до термин, се надевам дома сите живи, здрави ќе ги оставам кога ќе одам да се пораѓам
И мм типува девојкава да била на него плава со плави очи а второто машко со црна коса очи. Ова фабрика е примаме нарачки. Јас му викам две ќерки ќе имаш, ќе те надброиме.
Пред се среќни празници Втор ден сум како подмочана, а мислам не сум не мириса воопшто :/ Нормално ли е за 38ма недела? Со првото снемав вода и сеа сум малце во паника а незнам кај да трчам сред Божиќ и дали да трчам
Девојки 28+3, со контракции повеќе време сум, но се случува бидејќи морам да мирувам кога ќе станам до тоалет или до болница кога одам стомакот се стврднува и не попушта никако. Дали е тоа кога ќе станам натежнува бебето и се стврднува или е контракција. Додека лежам често се стврнува од двете страни на папокот како две топчиња колку дланка и ме сече долу, а кога попушта почнува да мрда бебето. Лежев некој ден на патолошка на цтг ме следеа ама ко за беља тогаш ни еднаш не се стврдна. И некогаш кога е ептен активно си имам и болки таму кај што е наместено.
Јас сум со црна бујна коса, бел тен, гајтан веѓи Мм е плав, со светол тен и коса. Кога ми ја донесоа ќерка ми да ја видам неможев да верувам, очекував буцка, со порасната коса, родив бело девојче со две плави влакна на глава Сите шокирани, бидејќи цела фамилија сме исти, но генот на мм надвладеа. До денес се случува да ме прашаат дали е моја