Мене ме задржаа денес, 3 прста сум,болки баш имав во половината а цтг мирно Здравје утре ме пораѓаат. Држете ми среќааа
Никогаш не ми се појавила до сега, прво тромесечие ја немаше, брисеви чисти, плус сум во целибат немам односи, не одам во други тоалети заради ковидот нели сите сме повеќе дома и ете...
E bog da cuva znaci i jas sum isto zatoa prasuvam. Celibat od start i samo doma. Se plasev utrogestanot da nr mi naprai nekoe cudo ama eve 26gn proverkata na bris i urina ok si bese
Девојки здраво. 30+ сум. Пред некое време ми кажаа дека мешето му заостанува 2 недели, но протоците беа супер. Денес на контрола ми кажаа дека протокот од мене кон него не е добар. На гак викаат три недели, ремедика две недели назад со мешето. Примам клексан 0,4 и аспирин од почетокот. Сега ми рекоа фраксипарин 0,6 место клексан и аспирин. Дали има некоја со намален проток и како ја тера бременоста. Дали значи поран пораѓај
Не мора да значи ран пораѓај, ама треба да се следи. Што ти кажаа освен фраксипаринот? Јадеш добро, пушиш цигари, притисокот каков ти е?
Со храна слабо, бидејќи со желудник и жолчка имам проблеми и неможам многу да јадам, ама испитувавме протеини супер се, само железо ниско 5,5. Цигари не, притисок нормален, понекогаш понизок.
Женички, добро ве најдов Од денеска конечно се селам во темава, ве читам од позитивен тест и со нетрпение по втор пат ќе пишувам тука. Најтешките денови се овие, ама најблиску до бебенце сме Секако во 28ма недела дозволен е ваков ентузијазам, после 34та натака ќе ме читате со офкања @mssuniquee со лесно
Моја блиска го имаше проблемов, и ја породија во 35та недела, иако бебето беше застанато со развој во 27ма недела и се роди 1,700 кг. но најважно е што е здраво! Еве го, наполни година пред еден месец и е добар, единствено се измачија со рефлукс, ама еве поминува и тоа. Многу е важно што ти го откриле, па ќе следите ситуација. Во горниов случај, многу касно го открија, затоа што матичната едноставно не приметила
Јас до сега кај матичната ништо, се набрзинка. Затоа повеќе приватно одам и заостануваше ама викаа генетски може. Е сега испадна протокот проблем. Пред една недела си беше супер, па тоа ме плаши дали значи дека треба да се спремам за пораѓај или има шанси да се подобри ситуацијата