Ќе пуштам оглас ама мојава уште не сака да излезе сака да поседи уште малце фала иначе ајде сите да се олесните за брзо Фала
Кај мене е мирно поле сега за сега,некои тапи болки...ама не се знаее...ме фаќа еуфорија и мене..не ми се верува дека кај и да е ќе биде наскоро,како вчера да беше кога видов позитивен тест...мн.брзо ми помина времетоо Те чекам после прегледот.
Што убаво вака ви дошло времето, и јас едвај чекаммм ама рано ми е уште 28+5 едвај чекам крај на март
Ги земав денес резултатите од брисевите,ми покажа Gardnerella vaginalis...читам на македонски бактериска вагиноза би било? Ми препиша само Амоксиклав.Некој искуство?
Имав јас ваква бактерија и пиев клиндамицин и пробиотик. Фала богу се среди се исчисти. На време само пиј го амоксилавот не го заборавак и не ја мисли бактеријата ќе се среди
Девојки 29та недела од утре Почнувам. Неколку дена Имам болки доле кај срамната коска, ПреПоните. Дали и вие осеќате таква болка, нормално ли е?
Jas se shatirav vo 35ta nedela,prasav I mi rekoa deka moze. Sekako si nosev dve maski na mene iako nisto ne osetiv.
Леле не збори умирам од болки,како инвалид одам ми се плаче. Прашував рекоа нормално било. Колкот,срамната коска,кичмата,се мислам се распаѓам. Од када дм ми помага да излезам. Ми рекоа магнезиум,калциум д3 и тоа,нема друго чаре. Срамнава коска ептен ме боли и левиот колк и препон баш прееска мислев да пишам колку е нормално. Си направив филм кила да не имам, дека мајка ми има и исто така ја боли Геријатрија сум. Инаку @abc1234 јас се бланширам така да не би требало д аимаш проблем
Точно од 28ма недела почнаа болките во срамна коска и никако не прекинаа. Калциум,магнезиум,д3, ништо не помага. Не се пазам,џабе што и да пијам. Клекни собери играчките,стани одеднаш, ни да се потпрам на нешто ни ништо. Ко коњ сум! Ич осет немам, мм тука вика по мене. Не знаеш да седнеш и одмориш ми вика,за што е секако во право. Останав на одмор за да одморам, а јас на турбо сум уклучена откако сум дома. Будала,место да одмарам последниве недели
Денес бев на доктор.Ми земаа брис за стрептокока и прво цтг. Бебе малку поспано ,малку мрдна и така Го видовме и на ехо , мешето му е 2 недели помало и др вика дека е супер особено што сум на инсулин Плодовата вода била 17 ама и она е добра.Зошто ми кажа колку е сега да тражам на интернет- глупостиДругите мерки беа поголеми за 4 дена колку според циклус ми е термин, ама сега ме водат по бебе. Хемогловинот од 11,2 ми рипнал на 12,2 Добро е што железото што го пијам има ефект.Контракции на цтг не покажа, има време треба прво терминот кај болница да го минам Нареден термин ми даде за 4 недели Тоа ако не се породам до тогаш Претходна бременост одев на 2 недели овие се се луди Сакаа да ме вакцинират од сезонски грип и петисус ама не дадов.Преку пертисус вакцината ќе добило бебето антитела преку папочната и ќе било заштитено првите 2 месеци додека прима вакцина.Одбив.Ние од дома не излегуваме , контакти со др луѓе 6 месеца одбегнуваме, малата 2 месеца не оди на градинка, мм ќе биде на породилно кога ќе се роди бебето, а оваа кашлицата е толку ретка болест во денешно време, па затоа не се вакцинирав. Каша ми е постот
Мило ми е за тебе Ава со лесно пороѓајот Кажи ми што пиеш за железо ? Јас вчера проверив ми беше 6.70 докторката ми рече дека ми е слабо и дека треба да пијам тотема еднаш на ден
Фала мила имам уште месец и пол до термин Не знам дали го има Мк, инаку пијам Феро санол.Многу добро го поднесувам, не ми се врти или гади, а еве помага.
Јас незнам дали во Чаир се со умот на место или апаратурата им е крш. На 24.12 паника мн големо бебе мн вода итен царски во 36та недела На 28.12 идам за царскиот... а, не бебево е 3050, големо е ама не толку, да почекаме после празници. Испитај шеќер пак... Ајде нека. Денес ми викаат бебето мало нешто 3000 грама...
Ако можеш види побарај го Трајчевски нека те цирне најстручен им е за ехо. Мене до грам ми погоди. Иначе ние во ист ден имаме термин и мене бебето минатата недела ми беше околу 3кг
Кај тебе големо 3кг. кај мене мало 2900кг. А сум скоро една недела после тебе. Ама битно дипломи имаат, доктори и само ќе ти кажат нешто од памет да те вадат.