Јас воопшто немав киселини и се роди со три влакненца и плаво Тек сега по малце почнува да му расте, се надевам ќе порасте доста и дека нема да има ретка коса. Јас имам доста густа коса би требало гените од мајка за коса да ги има.
И јас во првата бременост немав воопшто киселини, синчето со многу коса се роди. И во оваа бременост досега немам такви проблеми 30та недела сум, ќе видиме како ќе излези Јас знам дека ова е причината реална за киселини во желудникот и најлогична за мене - високите нивоа на естроген и други хормони предизвикуваат да се релаксира кружниот мускул на дното на хранопроводникот и со тоа да им овозможи на киселините да преминат од стомакот нагоре, предизвикувајки чувство на печење.
Јас имав многу малку киселини, и тоа последните 2 недели пред пораѓај, ама ништо страшно како некои членки што пишале. Па ќерче се роди со коса за репчиња Нема врска тоа со киселините и косата.
Јас немав киселини а синко се роди со коса. Маж ми има страшни киселини од некои видови на храна, па можеби е преносно во наш случај. Нема врска жени, ни облик на стомак, ни убавина на жената, ни киселини. Се тоа се глупости.
Бабини деветини, само тоа ќе кажам, се побудалев од киселини со првото бебе, незнам колку Рупорут апчиња испив, сода, јаболка со тони јадев, кисела вода се доливав спас ми немаше...буквално не спиев, не јадев од киселини..не се трпеше. Бебе се роди без коса, со 5 влакна на глава....до 3 годинки беше со кратка косичка ко новороденче, на 3 години тек почна пималку да и расте коса, еве ја сега 4 полни години за 2 пат ја шишавме за тие години...плачев што не и растеше коса. Еве сега сум бремена со 2ро, пак иста приказна од 5ти месец наваму ме убиват киселини иста приказна вода да се напијам киселини ми се стварат, навечер седејќи спијам од шо не се трпат киселините. Незнам како се ствараат, изгледа бебе притиска на желудник или на цревата, незнам зашто се ствара толку желудочна киселина....биди среќна што немаш киселини, со месеци сум ненаспана од киселини.
Денес бевме на контрола, супер е бебла напредна машала околу 2 кг била. Само многу лошо е наместена со нозете надоле а главата нагоре. 32+5 сме денес. Колкави се шансите да се сврти? Докторкава рече ќе видиме на следна контрола како ќе биде има шанси да се сврти ама ако останела вака тешко природно раѓање.... Сеа ќе се молиме да се сврти....
Кај мене до 35 недека беше извртено грбот на страна газе горе глава доле сега 36 грбот е добро но главата е на страна доле е но на страна кај ногата ја осеќам и јас се надевам ке се измести како што треба
Се надевам и јас дека ќе се сврти до крај има време. @Magiluna Постои нешто што може ние мајките да направиме за да се сврти бебе? Дали има врска нешто спиењето лежењето? Јас не спијам цело време на лева страна, мењавам ама гледам поголем дел од ноќта да сум на лево...
имате време сеуште... побарај на јутуб, има неколку јога позиции дополнително матичниот гинеколог ми рече да лазам по дома и да седам обратно свртена на столче, благо подадена нанапред во однос на спиење читав дека вреди да се проба со перница меѓу нозе, коленото и глуждот да бидат на перницата ви држам среќа на сите да си се наместат бебушите како треба
И јас имам денес таква болка, едвај се движам. Посебно кај левиот јајник ме сече. 33та недела сум. Се напив магнезиум и пак е исто.
Не се страшни тие болки, јас така болки имам од 25та недела навака. Да одмараш повеќе, и магнезиум ете веќе си пиеш, мене така ме советуваа др.
Денев бев во болницата кај што ќе се пораѓам. 36+2 бебето е 2800гр.Пошто не е големо ќе го чекаме само до 40 недела Ако е како сестра и ќе си се изначекам Ми правеа цтг и има голема разлика од првото и ова бебе.Со првото не можев да иседам 30 мин од што мрдаше и го буташе цтг дури ме болеше стомакотОва 30 мин едвај 2 пати мрдна За 2 недели пак сум на цтг во болницата Така друшки ќе ве дружам уште некое време
Може ли чепот да паѓа дел по дел, а не одеднаш? Со првото ми падна одеднаш, а денес на два пати во вц како одам гледам нешто што личе на чеп
Да може , кај мене така беше со ќерка ми некоа ден пред термин и се породив .. И кај мене почна да паѓа денеска , утре сум на цтг ќе видиме што ќе каже док , 39+3 стомакот на колена мислам ми е , за болки стандарт тука се некои слаби овие две вечери ме фаќаат на различни интервали , ама сат два и после нормал се и е се