Мора ли да падне чепот пред пораѓај или може да почне и без да падне? Со првото бев царски, немам поим ни како изгледаат вистински болки а веќе два дена имам како менструални болки и болки во кичмата, за разлика од вчера појаки.
Zdravo na site idni majkami.... Dali e normalno ponekugas tolku nogu mi se jade sto po cel den nesto melam a ponekogas nemozam usta da otvoram jadam samo smoki cips jabolko taka nesto dali takvo nesto e normalno? Inaku 10 nedela sum
Јас пијам Рупурут, ама од што имам прееемногууу киселини, и неможам да спијам со месеци веќе, земав многу да внимавам на храна што јадам, оти сум жива ненаспиена од 5ти месец па се до 9ти еве сега Буквално од се ми се прават киселини од банана, портокал, јогурт, сок купечки, бисквити, компир, абе од се.....бел леб тотално исфрлив јадам само "Тонус", и не јадам едно 3 саати пред спиење. Освен кисело зелено јаболко, кисела вода и сода од апчиња Рупурут ми помагаат колку толку.
Hello we are here Од денес ќе ви се придружиме во темава,си ја читав темава и со душа чекав да стасам до третп па еве смее...27 недела неделите поминуваат а мама си ги брои колку има до крај за да си ја гушни принцезата Гушки девојки со лесно да ни помини трето тромесечие и да си се породоиме со лесно
Јас добив болки а чепот само скроз малце ми падна, кога почнаа појаките болки во болница тогаш се повеќе и повеќе паѓаше. Иначе тие болки што ги опишуваш се вистинските, јас имав прво слаби менструални болки и болки во кичмата на интервали од 10мин и следниот ден се појачаа.
Ја една недела иам такви болки , саат два и ќе си речам мхм сеа следуват посилни а они се смируват а шефот мака си нема ама тоа сум јас , се инатиме уште сега со бебуш освен еден прст што сум отворена и чепот на два три пати малце ми паѓа , и второ ми е и нели по дифолт побрзо оде се мхм Ќе си раѓам со провокациа ја на термин така ми стое
Со лесно мајка, за скоро ќе се гушкате со бебе. Ти посакувам да биде и пред термин, ама иако си второротка како што прочитав немора да значи. Јас како тебе второротка 3 дена го надносив бебето. Среќа што си била прст отворена и чепот ти паѓал пополека. Кај мене ништо од тоа не беше до 40+ 3. Ама потоа за неколку саати бидна пораѓај со брзина на светлината,без провокации ,без ништо. Така да немора да значи дека би била со провокации.
Бев сабајле кај матичната, цтг покажа двапати контакции до 80 како ритчиња ми кажаа дека имам контакции и ме оставија уште 10 мин на цтг. На преглед ми земаа брис дури сега во 38 недела незнам зашто толку касно. Ехо не ми правеше само преглед со рака ми кажа дека ќе потрае уште, ама тоа " ќе потрае " Да не е за денес само Како се мерат контакции на колку време почнуваат вистински ? Не ги снемува ама и не се нешто појаки ама кога ќе почнат како и да се свртам или застанам не ги снемува траат минута две. Да си чекам за брзо или ќе потрае ова моево
Многу ќе ти е фрустрирачки да седиш да потрае со болки... Сега не знам какви болки имаш, ама по ова што кажуваш мислам дека се вистинските. Те стега ли така на 30 секунди и после те пушта? Кога доаѓа следната болка пак? Ако ти рекла ќе потрае може бебе не е спуштено сеуште, може да се спуште секој момент, прати да не ти пукне водењакот, ако ти пукне одма на болница.
Незнам ни јас како да ги опишам, ме фати паника а одвај чекав да дојде време Од прилика траат 30 секунди па може и повеќе,но не се на исто време и не се зголемува болката. Ти благодарам на одговорот . Ќе видиме вечер како ќе биде за сега се издржува, ако има нешто болницата на 5 минути тука е
Мене такви болки ме држеа 12 сати и после почнаа да се појачуваат. Започнат ти е процесот, ама изгледа и тебе полека полека ти почнал пораѓајот исто како кај мене. Известувај за се.