Мене не ми се верува дека нас ни дојде редот за раѓање Некако последниве три месеци ко само три недели да траеја Цел филм си направив од што не можам да заспијам, се замислувам со бебе во прегратки веќе.. ајдеее веќе
И кај мене не е се спремно во торбицата, уште некои ситници ама си чекам. Така дремам чекам болки да ме фатат па да паничам тогаш што на време не сум спремна . Цела ноќ се вртам како тракторска приколица, де на лева страна, де на десна, па на грб, половината боли, ми трпнат раце нозе. Во 3 ноќеска мм го местев од другата страна, на секое вртење и он се буди, дури сеа почна да ми станува тешко. Ама во еден момент сакам побрзо да се роди, во друг викам ај уште малку нека биде во меше.
Јас уште не сум спремна со торбицата.Го чекам мм да ми го извади куферот.Ама имам купено важно благи работи за пораѓајот, уште некој квики да докупам и некое сокче за сила.Тука е дозволено да се јаде и пие за време на пораѓајот, ако не пијам ќе ме караат. Денес мм ќе качи работи за бебето како када, релаксатор, дел за комодата за пресоблекување, кенгур. Којзнае што има уште во подрумотИмаме и бебешко седиште за во кола, ама овој мојот сакал да е со изофикс, па барам колича бебешка со седиште со изофикс, ама скапо некако.Креветчето и стигна вчера треба да го зглоби мм, ама има време.Од шишенца, цуцли,пелени, креми се си купив, уште ад млеко.Ми фали за комодата уште таа меката подлога. Најбитно немаме уште име, а ни бараме Туку вчера си порачав масло за перинеумот да се масирам и Epino delphine plus направа за вежбање на мускулите кај отворот.Со негова помош мускулите стануваат поеластични и се намалува болката при пораѓај и најбитно не испукува перинеумот.Јас имав мака при негово зараснување чуствував болка при секс до 9 месец, па велам подобро ќе си го вежбам.Вчера ја најдов направата и многу позитивни ревју имаше, па се решив да го земам.Па ќе кажам искуство после пораѓај ако ја применувам де Спојлер: Epino
Многу болки имам од сабајле во кичмата и стомакот.. Кичмава посебно, мно-гу! Дури жештина осеќам, и никако не попушта еве три саати веќе.. Што да правам?
На интервали ама не правилни. Фаќа па боли пола саат,минува. Ќе се јави после 10-15мин пак, па пократко трае. Имам чувство дека воопшто не попуштила од сабајлево. Поише кичмата,стомакот на два три пати само.. И што да правам, фатив генералка да праам, си викам бебе неспремна да не ме фати до вечер.
Епа следи ги ако уште така те држат се лажни и јас тогаш кога бев во болница исто ме рече докторката дека се на интервали ама неправилни дека најверојатно биле лажни.Седи одмарај може ќе ти поминат напи се магнезиум.
Јас мислам магнезиум не веќе. По мое само да си чека прави болки. @Chanell* со лесно и убаво ајде уште малку остана
Јас такви болки имав три дена, не знам како е кај жени кои раѓаат по втор пат, ама кај мене три дена беше вака. И некако знаев дека нема брзо да се породам. Ноќта пред пораѓај со болки излегов на кафе, си велам утре ке раѓам, којзнае кога пак ке излезам на кафе.
Девојки малку може глупаво прашање ама кога си немаш работа и дремеш ноќе до касно насекаде ми летаат мисливе. Сега сум 31+4, од 26 недела навака јас стагнирам во килажа, тогаш бев 59, до 60 стигнав, денес се мерам 58. Тука се движам од 58-60 плус минус, во зависност кога се мерам. Многу недели некако да не качам ич кг? Незнам дали да се радувам или се прашувам дали бебе расте правилно.... За една недела тек сум на преглед, едвај чекам да видам колкава е сега беба.
Девојки, се вртеше по темиве една табела со потребни работи за бебе, од колички до шишиња, беше од некоја онлајн страница. Ако ја има некоја нека ја стави се утепав од барање благодарам
Во првата бременост и јас стагнирав неколку недели.Бев исплашена ама др ми рече дека не е проблем.Има многу жени што слабеат Имаат диета поради некои болести и пазат што внесуваат па наместо да се дебеелеат ,слабеат, на крај пак раѓаат здрави деца
Се надевам се е добро, ме смирува што барем си мрда ја осеќам, она ептен е нежна ама таква е цела бременост. Инаку ептен ми е чудно за кг јас воопшто не пазам, си јадам богами се и сешто, благо посебно. Многу чудно до пладне не ми се пријадува благо ама после ручек неможам да издржам да не каснам благо.
Баш да видам до вечер како ќе бидам. Во движење ај не се осеќа, ама седнам ли на кревет почнува. Ај сеа на крај да не цмиздрам ќе издржам