И јас сум 38+1 денес, и мене мирно цтг но денес буквално од кревет не можам да станам. Исто имам стврднување на стомакот, болки во препоните, гледам што повеќе да лежам но изгледа бетер си правам со лежењево
@mssuniquee @2502999 може ви почнуваат вистинските следете дали ви се на интервали и на колку минути се ајде со лесно
Ја од денес 37 , а вчера исто така и ја неколку саати хаос , болки у препони и срамна коска , болки и тоа ме дрмаа на 20-30м квалитетно по мин две , ама мислам кај мене поеќе беше и премора дополнително , за празниците минатите денови турбо бев .. Денеска добро сум еве нормал , еднаш два пати така стврднување ама послабо од вчера . Јас вторник на цтг сум ..
И јас денес имам болки, лажни се од шетање ми се, ама битно имам . Два дена без болки бев си се улежав дома, сеа се радувам што почна да боли, а и прв пат со мм имавме односи после 8 месеци, исто како невина да сум, сум заборавила и како изгледа, бруки живи бевме
Ајде женички навивам побрзу да се олеснете Повеќе секс, шетајте, скали качувајте и да се гушкате со бебки Се што беше забрането пробајте може ги индуцирате пораѓај. Како што знам дека најдолгите болки се при крај на фазата за отварање, кога болките се на 2-3 минути и траат 1 минута.Ова што го кажуваш не личи на породилни болки
Јас а чекам 38 недела и се активирам Урми,ананас , секс , пердиња сите да преперам и закачам чучњеви , шо др беше И ме глеаш 40+ термин минам , се тоа , со умот мој и филмови , и дати бркање , за пред термин да е , и ја како Бејбидолл надминувам се Она така сакаше порано да е нели. А ја и водењак сакам да пукне дома да видам како е тоа чудо течење , не таму на бокс да не сетам , многу сакам , многу фантазии нели Кај мене цтг мината недела покажа болки се тоа , и ме прашаа како се осеќам дал чуствувам нешто ама ја трупче , се ми е нормал цела бременост и викам ја си осеќам секакви болки , овие не ги сваќам мн сериозно , ќе чекам ја финалните да здрмаат Ќе видиме сеа следното цтг што ќе покаже.. За тие вчера знам од премора беше поеќе и по осеќав се чим денес е мирно.
Јас сум турбо активна од вчера! Уште пеглањето и пердиња перење остана, ама тоа за утре е резервирано, додека маж праи генералка низ дома јас со алиштата ќе се позанимавам. Цтг вчера мирно, бебе си расте, мајка и бесна денеска матер бараше да тегне јоргани и вакумира во кеси, почна да ме фаќаат грчеви во стомак и се мислам ми се иде во тоалет, а по некоја секунда пушта, ни боли ни па ми се оди уствари Си праам филмови, готово напони ќе добијам и ќе раѓам дома, а нелиии несмеам природно, мс само за режисер сум Нареден понеделник ќе договораме пораѓај, уфффф многу сум најпревозбудена
и јас така со првото , термин 15.07, јас си велем на 2 ри да се породам, најкасно 7 ми.Аха нема како јас сакам , се породив 1 недела по термин со провокација. Дома на креветот имав непропуслива подлога , ако ми пукне водењакот да не си го измокрам душекот Аха на бокс ми пукна , едвај осетив дека пукнал, ни вода видов ни осетив Нема како ние сакаме ќе си чекаме @Chanell* што ти кажаа докторите дека нема да бидеш природно, пак ли со царски ќе бидеш?
Јас цела бременост јадам урми секој божји ден насабајле по 4,5 и односи со мм секој втор ден, 28+4 сум, ако се породам порано ќе ви кажам сега за сега ни лажна контракција сум немала
Тоа кога треба да биде, ќе биде. И пораѓајот зависи од организмот на жената, од кога е зачнато бебето. Ние џабе што и да правиме ако е рано, рано е . Секако е најбитно живи и здрави да се родат. Недела две порано или покасно најмалку е важно.
Да. Битно се понадевав на кратко.. Стрептокока позитивна, уреаплазма позитивна, кој ти дава природно, неам време ни да ги лечам гнасиве. Матичната не ни спомнува за пораѓај, кај Петровска одам паралелно и на два пати ми вика веќе “ооо значи ќе го папаш царски и овој пат”. И викам царски не-царски, јас само сакам да излезе веќе живо и здраво, не се трпам вака. Така да за две недели најмногу ќе бидне..
Ти реков дека во мк немам слушнато некој природно да се породи, па и овде ако имаш еден царски одма следи втор,ретки се тие природно што се пораѓаат по царски. Не е битно важно се да помине лесно и без компликации и да се роди жива и здрава принцезата А ти сега уживај во последните недели како послободна
Мешиња осеќам едно сат време на секој 10 минути ме стега доле и кај грбот во исто време и осеќам како нагони за во веце и стомакот ми е тврд може да се вистински болки?
Мајка,оглас да не заборавиш да објавиш во темата термини....мора замена како така... Инаку со лесно,те чекаме со убавите вести,а и ние што сме близу тебе побрзо,еве на пример јас