Кај мене си е високо бебето, стомакот под градите, таму цело време ритка . Секретот и кај мене е пообилен. Менструални слаби болки имам, и во половината. Си спијам убаво, само вртењето потешко ми иде. Преку еден ден генералки правам . Ама мислам ќе надминеме термин, така чуствувам
Ајде уште малку имате. И јас имав доста секрет како млечно бел ,цело време си течеше последните денови.Се породив 39+2
И јас излегов малце да прошетам да ме фати воздух мене ми е прво учам сега и јас мака мачам со спиењето цела недела цела се укочувам тешко ми е кога се вртам
Иста сум и јас навечер само се вртам само колк ме боли, легни на лева боли , легни на десна пак боли и така стани до веце цела се укочувам А колку жештини ме маваат што само си спијам на спавача со куси ракави и летно ќебе. Моето исто по малку се спушта, ама јас имам уште 4 недели. Преска правев вежби за колкот и малку ми намали болката инаку ќе пиев парацетамол од што не можев веќе Почнав да си вежбам за перинеумот од вчера ,со тоа што го постирав апаратчето Epino.Малку неубаво чуство ама производителот вели само првите три пати.Требаше да почнам од 37г.н , ама сигурно ќе ми закажат провокација заради инсулинот порано, па ќе биде порано од терминот.Па ќе видиме како ќе биде.Многу жени се фалат оти немаат никаква повреда и им помогнал за да го намалат стравот.Изгледа мене обратно ми делува ми го зголемува стравот Исто се масирам и со на велада маслото , ама некако не можам да се докачам од стомакот, ама после масажата осеќам како некоја тапа болка кај што имав повреда.Може па и има ефектНа мм не сум му дала да ме масира оти не знам како да се одбранам после од напад
Јас па многу убаво си спијам, само една вечер имав така мака, од една страна на друга, болки во колкови, трпнење.. еднаш до два пати ноќе станам до тоалет, кога ми е полна бешиката тогаш ми се стега стомакот, инаку слабо. Малце имам трема од самиот пораѓај, прво ми е, ама се трудам да не мислам на тоа, опуштена да сум. А овие два дена плачам буквално за се. Ептен сум емотивна. И сакам бебе да се роди, и сакам уште да си е во меше.
Уфф сабајлево ме боли,боли нешто, не реагирам.. море од сон ме разбуди,се свестувам дека стомак ме кине,да не сум пред пораѓај ќе мислам ќе добиев по истата секунда. После некое време се смири. Од време на време во текот на денот де стомак ќе ме пецне, де половина, таман ќе се возбудам ааа ме фаќаат болки, ќе помине Колковите ми се здрвени наутро, спијам цела вечер на една страна, неретко се будам на грб,и тоа салам укочена и ме фаќа паника одма.. Баш неделава коа бев на контрола,не знам која докторка беше од Систина, пошо лежев во една амбулантна соба, ме опомена да не лежам на грб, ќе ти се слоши вика, сврти се на лево. И така шубе ептен ми е кога приметувам како спијам.. Само проверувам и го тресам стомакот да мрдне бебе, да не случајно му се деси нешто божесачувај од тоа мое непазење Ах.. само да ме задржат деновиве, не се трпам веќе.Сакам 10 деца да имам ама ако може друг да ми ги носи, не се трпам трудна
Како сте мајки, како и колку се активни вашите бебушки, ова моево ептен мрда само се превртува незнам што прај де лево де десно де кај папокот ептен ме плаши, некој ќе каже добро е што мрда и јас исто викам ама олку мнг ме плаши, мислиш ќе излезе од место ме станува
Исто и моево денес посебно активно, па сакав да прашам бидејќи е со главчето надолу со рацете јајниците ми ги столчи. Дали е можно од толку активност да имам болки кај јајниците и надолу се до анусот, како сечење, силно пецкање, иако до сега 30+ често сум со болки, ама како идат неделите ме фаќа страв
И јас сум иста со болки се нешто ме боли ни на една страна не можам да лежам додека заспијам само се вртам лево десно. Мене и многу ме боли под градиве ребрава а денес па изгледа дека 2 дена не пиев магнезиум ме боли и срамнава коска не можам да стојам на нозе ниту да мрдам. Иначе и кај мене е многу активна ама па си велам нека биде подобро цело време да ја сеќавам 34-3 сум.
Девојки што мислите за поврзаноста на киселините во бременост со косичката на бебето,постарите велат колку повеќе киселина имаш со толку повеќе косичка ќе ти се роди бебуш,епа ако е така моево ќелаво ќе биде ,30+3 и уште немам киселини
Бабини муабети.И јас ич немав киселини и на мм му викав нашето бебе ќе нема ни едно влакно.Но се роди со коса за одма и фризура да и правам
Јас со двеве машки претходно имав киселини и со косичка ми се родија ама со ќерче немам,може и шо викаш нема врска тоа
Јас со првото бев како змеј со киселини од втор триместар до пораѓај леле мајко ни се спиеше ни се јадеше.Се роди со косле плетенка да и направиш Сега имам ама ретко само на некое јадење, па ќе видам дали ќе има .Ма и ќелавко да биде ќе биде најубаво
Isto e i kaj mene jas sum 35+2 i vikam dali e ova normalno 24/7 da e aktivno,salta pravi vo natre,pa i ne da boli
Нема врска и да нема коса ке му порасне еее најмал проблем е то Јас на предходните две имав киселини многу и со косички се родија , сега исто пак киселини и пак мислам со коса ке биде Како и да е здрави и прави да се то е најбитно