Дали имате грчеви низ цел стомак, како цревата да се грчат,се чувствувам како стомачен вирус да имам, а веќе подолго време сум со такви болки. И грч во желудникот за кој пијам нолпаза. Од кои пробиотици сте задоволни
Мешиња задраво, Дали има начин да дознаеме кој лекар кој ден е во амбуланта на државна? Се мислам кај кој лекар да одам и за пораѓај се мислам кој доктор? Поздрав
Фала ти Мене малце и паника ме мава , ако се будалам , гледам има доста што и денови тераат и со прст отворени само , па тука мисли идат болкиве ако не почнат и да ми акнат провокација а исто да сум со слаби болки и не мн отворена , малце по јак интензитет ќе е се , па како ќе поднесам , ќе пиштам ќе вриштам Имам многу слободно време за филмови во умот да да знам
Имам стегање прејако неколку секунди и ќе ме пушти. Како сите најаки менструални болки што ги немам осетено овие 9 месеци да се здружиле и ми објавуваат војна Ако овие се лажните, колку се болни вистинските
Имам уште такви болки ама не се на ист интервал. Имам и кафеав исцедок ама докторката ме предупреди, ми кажа дека ќе имам зошто ме расчепка вагинално вчера и затворена сум. Утре ми е термин и сум на контрола. Преку ден се издржува ама ноќите ми се кошмар. Мислев болки ќе имам едни и ќе знам дека е време и ќе се заврши се сјајно и идеално Ама не било така тоа. Цело време читам разлика помеѓу лажни и вистински болки
Отидов сабајле кај матичната ради овие лажни контракции, се е во ред, дури и вагинално ме прегледуваше, нит сум отворена, нит цервиксот ми е скратен, ништо, а јас повремено си ги имам болките, оние лажни, глупави болки. Денски го терам денот, ама навечер ми е катастрофа, и за спиење и за се, ме болат и препони, и кичма, и доле ципите, едвај се поместувам, како слонче Уште малце остана, битно бебко си е супер
Следи ги и денес како ќе ти бидат може ке почнат на почести интервали и на помала временска разлика да те фаќаат а може и чепот да ти падне чим те гледала вагинално
И мене ми беше исто така вчера, баш пишував во труднички муабети, си се жалев денеска сега за сега е ок нема ништо... исто и јас 31+2
Мајки здраво и од мене.Иако ретко пишувам ги читам сите активни теми. Втора бременост 30+1 сум.Бебе високо ме стиска на желудник,имам отежнато дишење,навечер спиењето ми е веќе проблем.Место не ме фаќа Преку ден сум цел ден активна со синчето има 2 год. бара постојана игра,прошетки не оди во градинка па научен е со мама да прави се. Во оваа недела прв пат сум со намалено железо од почетокот на бременоста и почнав со тотема.Останато се е во ред.Бебе клоца мислиш секој момент ќе излезе од негде,меше цело ми се поместува. Ви посакувам на сите лесна бременост и чувајте се
Ништо од моите болки ,само ненормално ми испука стомакот за 1 ден и денес имам но многу поретко. Ќе си чекам Со лесно на сите, секој ден се поблиску сме да се запознаеме со бебе
исто втора бременост и тука негде сме со неделите 30+ сум .. и моево високо ме стиска на желудник ма каде не стиска кој знае што прави само се поместува се превртува не доле не горе многу е активно цел стомак ми се тресе . Со лесно мајка