Јас вакви пијам(лижам) и на сето повраќање не ми сметаат за чудо. За помагање уште не знам 10тина дена ги пијам ама не ми сметаат.
Па мене денес исто на контрола во Чаир ме гледа докторката и кажувам дека сум имала болки контракции она ми вика ај да провериме мокрача да не сум имала инфекција пошто не сум отворена абе страшана работа.
Добра вечер женички. Денес бев на гин.одделение, ми правеа цтг, малце беше брадикардично бебето, вагинално ме прегледаа, се беше во ред. По менструација треба да сум 35+6гн, а по мерките од ехо сум 32+3 и докторот го запиша како SGA. Другата недела секако треба да одам за брисеви да видам и матичниот што ќе ми каже. На последниот преглед беше со 2 недели помало, а сега скоро со 4. Се надевам дека ќе биде добро
Д-димери испитував уште на почеток, беа во ред. Протоците пред 1 месец исто беа во ред, а пред тоа пиев Аспирин и матичниот ми кажа да ги прекинам. За плодова вода не ми кажа, а постелката е 2 степен
Втори степен е океј во твојата недела. Туку дали ти и мт сте ниски? Гледам дека тоа е главна причина за SGA.Обично не е некој проблем што е помало понатаму се развива нормално
А според кои мерки не е во ред? Ако тежината е ок? Мерки на стомаче, на главче, не знам што останува друго..
Девојки 35+4 некоја чудна болка во срамна коска ( не е баш некоја болка ) ми движи накај анален отвор и слаби грчеви. Незнам ни како да дефинирам што ми е ама пријатно не ми е. Пиев магнезиум, одморена сум незнам штп да правам малку и паника ме фаќа искрено Незнам дали само да одмарам или да си појдам на лекар
Се изморив барајќи ја темата за облека за излегување од болница и ќе си пишам тука Ми стигна нарачката која ми беше замислена за излегување со таа облека, ама многу лито некако Тенки панталонки и тенко боди на долги ракави во преклоп, како бе така ќе ја облечам? Боди врз боди ми е некако језиво мене,не па на бебе од 3-4 дена. Дајте last minute онлајн бутик по можност со интересни шпикозни 50ки, барај барај ништо не најдов А баш ми се слатки овие што ги купив тигрести... ама ќе премрзне со нив,макар и на 5минутки.
Има моментално попуст на Чико облеката во Енци Менци, ама сите од 56 почнуваат. Види и на сајтот на Wenice, само не знам како се со достава, не сум нарачувала досега. Има и на okaidi.com.mk по нешто. И по бутици на фб и инстаграм.
Девојки од вчера вечер сум со болки во кичма, препони, колкови и доле стомакот како грчеви ме фаќаат. 36 + 2 сум . Издржливо е ама дали е нормално да ме боли од сега вака ?
Денес точно 29+0, бебка моја златна да ми е жива и здрава овие денови е збесната и дење и ноќе. Е сега сакав да прашам, кога легнувам да спијам, се местам странично, и без разлика значи на која страна сум свртена бебето баш на таа страна клоца, и све ми е страв дека клоца ради тоа што го гмечам.... ама не можам како и да се наместам клоца не знам веќе како
Дојдов да се пожалам само Ме боли цела лева страна, кај кичмата позади некој нерв, напред кај јајникот, доле кај препонот, и ногата ми трне на моменти, како мрда и се мести бебе така мене ме боли, изгледа има фатено некоја лоша позиција (лоша за мене), и ме притиска на нерв од левата страна, само таа страна ме боли од почеток на бременост, се укочив готово, како стара баба некоја, а тек 31ва недела (и некој ден) почнав.