И јас сум денес со така слаби болкички јас и ти сме два дена разлика со термин ќе си чекаме уште малце имаме .Само нека ни е со лесно
Колку ве прочитав тука со лажни болки, значи трето тромесечие сите со лажни, се погодија деновиве изгледа хаха, а може и до времето да е.
Па некогаш и вртење знае да заболи. Јас лажните во 8 9 месец не ги чувствував. Синко клоцаше јако, па тоа ми беше болно. Лажни имав 2 3 дена пред пораѓај.
Не да клоца.... со главчето е надоле свртен, и нозете горе, во ребра ме рита мислам дека, па ако ги искриви на страна лево во желудник, доле со рацете ако фати, како да гребе, не знам што прави. Иначе знае да биде болно тоа тегнење, од 30та недела навака е многу поголемо, и ептен се осеќа кај сите.
Zdravo mamicki Dali vo treto tromesecie moze da se vidi plodot ? Ili pa da davam krvna slika i da se vidi plodot?
И мене ми падна тоа на памет, ама па зошто крвна слика за да се види пол? Не постои такво нешто, не ми беше јасно пашањето..
Не се има убаво изјаснато членката, претпоставувам дека мисли на крв, а не конкретно на крвна слика. Преку крв се испитуваат хромозомски неправилности на плодот а со тоа испитување може и полот да се одреди, мислам дека на тоа мисли. Не знам како се викаат тие испитувања во Мк. Кај што живеам јас тие испитувања се прават во прво тромесечие од бременоста, детекција на три и четири хромозомски неправилности ги викаат.
Девојки висока седиментација 53, дали нешто страшно, незнам дали од тероидната бидејќи не ми е во нормала. Црп нормално
Девојки само што бев на преглед 38 недела ,ми кажаа намалена плодова вода не било ништо страшно ама ме исплашија ,има ли некоја искуство ?
Вие овде, во трето, ми давате неверојатна храброст и сила! Ако и самата сум лекар, не можам да ви објаснам кои борци сте... Кога и да се осетам безвезно, и ме навасаат грижи, милион мисли, болки, отварам овде и си викам ејјј како се носат жениве, секоја со своја приказна и сите силни... Браво, секоја чест мајки...
Дада јасно ми е што ми кажуваш, ама во трето тромесечие тек такви испитувања, ми беше чудно, а и крвна слика и овие хромозомски испитувања се скроз различна работа, затоа и не сфатив што конкретно прашува.
Да се пожалам и јас за позицијата и мавањето на бебе може? Кај мене па обратно доле е со нозете и лом ме прави некои моменти, среќа не е толку активна да речам 24/7 ама знае на моменти нокаут да ми даде. Се надевам ќе се сврти до пораѓај. Преку ден супер ми е , навечер почнуваат маките, позиција додека најдам за спиење па вртењето тешко оди... Вчера и денес прв пат осетив и некои како слаби менструални болки на моменти, не спрема телово полека изгледа за главниот чин.
Секоја по 20-30 секунди трае, на еден саат по 4-5 контракции имам. Ми се грчи и стомак и кичма а бебе ептен ниско го осеќам и мрда. Се напив магнезиум а ми кажа докторката да ги прекинам ама не можам, стварно се јаки болки.