Мене за брисеви матичната ми кажа 34недела ама она не ми ја води бременоста туку само за патолошката, докторката што ме води е во приватна клиника па за 10тина дена сум на контрола ќе видам што ќе ми каже, јас па си мислев дека последните брисеви се прават од 30 до 34, не знам од каде сум разбрала така
Dokolku e patoloska bremenost i ima moznost od predvremeno poroduvanje doktorkata odlucuva vo koja nedela se pravi sekako porano.
И кај нормална бременост најкасно до 36 треба да се земе , за доколку е + да има време да се третира .. Јас се понервирав оти поради вирусот и др околности у 36+ коа бев ми земаа и стрептокока и уреоплазма требаше , па дури излезат рез се скренав , оти ако излезеше позитивна која и дае , дали ќе ги исчистев , ептен се заметни и тешко се чисте целосно со една доза терапија.. Одете за брисеви на време , секој е важен па и контролните во 32
Se fativte site za brisevite koga drugo bese prasanjeto vo celiot tekst. Nikoj ne dava odgovor za prasanjeto tuku site za brisevite koi ocigledno site gi pravat koga stignat
Јас од вчера се нервирам за ова. Вчера докторката ми рече 38ма недела ќе правиме за стрептокока и ми рече 38ма за прво ЦТГ. Се ми доага дека е касно. Сега сум 36та, уредна бременост до сега што кажала докторката и верувам ептен ама за ова сум скептик некако. Што мислите да ја барам да и подосагам дека сакам порано ? Навикната е душичка да и досагам се за нешто ја барам
Јас мислам да ја бараш порано да ги направиш да си бидеш раат иначе за цтгто сите различно го прават некој од 35-36 почнуваат некој покасно
Па баш тоа сакаа да ти одговорат членките. Ти праша дали е касно за терапија и другите ти кажаа дека 38ма недела е касно за брисеви баш заради тоа што може да е касно за терапија. До 36та најкасно се прават брисеви, за да има време да се третира. Исцедокот што го имаш најверојатно ти е нормален.
Мене ми земаа брис 34+2 и докторката рече дека ќе ме извести ако сум позитивна за да ми запишат во мајчината книшка дека сум позитивна во случај на предвремен пораѓај.Прашав зарем нема да добијам антибиотик, одговорот беше не ќе ти дадат на пораѓајот. Значи нема да ја третираат што ако е направен во 35 недела, може и на пораѓај да се дејствува со терапија.Не е страшно.Еве јас досега немам индикации за царски ,природно.Знаеме колку е опасна по бебето. Сега што треба јас да правам?
Некои бактерии ако се остават нетретирани не само што можат да го инфицираат бебето на пораѓање туку можат да го зголемат ризикот за предвремено раѓање, да се прошират кон матка и јајници итн. Од кај знам јас зошто твојата докторка така ти рекла. Многу доктори не велат така.
Жени, што планирате да спремите за вас од болница? Мислам, колку да очекувам да спадне меот? Трудничките пантолони веројатно ќе висат во тој дел, а нормалните нема да закопчуваат. Чаре? И тие што веќе се породиле барем еднаш - дали доевте веднаш по излегувањето од болница? Знам дека треба да спремам шише и АД за секој случај, но дали да спремам и блуза на закопчување за мене, ако треба во кола? Ќе патуваме од друг град, затоа. Секако дека е индивидуално, но тие што доевте, веднаш бевте спремни или првите денови со АД?
Drskaaa?? Rekov deka sosema drugo bese prasanjeto od toa sto bea odgovorite. Site tuka sme da si pomogneme ne da se raspravame. Ako nemas odgovor izlisen e komentarot. Barem jas taka mislam
38 + 2, денес ЦТГ имав, контракции никакви, болки само во половината цела ноќ имав, ама тоа ми е од премореност и што по цел ден по надвор сум. Ќе видиме пак во понеделник ЦТГ и ехо, може чека бебчето на 26ти да се роди со татко и во исти ден. Само се надевам нема февруар да не фати
Меше ќе имаш да знаеш, нема одма да спадне така да труднички панталони би биле ок со оглед на тоа што имаат копче и ластик. Мене термин ми е крај на март, па планирам фустан цемпер и чизми, ќе видиме како ќе биде време
трето дете кај мене , стомакот скроз се спушти, ама пак си одев дома со трудничките хеланки , блуза на закопчување обавезно и за 15 мин возење сум била спремна за да се откопчам и да дадам да цица , ако доиш секако градник за доилки ( без него не функционирам ) со ова бебе зашто во болница осетив дека млеко слабо имам АД си спремив ама не го употребив ..... со лесно
Еве и јас се чудам.Aма сега прочитав дека овде така прават на пораѓајот давааат 3 пати на 4часа антибиотик.Битна е првата доза и веќе не е бактеријата опасна за бебето.После го надгледуваат 48часа. Јас се породив лето со првото, па носев роби.Сега планирам труднечките панѕалони да си ги носам.Стомакот се намалува ама личи отприлика на 6-7месец , само виснат и мек Не се пораѓав со првото во Мк и бебето беше одма до мене, го доев секогаш кога ќе заплачеше.Немав млеко само колструм.По 30мин цицање лепотицата моја отвараше уста и викаше сакам да јадамПа во болницата имаше ад и ми даваа 30мл.Ама мојата пиеше 10мл.Болницата од дома ни беше 15 мин со кола и среќа спиеше и не се разбуди.Толку ми беше страв да не се разбуди бевме со такси. Дома кога стигнавме пратив одма маж да купи аптамил оти ја чекав да стане.Така по пола саат на града почнуваше да плака и и давав по 10мл ад првите 4 дена .После откако ми дојде млекото ја доев Сега исто планирам да купам за да имам за секој случај. Обавезно имај си некоја гардероба за доилки ама и да немаш ќе дигнеш мајца и ќе цица бебето.Топло ти препорачувам ланолин да си имаш, на почетокот болат брадавицита, а он помага многу Читај за доењето во тема доење.Можеш и прашање да поставиш Kaetana и др мајки ќе ти споделат искуство.
Кандидата може да ти ја потврдат и со стапче реагенс. Пиј чај од брусница, јогурт, ако добиеш и чешање ќе ти дадат три дневни вагиналетки. Ништо страшно