Хеланки и широка блуза мислам дека ти е најсоодбетно. Пробувај по пат да доиш и гледај да не бидеш пренаоблечена зашто ќе се потиш. Со стомакот е индивидуално, но заради раната подобро нешто покомотно од панталона. Хеланка или тренерка.
Ќе го нахранат со АД пред да си одите, дури и да не, 99% ќе спие во кола. Нема шанса да биде будно па да мора да цица додека возите. Секако, ниту е безбедно. Спремив хеланки со висок струк да не ми смета на раната, и ролка. Доев откако си дојдов но од почеток повеќе на комбинирано со ад бевме, дури кон трети месец преминавме само на доење. И овојпат ќе имам кутија ад дома, за секој случај. Дај Боже да не ми треба Да ве прашам. Сакам да земам таблети за лактација, паметно е да се пијат и пред пораѓај или не?
Девојки еве јас 39та терам, докторката рече може и овој пат ќе поминам термин Почнав да пијам чај од лист од малина , урми од утре почнувам да пешачам. Туку и за односи знам помагаат, но избегавам заради страв за инфекции. Вие имате ли односи ? Баш и еден лекар ми кажа тоа било најдобар начин за отварање Јас го доев уште од болница па и дома продолживме. За Ад немав потреба Туку со него уште доста пред да се породам осеќав мокар градник, колострум си течел а сега не.. Ете чудно..
Јас да имам односи и урми јадам и пешачам по скали се качувам ананс јадам од се помалце да го убрзам процесот
Добро, секако дека не би го доела и не би му дала ад за време на возење. Не сме до толку, би застанале на безбедно место. Фала на одговорите на сите, појасно ми е. Ќе си спремам едно шишенце за секој случај.
Ау каква ноќ, до 5 сабајле око не затворив. 30та недела, стврднување на стомак, прво безболно, а потоа и со константни меструални болки неколку саати. Се напив магнезиум, б6, но-спа и лежев и се молев да поминат. Утрово нова јас, ни б од болки, што беше тоа ме знам ама лошо беше Да беше преку ден сигурно ќе отидев на контрола ама ноќеска во 3 кај да тргнам?
Исто и јас имав оваа вечер стврднувања и болки во желудникот.Цела вечер ме мачеа за во 6:01ч ,а почнам да ги мерам , ама сум заспала цврсто , а изгледа се смириле Исти вакви имав на почетокот на трет триместар, ама мислев ми се од многу шетање Не се страшни тие се подготвителни болки , не спрема организмот за вистинските болки
И кај мене немаше спиење до 4 сабајле денес...Станува се помачно 31+3 денес. Следна недела на контрола да видиме колку сме пораснале, од 26 недела не сум била, некако многу долго ми се виде овој пат.
Женски ми фали темава и вие, уживајте уште малку со мешковците ако може да се ужива на крај. Ве гушкам
И ние од Скопје до друг град патувавме, 100км и кусур сме оддалечени, па бебе спиеше ко топ и дома си продолжи. Премногу мали се, јас дома само во лежечка позиција успеав да ја дојам, така малецко ни во раце не се додржува, се губи Не мислев ништо лошо со одговорот, кога се поголеми се будат за доење но толку мали, влегување во кола и штама е. Ние малата така и ја заспивавме кога имаше плачки некогаш 37+2 ... Јас свежа и активна како на почеток. Болките потпрестанаа, живнав некако. Само не можам да се изнаспијам, по 10-11 часа спијам со ќерка ми
Можеш да застанеш да го доиш бидејќи на почеток ќе треба цело време да нудиш доење за да дојде млеко и да почне убаво да цица, или ќе застанеш и ад ќе му дадеш ако плаче, а немаш уште млеко, спреми си едно шише. Ако сте повеќе од 2 часа оддалечени, да знаеш дека на 2 часа возење се прави пауза од 15 мин, се ваѓа бебето од транспортер, да не се вози подолго од 2 часа во таа позиција во транспортер, на воздух малку и да го исправиш.
Имавме еднаш односи после 8 месеци, и мислам дека толку ќе е до пораѓај Некако ептен чудно, стегнато беше, како прв пат да ни беше, не е тоа, тоа. Урми јадам, ама многу ми се благи и почнав да ги избегнувам. Пешачење вчера до матичната пешки идев, и додека не опушти времето ( ако не се породам до тогаш ) пешки не излегувам веќе, со жив страв газев, не знам каде е снег, каде е мокро, каде мраз. Па и се смрзнав главата цела ноќ ме болеше од ладно. Ќе си седам дома и ќе си чекам, кога биде, биде.
Јас 32ра почнувам, и имам привремени стврднувања, не се болни, немам менструални болки, ама знае да се стврдне, и кога мрда бебе дури и ме боли некако, не знам дали така е нормално да боли кога се движи бебе. И болки во препони, и нерв во кичма ме сече премногу.
Ме боли половината и си мислам сега ако ме фатат породилни болки немам спремано торбица, ниту алиштата се испрани, ниту докупено она што ми треба за изнесување од болница. Тотално ништо немам спремано. Што ќе правам, паника ме фаќа Тотално лежерно се понашам во оваа бременост
@forumce Леле ете ме и мене исто Цела вечер читам по нетов на какви болки треба да реагирам за во болница. Иначе баш болки во половината имам, мн доле ме притиска пецка...Омалаксана не знам како ќе имам сила за да родам... Не знам зошто уште вагинално не ме прегледала, рече во пон. Ехо и цтг океј 39+2 сум Торбата се ми е спремно и веќе у ѓепек чека Сеа идам да наполнам када топла вода и да лежам, и чај од лист од малина спремен. Ајде бебуш почни веќе
Ти барем си спремна, мене мува не ме лази Мислам дека ме боли половината од што лежам на грб подолго време. Ќе сменам положба сега
Исто и јас како тебе цело време читам по нетов а болки имав до пред малку така не многу слаби менструални па ми се смирија пред малце јас си лежам сон не ми иде никако 37+3 и јас ми викам на бебуш да почне веќе не се издржува